Резултати од пребарување
6422 results found with an empty search
Објави (1189)
- Концерт на „Загушљиви дим“ и „Improof“ во Котур
Експериментален рок и жива импровизација во кафе-киното Котур, со гости од Хрватска и активна улога на публиката. Во вторник, 10 февруари, кафе-киното Котур ќе биде домаќин на концертна вечер посветена на експерименталната и импровизаторска музика. На сцената ќе настапи хрватскиот бенд Загушљиви дим , придружени од македонскиот импровизаторски состав Improof . Концертот започнува во 21 часот, а влезницата чини 300 денари. „Загушљиви дим“ е power трио од Чаковец, Хрватска, чиј звук се движи меѓу пост-рок, психоделија и прогресивен рок, споени во густ, инструментален израз. Своите настапи ги опишуваат како мантрични музички патувања насочени кон истражување на чудесното, морничавото и непознатото, но и на она што на прв поглед ни делува познато. Во изминатите години бендот активно настапува низ Балканот, а минатата година свиреа и во Загреб со македонскиот состав Луфтанза . Вечерта ќе ја отвори „Improof“, импровизаторската страна на македонскиот алхемичарски состав Алембик . Нивните настапи се интерактивни и се базираат на извлекување карти од шпилот Oblique Strategies на Брајан Ино , кои содржат кратки и апстрактни музички насоки. Врз основа на извлечената инструкција, бендот гради музички сегменти во самиот момент, оставајќи простор и публиката активно да учествува во процесот и во звучното искуство што се создава пред нив. Концертот е во организација на независната музичка издавачка куќа Мртов коњ , која веќе подолг период е еден од клучните двигатели на независната музичка сцена во Македонија. Преку организација на концерти, турнеи и издавачка дејност, „Мртов коњ“ стои зад промоцијата и дистрибуцијата на изданија од бендови како Корка , Кем , Големата вода , Алембик и многу други.
- Зајакот бегалец
Бед Бани го освои светот. Ова лето се врати дома. Автор: Келефа Санех 15 септември 2025 Во 2016 година, еден заводлив ремикс на песната „Diles“ почна да пулсира низ стриминг-платформи и ноќни клубови. Во неа настапуваа неколку порторикански изведувачи, но главниот беше нов хитмејкер со смешно име и сериозен глас: Бед Бани( Bad bunny). Неговото вистинско име е Бенито Антонио Мартинес Окасио; уметничкото име, како што подоцна дознаа обожавателите, било инспирирано од фотографија од детството на која тој намуртен стои облечен во костим на зајак. Гласот му беше тажен и елегантен: пееше (а понекогаш и рапуваше) со некоја рамна, речиси литургиска сериозност - дури и кога ритамот и текстот сугерираа разиграност, што често се случуваше. „Diles“ значи „кажи им“, а во песната Бед Бани ја поттикнува една жена да им каже на нејзините пријателки колку добро се однесувал со неа. „Dice que le gusta hacerlo con mis temas de trap“, пее тој: „Вели дека сака да го прави тоа на моите трап песни.“ Тоа беше и сексуална и музичка фалба. Новиот стил наречен латино-трап беше во подем во Порторико, и Бед Бани се самопрогласуваше за еден од неговите најсилни гласови. Девет години подоцна, јасно е дека Бед Бани имал причина за својата нескромност - барем кога станува збор за музиката. Со шест одлични соло-албуми, тој прво се утврди како најголемиот успех на латино-трап сцената, а потоа како нешто сосема друго: стилски и непредвидлив ѕвезден феномен без вистински претходник или ривал. Можно е да е најпопуларниот пејач на шпански јазик во историјата, а веројатно и најважниот музичар на светот во моментов - личноста кон која идните генерации ќе посочуваат кога ќе зборуваат како звучеле раните дваесетти години од овој век. („Un Verano sin Ti“ од 2022 е најслушаниот албум во историјата на Spotify, а минатиот месец една негова песна стана првата од 2025 што достигнала милијарда слушања на платформата.) Настапуваше како професионален борач (WrestleMania 37), глумеше во филмови („Bullet Train“, „Happy Gilmore 2“, „Caught Stealing“), беше во врска со Кардашијан (Кендал Џенер) и соработуваше со модни брендови (Adidas, Calvin Klein). Но една од тајните на неговиот успех е токму тоа што колку повеќе расте, толку повеќе изгледа како да не си заминал од дома. Ова лето беше токму таму: во Порторико, со резиденција од триесет концерти во најголемата сала на островот: Колосеумот „Хосе Мигел Агрелот“, со капацитет од речиси дваесет илјади луѓе. Во една врела, дождлива августовска сабота, додека ураганот Ерин беснееше во близина, концертот почна со десетици танчери и тапанари во традиционални порторикански носии. Бед Бани се појави во нешто помалку традиционално: крзнена капа, како да штотуку пристигнал од некое студено место и му е мило што е повторно дома. Настанот беше прослава, но и со нијанса на тага. Резиденцијата се вика „No Me Quiero Ir de Aquí“ („Не сакам да си одам одовде“) , фраза што често ја користат славни кои премногу патуваат. (Во еден од претходните албуми, Бед Бани му се подбива на непознат ривал со стихот: „Никој не те знае, ни во твоето маало / Вчера бев со Леброн, и со ДиКаприо.“) Во оваа сала, „овде“ беше на два начина: главната сцена, обвиена со зеленило и магла, потсетуваше на нераспоседнат рид, а во задниот дел имаше ниска розова куќичка како место за дивa домашна забава. Додека ја изведуваше грмогласната „Safaera“, Бед Бани пееше од покривот на куќичката, а еден од гостите под него танцуваше толку жестоко со украсно растение што изгледаше како да се обидува да го оплоди. Двете сцени го симболизираа двојниот импулс на неговиот најнов албум „DeBÍ TiRAR MáS FOToS“ („Требаше да сликам повеќе“), кој ги спојува најсовремените тракови со влијанија од салса и други постари порторикански стилови. Кога се искачи на „вештачкиот рид“ за да ја отпее „PIToRRO DE COCO“, омаж за домашната музика и домашното пијалче, го придружуваше четирижична гитара куатро, типична за џибаро музиката, а тој држеше тегла што изгледаше како вистинскиот самогон од песната. Неговиот воздржан стил прави неговите рефрени уште позаразни, и маестрално ја користи контрадикцијата помеѓу мирниот глас и бучната енергија на музиката. Целата вечер изгледаше како да создава сопствен микроклимат барем петнаесет степени постуден од сите во салата. Можеби затоа и ја носеше капата. Пред латино-трапот, Порторико беше опседнат со регетон разметлив стил со стакато ритам наречен дембо, потекнат од џамјанскиот денсхол. (Името доаѓа од песната „Dem Bow“ на Шаба Ренкс од 1990.) Во 2000-тите, експлозијата на регетон ги направи ѕвезди Деди Јенки и Дон Омар, кои беа и ривали. Латино-трапот, инспириран од јужниот американски хип-хоп, беше поспор, потемелен и попроменлив. Во почетоците се поврзуваше со секс и насилство; неколку месеци пред ремиксот на „Diles“, Ануел АА, еден од пионерите на движењето, беше уапсен и осуден на две и пол години затвор поради нелегално поседување оружје. Бед Бани ги спои двата жанра, но со интроспективен пристап: во „Soy Peor“ („Полош сум“), песната што го направи ѕвезда, зборува дека купил пиштол само за да го „убие Купидон“ и да му се одмазди за скршеното срце. Од почеток, Бед Бани негувал боемски имиџ; повеќето фанови не се изненадија кога во видеото за „Estamos Bien“ (2018) покажа нокти насликани во светло сина боја. Подоцна стана и политички активист го носи светлосиниот Порторикански знаме што го симболизира движењето за независност и јавно ја критикува владејачката Нова Прогресивна Партија (П.Н.П.), која поддржува државност. П.Н.П. беше на власт во 2017, кога ураганот Марија одзеде речиси три илјади животи и предизвика месеци без струја. (Во 2022 ја објави „El Apagón“ – „Прекин на струја“, гневна и горда химна на порториканскиот идентитет.) Минатата година финансираше дигитални билборди со пораки како „votar pnp es votar por la corrupción“ („да гласаш за П.Н.П. значи да гласаш за корупција“). Единствената сцена што сè уште не ја освоил е политиката: есента, кандидатката на П.Н.П. Џенифер Гонзалес-Колон стана гувернерка на Порторико. Таа одби да присуствува на концертите, иако призна дека резиденцијата е „голема можност“ за островот бидејќи привлече туристи од целиот свет. Токму туризмот беше една од темите на вечерта. Првите девет концерти беа продадени лично и исклучиво за локалци, но подоцнежните билети ги купија и посетители, што го преполнија Сан Хуан и дури придонесоа за економски раст Moody’s објави мало подобрување на прогнозата, нарекувајќи го „ефектот на Бед Бани“. Во арената се слушаа американски акценти; публиката доби приврзоци со светлечки камери симбол на албумот, но и знак дека сите сме туристи. На сетлистата беа и „TURiSTA“ меланхолична балада за љубовник кој сака да ги види само забавните делови од неговиот живот и „LO QUE LE PASÓ A HAWAii“, предупредување со рефрен: „Не сакам да ти го направат истото што ѝ го направија на Хаваи.“ По мрачниот момент, повика салса оркестар што ја претвори меланхолијата во славење. До „DtMF“, главниот рефрен веќе се претопи во празнична исповед: „Требаше да сликам повеќе кога те имав / требаше да те гушкам и бакнувам повеќе, кога можев.“ Неколку локалци плачеа. Следното утро, Бед Бани ретвитна вест дека ветерот од ураганот Ерин оставил без струја 150.000 домови. Бед Бани имаше среќа што кариерата ја започна токму кога интересот за латино музика нагло растеше: во 2017, само неколку месеци по „Diles“, Луис Фонси го објави „Despacito“ со Деди Јенки светски хит што покажа дека публиката во САД е подготвена да пее и на шпански. Истовремено, стримингот го обедини глобалниот аудиториум и потсети дека англофоните се малцинство. Бед Бани понекогаш се оддалечуваше од традиционалното порториканско звучење неговиот прв албум „X 100PRE“ (2018) содржи емо-трап песна со електрична гитара. Денес се враќа кон корените, и на сцената во Колосеумот изгледаше и изненаден и возбуден што се „преродил“ како салса пејач со пола работно време. За време на резиденцијата, ја полнеше својата „касита“ со гости од Порторико и целиот континент, претворајќи ја арената во културен центар на Америка. Таа августовска вечер таму беа Џон Хем, комичарот Рејмонд Ариета, пејачите Беки Џи и Иван Корнехо, и регетон-ѕвездата Де ла Гето. Благодарение на Бед Бани, порториканската музика денес е глобален феномен: неговото влијание се слуша во песните на шпанецот Кеведо, на чилеанецот Крис МЈ, и на колумбиецот Бееле, чиј нов албум „BORONDO“ се инспирира од Сан Хуан, Кингстон, Лагос и понатаму. Но во моментов, сета таа музика не звучи како конкуренција туку како доказ дека наследството на Бед Бани сè уште расте, и дека неговата ера не е завршена. ♦︎
- Отворен повик за учество на 58. Светска галерија на карикатури – Скопје 2026
ОСТЕН го објави јавниот повик за учество на 58. Светска галерија на карикатури – Скопје 2026, со краен рок за пријавување и пристигнување на делата до 31 мај 2026 година. ОСТЕН – Светска галерија на карикатури го објави јавниот повик за учество на 58. Светска галерија на карикатури – Скопје 2026, која и оваа година ќе ги собере карикатуристите од целиот свет. Крајниот рок за пријавување и пристигнување на делата е 31 мај 2026 година. Пријавувањето се врши со пополнување на официјален формулар (електронски или рачно), кој заедно со фотографија, кратка биографија и дигитални репродукции од делата треба да се испрати на е-поштата cartoons@osten.com.mk . Истите дела, без разлика дали се оригинални или дигитални, отпечатени, нумерирани и потпишани, задолжително треба да се испратат и по пошта, заедно со отпечатен и потпишан формулар, на адресата на ОСТЕН во Скопје, со назнака дека немаат комерцијална вредност и се наменети исклучиво за изложба. На задната страна од секое дело потребно е јасно да се наведат името на авторот, земјата и насловот на делото. Организацијата на 58. издание на Светската галерија на карикатури ќе се одвива во четири фази: апликација до крајот на мај 2026 година, селекција и објава на селектираните автори во јуни, жирирање и објава на финалистите во периодот јули–август, како и објава на наградените карикатуристи во септември 2026 година. Официјалната изложба и свеченото доделување на наградите се планирани за ноември и декември 2026 година во Скопје. Годинава повторно е предвиден и меѓународен награден фонд. Ќе биде доделено Гран при за животно остварување, како и прва и втора награда, пет трети и пет посебни награди. Дополнително, ќе биде доделена и наградата „Цицо“ за македонски карикатурист, востановена во чест на Василије Поповиќ – Цицо. Како да се пријавите За редовно пријавување, апликантите треба да: пополнат формулар за пријавување (електронски или рачно) и да го испратат по е-пошта на cartoons@osten.com.mk , заедно со фотографија, кратка биографија и дигитални слики од пријавените дела; истите дела, без разлика дали се оригинални или дигитални (отпечатени, нумерирани и потпишани), да ги испратат и по пошта, заедно со отпечатен и потпишан формулар, на адресата: ОСТЕН – Светска галерија на карикатури, „8-ма Ударна бригада“ 2, 1000 Скопје, со назнака: Без комерцијална вредност – само за изложба; на задната страна од секое дело јасно да го наведат своето име, земјата и насловот на делото. Фази и рокови Процесот на организација на 58. СГК Скопје 2026 ќе се одвива во четири фази: апликација – до 31 мај 2026 селекција и објава на селектирани автори – јуни 2026 жирирање и објава на финалисти – јули–август 2026 објава на наградените карикатуристи – септември 2026 Официјалната изложба и доделувањето на наградите ќе се одржат во ноември–декември 2026 година во Скопје. Награди Галеријата предвидува значаен награден фонд: Гран при за животно остварување – 1500 долари и скулптура (одлука на амбасадорите на ОСТЕН) Прва награда – 1000 долари и плакета Втора награда – 500 долари и плакета Пет трети награди – плакети Пет посебни награди – плакети Награда „Цицо“ за македонски карикатурист – плакета, во чест на Василије Поповиќ – Цицо Формуларот за пријавување може да се преземе онлајн, а организаторите ги охрабруваат авторите да ја споделат информацијата со своите колеги и пријатели. Повеќе детали се достапни на www.osten.mk , како и преку контакт-мејлот cartoons@osten.com.mk .
Страници (5233)
- Brain tease: дивјачки посветени!
Diva Misla е платформа за култура на живеење, женски гласови и урбан активизам – со критички текстови, интервјуа и визуелни приказни од независната сцена. Деновиве на Дива 1 2 3 4 5 Б Р З И ВЕСТИ Snoop Dogg со детска песна во поддршка на LGBTQ+ заедницата 5 days ago Кевин Федерлајн тврди дека Бритни Спирс користела кокаин додека го доела нивното бебе 5 days ago Паф Деди осуден на четири години затвор Oct 7 КУЛТУРА НА ЖИВОТ Дали е рано да ги собереме цвеќињата од дворот? Како да ги спасиме сарделите? Брз водич за преживување на растенијата под африканскиот бран Зошто мојата бугенвилија не цвета? Најчести причини и решенија ПОТКАСТ ЛЕКТИРА видео Fashion Neurosis со Courtney Love: разговор за стилот како исповед Sep 1 Тужбата на Макрон за Кендис Овенс каде завршува слободата на говор? Jul 23 Njuz.net: Српскиот сатиричен портал со гостување во Скопје Apr 17 Heaven (1987) документарниот филм на Дајен Китон и прашањето што никогаш не мирува Што е рајот? Филмот ,,Рај” (Heaven) е неочекувано интимно и чудно дело на актерката и режисерката Дајен Китон снимено во форма што стои некаде меѓу документарец, видео-есеј и визуелна архива на човечки соништа. Со прашањето „Што мислите, како изгледа рајот?“ таа му се обраќа на низа луѓе млади, стари, верници, скептици, комичари, мистици…. Камерата ги фаќа нивните лица додека одговараат со сериозност, иронија или детска наивност, додека зад нив се вртат архивски фрагменти од Екологија на тишината: човекот што садеше дрвја Анимираниот филм зборува за она што често го забораваме во време на избори: дека вистинските градители не ветуваат, туку засадуваат. ABC ја суспендира „Jimmy Kimmel Live!“ поради контроверзни коментари околу убивањето на Чарли Кирк Од 17 септември 2025 година, мрежата ABC повлече од емитување до понатамошно известување своето популарно ноќното шоу „Jimmy Kimmel... 1 2 3 4 5 УВИД КУЛ ГЕНЕРАТОР Минијатурна слика на Пикасо мистериозно исчезна во Шпанија Увид Лувр во шок – историски накити украдени за само седум минути Увид Зајакот беагалец Увид Дајен Китон, гласот на ексцентричната женственост што го промени Холивуд Увид Објавен потесниот избор за регионалната книжевна награда „Штефица Цвек“ 2025 Увид „Штефица Цвек“ 2025: Објавување на финалниот избор во Подгорица за време на Неделата на гордоста Увид Што значи признавањето на палестинска држава? Увид DAFT PUNK: 20 години подоцна, „Human After All“ се враќа на винил- и можеби нешто повеќе Дваесет години по излегувањето на нивниот најконтроверзен и најсиров албум, Daft Punk повторно нè враќаат во електричниот свет на Human After All , овојпат со ремикс издание на винил за првпат во историјата. Француското дуо, кое ја дефинираше модерната електронска култура пред да исчезне во тишината на 2021, го слави јубилејот со лимитирано 2xLP gatefold издание на Human After All Remixes, кое излегува на 28 ноември. Плочата е реминисценција на една ера кога клубовите пулсира „Акреа“ Кога везот зборува – модата како акт на културна ревитализација Дизајнерката Анета Трпчевска преку брендот „Акреа“ гради мост помеѓу етничките кодови и современата мода Повик до сите велосипедисти: „Ало 091, критично е!“ – Време е за 91-та Критична маса во Скопје Ало Скопје, критично е! За да се создаде „Портрет на модерниот денди“, Мет ангажираше суперѕвезда 29-годишниот моден фотограф Тајлер Мичел имаше свои идеи за тоа како да го изведе каталогот за пролетната изложба на Метрополитен музејот. Градинарство (37) 37 posts Поткаст лектира (30) 30 posts хип-хоп (23) 23 posts Фотографија (23) 23 posts Феминизам (21) 21 post Ин мемориам (20) 20 posts Оскари (20) 20 posts Поткаст (20) 20 posts Украина (19) 19 posts Градина (19) 19 posts КСП Центар Јадро (19) 19 posts КИЦ (17) 17 posts Кендрик Ламар (15) 15 posts Интервју (14) 14 posts ЛГБТ+ (14) 14 posts изложба (14) 14 posts Kanye West (14) 14 posts Сезона на награди '24 (12) 12 posts Оскари '22 (12) 12 posts Поезија (11) 11 posts Мирко Попов (10) 10 posts Мода (10) 10 posts Филм (10) 10 posts Drake (9) 9 posts Активизам (9) 9 posts АРТИВИЗАМ Amy Sherald ја повлекува својата изложба од Националната галерија на портрети на Смитсонијан поради страв од цензура Том Јорк го прекинува молкот за Палестина: „Да ги пополнам празнините“ Започнува „Викенд на гордоста – Скопје 2025“: Југоквир во фокусот со изложба за панкот и симпозиум за квир култура Пловечки универзитет од Берлин инспирираше со предавање за урбан активизам во Скопје ГРАДИНА Дали е рано да ги собереме цвеќињата од дворот? Пет насоки за есенска промена во градината Во групите за градинарство овие денови често се поставува истото прашање — дали е време да се... За Светскиот ден на мачките: средба со нашите незабележителни учители Мачката како културен и интимен феномен Дали еден ден е доволен за да се прослави биолошката и симболичка разновидност на мачките? Или... Како да ги спасиме сарделите? Брз водич за преживување на растенијата под африканскиот бран Градинарење во климатска криза Во групата „Дворчето“, каде што луѓето си помагаат со совети за растенија како со рецепти за зимница, се... Како да го разладиме домот без клима? Мал прирачник за преживување во време на 42°C и спарни тропски ноќи Во екот на жешкиот афрички бран кој оваа недела ќе кулминира со... Е-ФОЛК Дали Маргарет Мид мислела дека излекуваната бутна коска е најраниот знак на цивилизација? Народот против Марк Закерберг - Мета е на „жешкото столче“ „Пукни го балонот во живо“ се сели на Netflix ДЕНОВИВЕ НИЗ ГРАД ЗРНО – изложба на благородни процеси и живи фотографии 20 hours ago Во Салон 19:19 — магијата оживува со „Оки Железо и магичното сечило“ на Елена Бошбож 5 days ago Премиера на „Молкот на Марија Магдалена“ – театарска претстава за трговијата со луѓе Oct 14 Поетроника за млади во Public Room: поезија со пулс на електроника Oct 10 Перформанс Платформа фестивал (ППф) 2025 – октомври/ноември: телото како простор на трансформација Oct 8 Тасос Стаму: звуци на носталгијата и електронската тишина Oct 5 Ретроспектива на Александар Кондев: изложба на фотографии што ја одбележаа македонската уметност Oct 1 Утре започнува јубилејниот 20-ти АКТО фестивал за современи уметности Oct 1 Амплидајн Ефект со соло концерт на импровизирана амбиентална музика во Скопје Sep 24 „Жена инспирација“ – изложба на Весна Ничевска во КИЦ Скопје Sep 18 „Везилка“ – изложба на Јана Јакимовска во КИЦ Скопје Sep 17 „Празно саќе“: скулптурите на Маргарита Симовска во КИЦ – Скопје Sep 16 „Култура Бета“ со ново издание на „Поетска епизода“ на фестивалот „Комшилук“ во Побожје Sep 13 „Поглед кон далечина обоена сино“ - самостојна изложба на Дарко Алексовски во КСП Центар Јадро, Скопје Sep 13 Антивикенд програма на „Мртов коњ“: пет дена концерти, експерименти и светски гости Sep 5 „Штефица Цвек“ 2025: Објавување на финалниот избор во Подгорица за време на Неделата на гордоста Финалниот избор на регионалната книжевна награда „Штефица Цвек“ ќе биде објавен вечерва во Подгорица. Вечерва, на 3 октомври 2025 година,... Нина Симон беше радикална Нина Симон често се памети по нејзиниот ангажман во движењето за граѓански права. Но, беше ангажирана и во социјализмот. Деновиве низ вселената? Blue Origin ги лансираше првите исклучиво женски вселенски туристи Приватната вселенска компанија на Џеф Безос, Blue Origin, лансираше шест познати жени во вселената. Компанијата го документираше настанот... Немиот спектакл на Бјанка Сензори Авторка: Наоми Фрај; 31 август 2024 илустрација: Ричард Ченс; Ќе бидам искрена: ги обожавам славните личности. Сакам да размислувам за... Изложба „Не си одам дома“: Крикот на Клелија Живковиќ во галеријата „Мала станица“ Угнетувањето на нашата планета и на нашите тела се иста приказна. Расткајувањето на светот што умира може да се случи само со љубов и грижа. Најава на конкурс: „Кое е твоето чудо?!“ - Прикажи ја својата визија за родова еднаквост преку стрип Поддржете ја родовата еднаквост и квир правата преку вашето уметничко дело и покажете ни кое е вашето чудо! Познатата слика на Курбе беше цел на #MeToo протест во Помпиду центарот Во смела и контроверзна акција која предизвика понатамошни дискусии за уметничкиот израз и феминистички активизам, уметницата од Франција... „Дума ин Сума“: новите бајки за македонските хероини Прочитајте ја бајката „Дождовна бура“ на Лара и Мила, каде главната хероина е Мара Нацева - Анка. Невидените страни на Франческа Вудман Имаме нова рубрика : Муабети на диво: за што зборувавме кога зборувавме на „Брза кучка“ и ја отпочнуваме со есејот на Крис Вајли кој е објав Преиспитување на бајките преку очите на феминизмот: изложбата „Неименувана“ Во едно светло поинакво од вообичаеното, некаде меѓу приказните и реалноста, отворена е изложбата „Неименувана“ во КСП Центар Јадро. Но... Дива е посветена на приказните кои се месото на животот. Домашната независна култура е жедна и гладна и тука сме да и́ понудиме простор во кој може да се одомаќини. Дива е на сите. Најновиот елемент е поткаст Брза кучка, со Дива Лига од една страна а гости кои работат литература, музика, визуелни уметности, науки, живот како уметност од другата. Со институцијата, ритуалот разговор, се обидуваме да дознаеме како да стигнеме на место каде ќе бидеме среќни, и како изгледа активизмот кој ќе го постигне тоа. грррр.
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура
- Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png
независна релевантна култура





