Отворен повик за учество на 58. Светска галерија на карикатури – Скопје 2026
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- 2 hours ago
- 2 min read
ОСТЕН го објави јавниот повик за учество на 58. Светска галерија на карикатури – Скопје 2026, со краен рок за пријавување и пристигнување на делата до 31 мај 2026 година.

ОСТЕН – Светска галерија на карикатури го објави јавниот повик за учество на 58. Светска галерија на карикатури – Скопје 2026, која и оваа година ќе ги собере карикатуристите од целиот свет. Крајниот рок за пријавување и пристигнување на делата е 31 мај 2026 година.
Пријавувањето се врши со пополнување на официјален формулар (електронски или рачно), кој заедно со фотографија, кратка биографија и дигитални репродукции од делата треба да се испрати на е-поштата cartoons@osten.com.mk. Истите дела, без разлика дали се оригинални или дигитални, отпечатени, нумерирани и потпишани, задолжително треба да се испратат и по пошта, заедно со отпечатен и потпишан формулар, на адресата на ОСТЕН во Скопје, со назнака дека немаат комерцијална вредност и се наменети исклучиво за изложба. На задната страна од секое дело потребно е јасно да се наведат името на авторот, земјата и насловот на делото.
Организацијата на 58. издание на Светската галерија на карикатури ќе се одвива во четири фази: апликација до крајот на мај 2026 година, селекција и објава на селектираните автори во јуни, жирирање и објава на финалистите во периодот јули–август, како и објава на наградените карикатуристи во септември 2026 година. Официјалната изложба и свеченото доделување на наградите се планирани за ноември и декември 2026 година во Скопје.
Годинава повторно е предвиден и меѓународен награден фонд. Ќе биде доделено Гран при за животно остварување, како и прва и втора награда, пет трети и пет посебни награди. Дополнително, ќе биде доделена и наградата „Цицо“ за македонски карикатурист, востановена во чест на Василије Поповиќ – Цицо.
Како да се пријавите
За редовно пријавување, апликантите треба да:
пополнат формулар за пријавување (електронски или рачно) и да го испратат по е-пошта на cartoons@osten.com.mk, заедно со фотографија, кратка биографија и дигитални слики од пријавените дела;
истите дела, без разлика дали се оригинални или дигитални (отпечатени, нумерирани и потпишани), да ги испратат и по пошта, заедно со отпечатен и потпишан формулар, на адресата:
ОСТЕН – Светска галерија на карикатури, „8-ма Ударна бригада“ 2, 1000 Скопје,
со назнака: Без комерцијална вредност – само за изложба;
на задната страна од секое дело јасно да го наведат своето име, земјата и насловот на делото.
Фази и рокови
Процесот на организација на 58. СГК Скопје 2026 ќе се одвива во четири фази:
апликација – до 31 мај 2026
селекција и објава на селектирани автори – јуни 2026
жирирање и објава на финалисти – јули–август 2026
објава на наградените карикатуристи – септември 2026
Официјалната изложба и доделувањето на наградите ќе се одржат во ноември–декември 2026 година во Скопје.
Награди
Галеријата предвидува значаен награден фонд:
Гран при за животно остварување – 1500 долари и скулптура (одлука на амбасадорите на ОСТЕН)
Прва награда – 1000 долари и плакета
Втора награда – 500 долари и плакета
Пет трети награди – плакети
Пет посебни награди – плакети
Награда „Цицо“ за македонски карикатурист – плакета, во чест на Василије Поповиќ – Цицо
Формуларот за пријавување може да се преземе онлајн, а организаторите ги охрабруваат авторите да ја споделат информацијата со своите колеги и пријатели. Повеќе детали се достапни на www.osten.mk, како и преку контакт-мејлот cartoons@osten.com.mk.





Comments