top of page

Концерт на „Загушљиви дим“ и „Improof“ во Котур

Експериментален рок и жива импровизација во кафе-киното Котур, со гости од Хрватска и активна улога на публиката.



Во вторник, 10 февруари, кафе-киното Котур ќе биде домаќин на концертна вечер посветена на експерименталната и импровизаторска музика. На сцената ќе настапи хрватскиот бенд Загушљиви дим, придружени од македонскиот импровизаторски состав Improof.


Концертот започнува во 21 часот, а влезницата чини 300 денари.

„Загушљиви дим“ е power трио од Чаковец, Хрватска, чиј звук се движи меѓу пост-рок, психоделија и прогресивен рок, споени во густ, инструментален израз. Своите настапи ги опишуваат како мантрични музички патувања насочени кон истражување на чудесното, морничавото и непознатото, но и на она што на прв поглед ни делува познато. Во изминатите години бендот активно настапува низ Балканот, а минатата година свиреа и во Загреб со македонскиот состав Луфтанза.

Вечерта ќе ја отвори „Improof“, импровизаторската страна на македонскиот алхемичарски состав Алембик. Нивните настапи се интерактивни и се базираат на извлекување карти од шпилот Oblique Strategies на Брајан Ино, кои содржат кратки и апстрактни музички насоки. Врз основа на извлечената инструкција, бендот гради музички сегменти во самиот момент, оставајќи простор и публиката активно да учествува во процесот и во звучното искуство што се создава пред нив.

Концертот е во организација на независната музичка издавачка куќа Мртов коњ, која веќе подолг период е еден од клучните двигатели на независната музичка сцена во Македонија. Преку организација на концерти, турнеи и издавачка дејност, „Мртов коњ“ стои зад промоцијата и дистрибуцијата на изданија од бендови како Корка, Кем, Големата вода, Алембик и многу други.





Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page