Аудио адаптацијата на '1984' со Ендру Гарфилд, Синтија Ериво и Том Харди пристигнува на Audible
top of page

Аудио адаптацијата на '1984' со Ендру Гарфилд, Синтија Ериво и Том Харди пристигнува на Audible

Аудиодрама со екипа од глумци од А-листа!

11 апр. 2024 г.

Класичното дистописко дело на Џорџ Орвел, „1984“, доби  нова,  (исклучиво) аудио преработка од Audible.


Аудиодрамата која беше нетрпеливо очекувана (се кладиме дека е нешто што не сте го слушнале долго време, ако и воопшто), ја има големата филмска ѕвезда Ендру Гарфилд во улогата на Винстон, заедно со Синтија Ериво која ќе ја толкува улогата на Јулија.



Нив им се придружуваат и Том Харди, кој ќе го позајми гласот на Големиот Брат, и Ендру Скот, кој е во улогата на загадочниот и опасниот О'Брајен.


Audible е водечка платформа за производство и дистрибуција на аудиокниги, поткасти и аудио предавања, која нуди огромен избор на содржини за своите претплатници.

Оваа адаптација на „1984“ претставува несекојдневна можност  за љубителите на книгите и аудио драмите да уживаат во едно од најзначајните дела на 20 век, преработено и доживеано преку моќта на звукот и гласот и тоа од холивудски и бродвејски суперѕвезди.


Актерската екипа е исклучителна, со Гарфилд, познат по филмовите „Tick, Tick...Boom!“, „The Amazing Spider-Man“, и Ериво, позната по своите улоги во „Wicked“ и „Harriet“. Тие се придружени од високо ценетиот Том Харди, како и  Ендру Скот(„Fleabag“). Според изјавите на Audible и познавачите на Орвел, оваа адаптација го следи оригиналниот текст, истовремено истражувајќи ја длабочината на љубовната приказна меѓу Винстон и Јулија во еден свет каде љубовта и сексот се забранети.


Режијата е под палката на наградуваната Дестини Екарага, додека сценариото е напишано од Џо Вајт. Музиката е поверена на Ешкери и Белами (Muse). Премиерата на аудио драмата "1984" на Audible беше на 4-ти април, 2024 година, точно 40 години откако Винстон започнал да го води својот дневник, што ја зголемува симболичноста на ова издание. Првиот месец на претплатата на Audible е бесплатен и доаѓа со една бесплатна книга. 

 







bottom of page