top of page

Ајла Фишер и Саша Барон Коен се разведуваат после 20 години брак

„По долг тениски меч кој траеше повеќе од дваесет години, конечно ги спуштаме нашите рeкети“

9 апр. 2024 г.

 

Познатиот холивудски пар, Ајла Фишер и Саша Барон Коен, најавија дека нивниот брак завршува. Во петокот, тие на своите Инстаграм профили објавија вест за нивниот развод. Во нивната објава, Фишер и Коен поставија фотографија на која се во тениска опрема, со придружен текст кој ги објаснува нивните разлики. Според објавата, тие поднеле барање за развод минатата година, но сакале да ја тераат својата ситуација приватно.



„По долг тениски меч кој траеше повеќе од дваесет години, конечно ги спуштаме нашите рeкети,“ стоеше во објавата. „Во 2023 поднесовме заедничко барање за прекин на нашиот брак. Секогаш сме ја ставале приватноста на прво место и тивко работевме на оваа промена. Засекогаш ќе ја делиме нашата посветеност и љубов кон нашите деца. Искрено ве молиме да ја почитувате нашата желба за приватност на семејството.“




Поранешниот пар се венчаше во март 2010 година и има три деца заедно. Се запознаа во 2001 година во Сиднеј, Австралија, пред да се верат во 2004. Нивното прво дете го добија во 2007 година. Во разговор за The New York Times, Коен откри како се запознале, велејќи дека тој знаел дека таа е таа веднаш штом ја видел.


„Таа беше неверојатно смешна. На една многу претенциозна забава, јас и таа се поврзавме преку потсмевањето на другите луѓе на забавата," рече Барон Коен за The New York Times. "Веднаш знаев. Не знам дали и таа тоа го чувствуваше.“



Саша Барон Коен е познат британски комичар, актер и сценарист, кој се прослави со креирањето на иконични ликови во комедијата како што се ликовите Али Џи, Борат, Бруно и Адмирал Џенерал Алдид. Неговите перформанси често се карактеризираат со сатиричен приод и социјална критика, а неговите филмови и ТВ емисии имаат големо влијание врз поп културата и комедијата.



Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page