top of page

Ајс Спајс како глумица во филм на Спајк Ли

Ајс Спајс ја има својата прва филмска улога наспроти Дензел Вашингтон во новиот филм на Спајк Ли „Високо и Ниско“ (High And Low)

11 апр. 2024 г.



ree

Повеќето од нас дознавме за раперката Ајс Спајс откако Дрејк ја извлече од анонимност со дис на неговиот албум од 2022, Her Loss: “She a ten tryna rap, it’s good on mute, yeah.” (Таа е десетка покушава да рапува/добро е со исклучен звук).


Од тогаш до сега доста работи се сменија, а колку многу покажива следната вест: таа наскоро ќе го направи своето актерско деби и тоа ни помалку ни повеќе туку наспроти - Дензел Вашингтон во претстојниот филм на Спајк Ли. Според   „Variety“, Ајс Спајс веќе започнала со снимање на своите сцени за филмот, чии детали за улогата засега се чуваат во тајност. Филмот, наречен „Високо и Ниско“, претставува  преработка и реинтерпретација на криминалната драма на Акира Куросава со истото име од 1963 година.



Оригиналниот филм се базира на романот „King’s Ransom“ на Ед Мекбејн и во него главната улога ја толкува Тоширо Мифуне како богат човек кој мора да плати откуп за синот на својот вработен, кој бил киднапиран.



Во преработката на „Високо и Ниско“, што ќе се прикажува во кино салите, пред да се префрли на стриминг платоформа- на Apple TV+, датумите за  кинематографската премиера и за стриминг сервисот сè уште не се објавени.



Верзијата на филмот „Високо и Ниско“ на Спајк Ли ќе биде неговата петта соработка со Дензел Вашингтон. Нивната претходна работа заедно ја вклучува „Mo’ Better Blues“ од 1990 година, „Malcom X“ од 1992 година, „He Got Game“ од 1998 година и „Inside Man“ од 2006 година.





Ајс Спајс е американска раперка од Бронкс, Њујорк, која стана позната со својот хит сингл „Munch (Feelin’ U)“ кој го освои интернетот и стриминг платформите во 2022 година. Нејзиниот брз успех и уникатен стил бргу ја натераа да стане едно од најистакнатите нови имиња на музичката сцена.




Спајк Ли е истакнат американски режисер, продуцент, сценарист и актер, познат по своето ангажирано филмско творештво во кој често се фокусира на расни и социјални прашања. Некои од неговите најпознати филмови вклучуваат „Do the Right Thing“ (1989) и „BlacKkKlansman“ (2018), за кој доби Оскар за најдобар адаптиран сценарио. Спајк Ли е еден од највлијателните афроамерикански филмски создавачи и чест соработник со актерот Дензел Вашингтон.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page