top of page

Блејк Филдер - Цивил е задоволен од биографскиот филм за Ејми

Не беше се́ во зависноста.

16 апр. 2024 г.

 

ree

Поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус,  Блејк Филдер-Сивил, ги сподели своите размислувања за новиот биографски филм Back to Black (Назад на црно), објаснувајќи дека го сметал како „терапевтски“.

Филмот - во режија на Сем Тејлор-Џонсон - пристигнува во кината на 12-ти април  и го следи животот на покојната пејачка. Во него глуми Мариса Абела како Вајнхаус и ги следи енергичните години на иконата и пејачка што живееше во Лондон.

Во филмот, поранешниот сопруг на Вајнхаус, Блејк Филдер-Цивил, е портретиран од Џек О’Конел (Кожи,Безбожен,Љубовникот на Лејди Чатерли). Тој глуми покрај Еди Марсан, на кого му беше доделена улогата на таткото на Ејми, Мич.

Појавувајќи се во денешната епизода на Добро утро Британија, Филдер-Сивил ги сподели своите размислувања за биографскиот филм и призна дека филмот го смета за „речиси терапевтски“ поради тоа како бил прикажан.




 

Во интервјуто со водителката Кејт Гаравеј, тој рече дека некои делови од филмот го натерале да се чувствува виден „во попрецизно претставување“ на она на што е навикнат.

„Не во смисла да бидам пуштен без вина, или разводнет, како што [се] алудираше... само во смисла дека не беше сè до зависноста“, рече тој. „Иако тоа беа непристојните наслови и целта на папараците, имаше зависност, но тоа беше само еден аспект. Врската започна како и секоја врска“

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page