top of page

Дрејк реагираше на дискутабилните коментари на Јасиин Беј од викендот

„Остави ме да блескам во своето светло царе!“

16 јан. 2024 г.

Во понеделникот вечерта, 15 јануари, раперот  кој стои позади песни како „Rich Flex“  на  Инстаграм сподели клип од  Method Man во својата младост, каде објаснува што е хип-хоп културата.


Со овој пост се чини дека Дрејк разговара директно со Јасиин Беј (кој некогаш беше познат како Mos Def), со референцирање на песната „Umi Says“ од албумот од 1999 година Black On Both Sides. Тоа е прва реакција што тој јавно ја сподели откако коментарите на Беј за него го запалија интернетот.


„Кажи ми пак, што вика Уми? Остави ме да блескам во своето светло царе, не го менувај муабетот сега“, напиша Дрејк под видеото.

Јасиин Беј стана трендинг тема во неделата откако одговори на прашањето - дали Дрејк е хип-хоп. За време на гостувањето на поткастот на The Cutting Room Floor, Беј се согласи дека музиката на Дрејк е „допадлива“, но во неговите очи тоа е поп музика. Тој, исто така, тврдеше дека комерцијалната привлечност на музиката на Дрејк може да биде знак за нешто што може да доведе до падот на хип-хопот.


„Дрејк е поп за мене“, рече Беј. „Во смисла, ако пазарував во Таргет во Хјустон и слушнев песна на Дрејк... ми изгледа како многу од неговата музика да е компатибилна со шопинг.“

„Што ќе се случи кога оваа работа ќе се сруши?“, праша Беј подоцна. „Што се случува кога столбовите ќе почнат да напукнуваат? Зарем не сме во некоја рана фаза на тоа во овој сегашен час? Купување и продавање... каде е пораката што може да ми биде од корист? Што има од тоа за вашата публика?“

Коментарите на Беј предизвикаа многу дебати на интернет за време на викендот. Некои обожаватели тврдеа дека Беј има поента и го коментираа однесувањето на Дрејк како поп-ѕвездата во последниве години. Другите кои го поддржуваа  Дрејк велат дека раперот од  Black Star едноставно нема почит кон Дрејк. Погледнете што кажа Јасин бег за Дрејк во продолжение.





A ние... не знаеме што се буни Дрејк, кога:




bottom of page