12 дек. 2023 г.

Според Карди Б, таа е сингл. Рано наутро во понеделникот (11 декември), Карди отиде на Инстаграм во живо за да им каже на фановите дека таа и Офсет повеќе не се заедно откако на социјалните мрежи се појавија гласини за нивното раскинување минатата недела.
„Веќе сум сингл цела минута, ама ми беше страв да - не страв - едноставно не знаев како да му кажам на светот“, рече таа во клипот. „Но, чувствувам дека денешниот ден е знак. Последен пат кога бев на лајв, сакав да ви кажам но не знаев како да ви кажам, па се предомислив. Но, вака е веќе цела минута. Јас само го сфатив тоа како знак“.
„Сакам да ја започнам 2024 година, свежо, отворено“, додаде таа. „Не знам. Љубопитна сум за нов живот, за нов почеток. И да, возбудена сум“.
Знакот на кој Карди мислеше беше тврдењето на Блуфејс во сега избришаниот твит дека неговата поранешна девојка и мајка на неговиот син, Кришон, била интимна со Офсет.
Подоцна навлезе во детали, тврдејќи дека Кришон се поврзала со раперот од Мигос во домот на Офсет и Карди во Л.А. во ноември.
Кришон се чини дека ги негираше обвинувањата на Х,делумно одговарајќи дека Блуфејс „измислува срања“.

Офсет, исто така, ги отфрли овие тврдењана Х со свој твит. „Никогаш не сум зборувал или допрел таа госпоѓа“, рече тој во својот демант. „Стварно човек, ти треба помош!
Минатата недела, Карди Б и Офсет се отследија еден со друг на Инстаграм, што ги подгреа шпекулациите за можно раскинување. Таа, исто така, сподели криптични објав „Знаеш кога ќе надраснеш некоја врска“, гласеше првото, а потоа, „Уморна сум за да ги штитам чувствата на луѓето… МОРАМ СЕБЕ ДА СЕ СТАВАМ НА ПРВО МЕСТО!
Во 2020 година, Карди поднесе барање за развод, но неколку месеци подоцна, таа го откажа. Две години пред тоа, Офсет беше во центарот на скандал со изневерување, што го натера да достави јавно извинување до Карди.

Во интервју за Call Me Daddy поткастот во октомври, Офсет зборуваше за тоа како двајцата работеле пријателски за повторно да ја воспостават довербата во нивната врска.
„И двајцата сме јавни личности, двајцата сме во жижата на јавноста. Престани да бидеш себичен“, рече тој. „Ти си во брак со оваа жена, биди посветен на оваа жена. И исто така, исто како да се биде покомуникативен за срања. Као, само разговараме повеќе.. Разговараме и комуникацијата е клучна. Кога не се комуницира ги заебува срањата.”
