top of page

Климатските демонстранти ја посупија Мона Лиза во Париз

„Што е поважно? Уметност или право на здрава и одржлива храна?“ извикуваа активистите.

28 јан. 2024 г.




Ќе помислеше човек дека безбедноста ќе биде на највисоко ниво во музејот Лувр во Париз уште кога демонстрант преправен во жена во инвалидска количка се обиде да го скрши заштитното стакло од „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи во 2022 година, а кога не успеа ја премачка со торта. А сепак, активисти повторно го нападнаа ремек-делото утрово, на 28 јануари, прскајќи го со супа неговото стакло кое е отпорно на куршуми. Ценетот ремек-дело не е оштетено, соопшти музејот.

Тоа се случи околу 10 часот по локално време, кога двајца членови на климатската група Riposte Alimentaire (Контранапад за храна) се стрчаа кон сликата, фрлајќи нешто што изгледа како супа од тиква врз нејзиното заштитно стакло и ѕидот околу неа.

Тие се пикнаа под бариерата околу распрсканата слика и одржаа краток говор пред шокираните посетители.

„Што е поважно? Уметност или право на здрава и одржлива храна?“ рече еден од нив.

„Вашиот земјоделски систем е болен. Нашите земјоделци умираат на работа“, додаде другиот.

Во  видео објавено од Riposte Alimentaire на социјалните мрежи, се гледа како персоналот на Лурв поставува црни екрани за да го покрие инцидентот додека демонстрантите тивко стоеја таму, чекајќи да бидат приведени. Се слуша како гостите викаат „mais non,”  францускиот еквивалент на „озбилни ли сте!?“



Мона Лиза се насмевна одзади додека супата од тиква полека капеше по нејзиното лице.

Галеријата беше затворена поради расчистување и повторно беше отворена за посетители околу 11:30 часот по локално време, изјавија од музејот за БиБиСи.

И секако кога ако не сега да се потсетиме на она што арт аутлетите за вести го нарекуваа „Лил Наз Екс диптих“ на виралниот момент - кога раперот Лил Нас Екс постираше на инстаграм фотографија од себе пред Енди Ворхоловата супа како „фрла“ фотошопиран Ван Гог во референца на претходен инцидент, кога активисти слични на оние од овие вести, фрлија супа на Ван Гог.




„Знаете колку е саат“ :)


bottom of page