top of page

Кои холивудски ѕвезди се спомнати во новооткриените документи?

Откриени судски документи кои поврзуваат низа на славни личности со озлогласениот милијардер

5 јан. 2024 г.

ree

Од моментот кога судијата ги преиначи во јавни судските документи кои содржат детали за починатиот и осуден сексуален злосторник Џефри Епстин, насана вистинска трка за откривање на нови детали за сексуалната трговија на покојниот финансиер и идентификување на неговите славни пријатели со кои се дружел.


 Документите, објавени на 3 јануари, беа дел од тужбата за клевета од 2015 година против Гислен Максвел, поднесена од жртвата на Епстин, Вирџинија Гафри, која тврдеше дека омразената подводаџика ја нарекла лажливка, поради тврдењата на Гафри дека била злоупотребена како дете. Случајот заврши со спогодба две години подоцна, но овие 40 документи сè уште треба да се потврдат или - оспорат.Низ целосниот материјал од 900 страници кој содржи депозиции, молби и разни судски документи, откриените документи не функционираат како список на клиенти или адресар на Епстин.


 Да бидеш именуван не укажува на погрешна етички или легално, постапка, и покрај тоа што разно-разни Твитерџии ќе ви го кажат спротивното.


Сепак, едно спомнување на покојниот Стивен Хокинг во мејл помеѓу Епстин и Максвел беше шокантно: Епстин во 2015 година и́ напишал на Максвел дека се обидува да најде луѓе кои ќе ги оборат обвинувањата на Вирџинија Гафри дека „Стивен Хокинг учествувал во малолетничка оргија“, стои во е-поштата. 


Некои дури шпекулираа за појавувања во документите на рагби ѕвездата Арон Роџерс кој сугерираше дека Џими Кимел ќе биде именуван. Спојлер: Не беше, и Кимел беше гневен што воопшто беше спомнат. Други навистина беа спомнати во документите, иако не на толку изненадувачки начин.



Во една депозиција, претпоставената жртва Јохана Шоберг е испитана од адвокатката Лора Менингер, која ја прашува Шоберг за известувања од медиумите дека се сретнала со Кејт Бланшет и Леонардо ДиКаприо. Шоберг потврдува дека никогаш не се сретнала со Бланшет или ДиКаприо, само дека Епстин ги спомнал и тврдел дека прима повици од двата актери во нејзино присуство. „Тој беше на телефон многу во тоа време, и еднаш рече, ‘О, тоа беше Леонардо,’ или, ‘Тоа беше Кејт Бланшет,’ или Брус Вилис,“ таа и́ рече на адвокатката, според документите проверени од медиумите. Шоберг додаде дека ниту не се сретнала со Камерон Дијаз или Наоми Кембел.


Во случајот со Кембел, нејзиното име се појави на други места - Гофри обвини дека Гислен Максвел ја присилила да има секс со сопственикот на голем хотелски ланец во време на роденденската забава на Кембел во најновата група откриени документи. Годината не е назначена.


Во документи објавени во 2023 година, една од обвинителките на Епстин обвини покојниот сексуален злосторник дека го користел името на Кембел за да ги мами жртвите со ветување дека ќе ги воведе во контакти за да ја остварат манекенската кариера и бил на настан во Париз, организиран од супермоделката во 2010 година, извести The Wall Street Journal.Депозицијата на Шоберг исто така спомна и други големи имиња - магичарот Дејвид Коперфилд и Мајкл Џексон. Таа тврдеше дека се сретнала со покојниот „Крал на поп музиката“ но не му дала „масажа“.


ree
Стивен Хокинг учествувал во малолетничка оргија?

 Што се однесува до Коперфилд, Шоберг рече дека тој „ми постави прашање дали знам дека девојките се платени да најдат други девојки.“ Исто така, излегоа нови детали за Доналд Трамп, Бил и Хилари Клинтон и Жан-Лук Бренел. Претходно објавени документи открија дека научникот и лингвист Ноам Чомски го придружувал Епстин на лет за вечера со Вуди Ален и неговата сопруга, Сун-Ји Превин, според The Wall Street Journal, заедно со дизајнерката Вера Ванг и технолошкиот магнат Бил Гејтс. 



Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page