top of page

Кратката коса создаде голема контроверзија околу изборот на Ев Жил за Мис Франција :

Ев Жил, Мис Нор-Па-де-Кале е избрана за Мис Франција 2024

17 дек. 2023 г.


Дваесетгодишната девојка од околината на Данкерк, ја освои титулата на Мис Франција во натпревар со  околу триесет кандидатки, во саботата, 16 декември.


Во нејзината родна општина, беше организиран банкет за да се следи натпреварот. Владееше одлична атмосфера.


„Никој не треба да ви диктира кој сте", изјави Ев Жил, 20 години, за време на натпреварот, стоејќи непоколебливо на својот избор да ја задржи кратката пикси фризура, за разлика од другите натпреварувачки, кои традиционално имаат долга коса." Body Shaming-от (засрамување поради телото) го поднесуваме секојдневно, но тоа не е битно. Сите имаме несовршености. Секоја жена е различна, сите сме уникатни", објасни Ев Жил на прес-конференцијата.


Како студентка на втора година на математика и компјутерски науки, таа ја наследува титулата од Индира Ампиот, Мис Гваделупе и Мис Франција 2023.Ева Жил објасни во живо дека "да бидам 'меѓу вас' е мојата најубава одмазда. Со моето учество сакам да покажам дека натпреварот еволуира, како и нашето општество. Претставата на жената е различна, за мене, убавината на жената не се ограничува само на фризурата или фигурата која ја имаме - или немаме. За мене, тоа е многу повеќе.""Никој не треба да ви каже кој сте или да ве стави во некоја категорија. Сакам да бидам храбра жена која се осмелува, која инспирира и крши норми. Различноста и промената понекогаш може да предизвика страв, но и обединува. И, ако имате некои сомневања, круната ми одговара многу добро, дури и со кратка коса", изјави Ева Жил, Мис Франција 24. 


Изборот на Мис на Франција со кратка коса и скромни облини предизвика негодување кај традиционалистите кои велат дека судиите ги прекршиле нормите за женска убавина на натпреварот.


Жалбите ги преплавија социјалните мрежи откако судиите му дадоа предност на  јавното гласање за крунисување на Ев Жил, во финалето на популарниот годишен натпревар, кој го гледаа седум милиони гледачи.


Јавноста, чиј глас се броеше како 50 отсто од одлуката ја стави Мис Гвајана и Мис Гвадалупе пред Жил, но критичарите тврдат дека судиската комисија која е целосно женска била мотивирана од „воук“ побудите за диверзитет. Претходните победници обично беа високи со долга, лелава коса и сладострасни облини.


Ниту една девојка со кратка коса досега не стигнала ни во финалето на натпреварот стар 103 години. Дел од гневните коментари на Твитер/Х  гласеа „не личи на мис на Франција“ и „не ни е грижа за нејзината фризура, но андрогиното тело очигледно е таму за да служи воук агенда“.



Предизвикана поради нејзината coupe garçonne  фризура, таа рече: „Никој не треба да диктира кој сте. Навикнати сме да гледаме убави мисици со долга коса, но јас го избрав овој андроген, момчешки изглед со кратка коса. Сакав да зборувам за боди шејмингот што сме приморани да го поднесуваме секој ден. Сите ние имаме свои несовршености“.


Таткото на Жил е од северна Франција, а нејзината мајка е од Реунион, остров во Индискиот Океан кој е прекуокеанска колонија и регион на Франција.


Организаторите го поздравија изборот како победа на различноста кон која се стреми натпреварот соочени со феминистичките напади од средината на 1970-тите. Минатата година ги отфрли правилата според кои кандидатите не треба да бидат постари од 24 години, да не се во брак и никогаш да не родиле. Тие исто така го отворија натпреварот за трансродови жени.


Меѓутоа, за да влезе во Мис Франција, натпреварувачката мора да биде висока најмалку  1.70m. Во текот на нивниот 12-месечен мандат, тие исто така мора да се обврзат дека нема да се здебелат, да не ја менуваат фризурата или да прикажуваат тетоважи или пирсинг.


Натпреварот им пркоси на повеќегодишните кампањи со тоа што полека се реформираше и се претставуваше како феминистички  и „оснажнувачки“. .


Кандидатките се обично студенти или дипломки и се очекува да бидат вешти во јавно говорење. Сепак, тие сè уште парадираат во костими за капење и се оценуваат главно според нивниот изглед и традиционално женските карактеристики.

                                                                      



Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page