top of page

Лизо :„ Се откажувам!“

Што се крие зад наводното заминување од музиката?

1 апр. 2024 г.

Деновиве социјалните мрежи и медиумите брујат со изјавата на познатата пејачка и моден претприемач Лизо, која на својот Инстаграм профил објави дека се повлекува од музичката индустрија. "I QUIT" или "Давам отказ!", напиша таа, отворајќи брана на коментари и реакции од нејзините следбеници и колеги од индустријата.



Во изјавата/инстаграм постот Лизо открива дека позади блескавата фасада на успехот се крие незадоволство од начинот на кој јавноста и интернетот реагираат на нејзе: и како музичар но и личност. "Се уморив да се справувам со тоа што сите ме прават лом и во мојот живот и на интернетот," пишува таа. "Сè што сакам е да правам музика и да ги правам луѓето среќни и да помогнам светот да биде малку подобар од тоа како го најдов. Но почнувам да се чувствувам како да светот не ме сака мене во него."



Таа продолжува да говори за потсмевот и критиките кон нејзиниот изглед, појава и карактер, истакнувајќи ги лагите што се шират за неа на интернет заради популарност и гледаност. Постот завршува со нејзината категорична изјава за повлекување.




Иако нејзините претставници не беа веднаш достапни за коментар, поддршка во коментарите на нејзиниот пост не изостана. Великани од светот на музиката и шоу-бизнисот како Квин Латифа, Ерик Андре и модниот илустратор и дизајнер Хејден Вилијамс, исто така и актерката Софија Буш, ја поткрепија со пораки како "Интернетот не е вистински живот. Чувај се. Те сакаме."



Лизо, чие вистинско име е Мелиса Џеферсон, стана позната со хитови како "Truth Hurts" и "About Damn Time", и нејзините песни и имиџ секогаш биле во знакот на самодоверба и позитивноста кон сопственото тело. Таа исто така е основач на марката за обликувално долно рубље Yitty, наменета за сите типови на тела.



Сепак, нејзините обиди да ги промовира овие идеали честопати беа предмет на потсмев. Во 2023 година, ја направи нејзината Твитер-сметка приватна по повеќе наврати, поради коментари што го напаѓаа нејзиниот изглед. Нејзината изјава од петокот контрастира со објава од 17 март, кога на Инстаграм напиша дека "пишува некои од најдобрите музички дела и се радува што луѓето ќе можат да ги слушнат".



И покрај проблемите со кои се соочува, Лизо е неверојатно успешна. Таа освои четири Греми награди и Еми за нејзината риалити серија "Lizzo’s Watch Out for the Big Grrrls". Во 2023, нејзината музика беше претставена во блокбастер филмот "Barbie", и беше промовирана нова линија на костими за капење под нејзиниот моден бренд.



Оваа изјава доаѓа во средина на неколку тужби поднесени против Лизо од страна на дизајнер и одделно, тројца од нејзините поранешни танчери кои ја обвинија пејачката за создавање на непријателска работна средина за време на турнејата во 2023 година. Лизо континуирано ги отфрла обвинувањата.



Во декември 2023 година, таа поднесе барање за отфрлање на тужбата на дизајнерот. Минатиот месец, судија го отфрли нејзиното барање за отфрлање на тужбата поднесена од нејзините танчери. Судијата ги отфрли некои од тврдењата но дозволи случајот да оди на судење.



Независно од сè, Лизо остава отворена магијата на непредвидливоста на шоу-бизнисот. Дали навистина ќе се повлече или е ова уште еден обид да се скрене вниманието кон проблемите што ги носат славата и вниманието - останува да видиме. Што и да се случи, не можеме да заборавиме на енергијата и позитивноста што таа ја внесе во музиката и животите на многумина.



bottom of page