top of page

Ники Минаж и Мег Ди Сталион во војна на зборови поради стих во Hiss

Минаж цели два дена беснее на интернет и - ја губи ПР битката против Меган.

27 јан. 2024 г.

Во светот на хип-хоп музиката, каде што интригите и непријателства често се поголеми од живописните стихови, не престанува да нè зачудува кога ќе се појави нова драма.


 Овојпат, во центарот на вниманието се наоѓаат две вистински икони - Ники Минаж и Меган Ди Сталион.

Наизглед, објавувањето на новата песна од Меган, наречена "Hiss", требаше да биде причина за славење. Но, ако сте Ники Минаж или еден од нејзините "Barbz" (името на нејзините обожаватели),  можеби сте малку потресени . Во текстот, Меган изгледа дека ги напаѓа Минаж и нејзиниот сопруг, Кенет Пети.

„These hoes don’t be mad at Megan, these hoes mad at Megan’s Law,” (ороспииве не се лути на Меган, ороспииве се лути на Законот на Меган)

, рече хјустонската раперка на песната, очигледно реферирајќи на федералниот закон кој ги обврзува регистрираните сексуални престапници да оставаат информации кои се достапни за јавноста.



Слушателите брзо го идентификуваа стихот како напад кон Минаж и Пети, кој во 1994 година призна дека се обидел да силува на 16-годишна тинејџерка (тој исто така бил 16 години во тоа време). Во 2020 година беше уапсен затоа што не се пријавил како сексуален престапник кога се преселил во Калифорнија. Година подоцна, жртвата на Пети, Џенифер Хаф, го тужеше него и Минаж за вознемирување, тврдејќи дека парот обидувал многу пати да ја натера да се повлече од обвинението (Минаж на крај беше исклучена од тужбата).

Меган не ги спомна Минаж или Пети во својата песна, но Ники секако мислеше дека песната се однесува на нив. Таа се појави на Instagram Live и сподели текст кој изгледа дека е дис на Мег.

“Bad bitch she like six foot, I call her Bigfoot, The bitch fell off, I said get up on your good foot”(Лоша кучка, висока е шест стапки, ја викам БигФут, курвата отпадна, реков: стани на твојата добра нога)

-ова  се однесува на фактот дека Меган била ранета во стапалото од Тори Лејнз во 2020 година. На судиштето на Лејнз во 2022 година - каде беше осуден - Мег сведочеше за теророт што го доживеала: "Не сакам повеќе да постајам. Би сакала да ме убиеше, ако знаев дека ќе морам да поминам низ оваа тортура."  




Во петочното утринско радио шоу "The Breakfast Club", Меган се јави за да разговара за "Hiss". Водителот Шарламејн не ја беше слушнал песната во тој момент, и ја праша дали спомнува некои имиња во текстот.



„Ќе кажам дека удреното куче ќе завива", одговори таа.   Мег исто така објави фотографија од себе смеејќи се на својот Инстаграм, за сите кои можеби се прашуваа како се чувствува за целата драма.


Ова не е прв пат двете да се во конфликт. Во март минатата година, Минаж ја објави "Red Ruby Da Sleeze", во која рапуваше: "Не се карам со коњи после Христофор Ривс." 

Следните 20+ часа Ники Минаж постојано постираше на различни платформи за Мег. Во еден момент, Минаж ја спомна починатата мајка на Мег. Водачот на Барбзите рече: „Подобро оди и воскресни ја мајка ти и извини се“.

Тие коментари на Минаж не поминаа најдобро кај голем дел од пошироката јавност. Конкретно, вмешувајќи ги членовите на семејството го донесе фактот дека братот на Минаж, Јелани Мараж, исто така доби 25-годишна затворска казна за повеќекратно силување на својата 11-годишна поќерка.

 Не е сосема јасно каде започна контроверзијата иако некои шпекулираат дека таа почнала кога Меган се поврза со Карди Б за "WAP". Како и да е, во моментов изгледа дека Мег е во предност.

„Ники навистина отиде на лајв и зборуваше за мајката на Меган која умре и имаше смелост да каже „оди извини и́ се на мајка ти“ но ако некој ги спомне нејзиниот (на Ники) мртов татко и братот кој е сексуален престапник, тоа е проблем“, напиша корисник на X профилот.  


Корисниците на X, исто така, ја исмејуваа целодневната тирада на Ники Минаж бидејќи Меган Ди Сталион главно остана тивка по вревата предизвикана од „Хис“ и одговорите. Едно лице напиша: „Ники тотално откачи, како крек џанак на кој му снемало кокаин, а Меган веројатно си е дома и гледа аниме“.



Дополнително, TikToker-те и́ се настрвија на Ники Минаж. На пример, видеото на Бела Делгадо за раперката од Квинс стана вирално. Во клипот, Делгадо ја нарече „одвратна и личност за секоја осуда“ и „самопрогласена кралица на силувањето“.


Парди е поранешниот партнер на Меган, кој исто така е во конфликт со Мег. Ники тврди дека е Рок Нејшн плаќале за да ги избришат неговите наводи.

Ники извлече стари твитови на Мег, и рече „покај се злобна жено“ со пинокио емоџи.

Законот на Меган. За бесплатен бит можете да ја смувате Меган на голо.

„Лажеше за мајка ти, и ја лажеше твојата најдобра другарка и го Е***ШЕ нејзиниот дечко

Сите албуми што ги извади - пропаднаа. Медиумите те сакаат затоа што се потплатени.

Во оваа свежа бурна дебата во светот на хип-хоп историската битка помеѓу две водечки дами на сцената,не можеме да го игнорираме фактот дека обвинувањата се сериозни и засновани на претходни судски случаи. Во текот на времето, ќе биде интересно следење како ќе се развива оваа сага, дали ќе заврши во мир или ќе добие уште поинтензивен облик. 


Но не беше секогаш вака...



Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
дива лого
bottom of page