20 дек. 2023 г.

Жерар Депардјe ( Gérard Depardieu ) , еден од најпознатите француски глумци, во последните неколку години се соочува со сериозни обвинувања за сексуално насилство. Овие обвинувања не го заобиколија ниту во текот на неговата кариера, но во последно време стануваат сè поинтензивни и тоа не без последици за неговата кариера и углед.

Оваа година, Рима Абдул Малак, тековниот француски министер за култура, го осуди Депардије како „срамота за Франција“ по објавувањето на документарецот на Француска телевизија во кој се обвинува за повеќекратни сексуални напади во текот на неговата кариера. Депардје сега се соочува со можноста да му биде одземено највисокото француско признание, Легионот на честа, што го добил во 1996 година.
Во документарецот се прикажуваат и претходно невидени слики од неговото грубо и вулгарно однесување. Ова го разгневи семејството на Депардје, кои го обвинија министерот за култура дека го игнорира принципот на претпоставена невиност. Со години, Депардје уживал во неказнивсот- продуцентите, режисерите и критичарите ги занемаруваа неговите непристојности, тврдејќи дека тој е само наследник на долгата француска традиција на заводништво.

Но, изгледа дека сега, во 74-тата година на својот живот, Депардје е во прогон. Инвеститорите одбиваат да ги поддржат неговите филмови, улогите ги нема, а телевизиските извршни директори го игнорираат. Музејот Гревин во Париз, француската верзија на Мадам Тусо, изјави дека ја отстрани неговата восочна статуа поради „негативни реакции“ меѓу посетителите и на социјалните медиуми.
Во 1991 година, Депардје беше цитиран од страна на американскиот магазин Time, дека признал дека како дете учествувал во групни силувња. Оваа изјава предизвика гнев кај Жак Ланг, тогашниот француски министер за култура. Но, неговиот гнев не беше кон сексуалното насилство.
Наместо тоа, Ланг ги критикуваше американските медиуми што го покренаа прашањето токму пред Оскарите, со што ги уништиле шансите на Депардје. Сега, кога неговата репутација е на клупата на обвинетите, останува да се види дали Депардје ќе успее да се избори со последиците од неговите акции или ќе остане заборавен во историјата на филмот.