top of page

Принцезата Катерина се извини, призна дека ја видоизменила фотографијата

Портретот на Денот на мајката на Кетрин, принцезата од Велс, со нејзините три деца покажува низа аномалии што укажуваат дека тој е дигитално изменет.

12 мар. 2024 г.

Принцезата Катерина, позната како Кејт Мидлтон, се најде во центарот на вниманието не поради нејзината добротворна работа или официјални ангажмани, туку поради нешто  секојдневно - објава на изменета - едитирана - фотографија.




За Денот на мајката во Британија, принцезата Катерина објави портрет со нејзините три деца: Џорџ, Шарлот и Луис. Сепак, фотографијата наскоро предизвика бурна реакција откако неколку новински агенции утврдија дека таа била дигитално изменета.


Кенсингтонската палата изјави дека принцот Вилијам ја направил фотографијата минатата недела во Виндзор, но принцезата Катерина, која е позната како страствена фотографка, ја уредила. Брзо по објавувањето, Асоцијацијата на американските новинари (А.П.), Ројтерс и Агенцијата Франс Прес издадоа упатства до медиумите да ја отстранат фотографијата од употреба.



Во своето извинување, принцезата Катерина призна дека самата направила некои измените на фотографијата со намера да биде прикажана како неформален портрет за Мајчиниот ден. Таа изрази жалење за "било каква забуна која фотографијата ја предизвикала".




Експертите за дигитална обработка на фотографии потврдија дека има неколку аномалии на фотографијата кои укажуваат на тоа дека била обработена. На пример, рабовите на нозете на нејзината ќерка Шарлот изгледале неприродно меки, што сугерираше дека позадината била манипулирана.



Овој настан повторно го подигна прашањето за приватноста и одговорноста на јавните личности, особено кога станува збор за исправноста и автентичноста на содржините што ги споделуваат со јавноста и поставуваат и прашања за реалноста што ја претставуваат.





bottom of page