top of page

„Фрејзер“: Роз се враќа во финалето на сезоната оваа недела

„Беше остварување на соништата повторно да се игра таа улога и да се вратам во тој свет“

6 дек. 2023 г.

Обожавателите на Фрејзер беа шокирани оваа недела откако оригиналната долгогодишна колешка - Роз, која ја игра Пери Гилпин, изненадувачки се врати во рестартираното шоу.


Гилпин ја играше Роз во првичната инкарнација на серијата во текот на единаесет сезони и беше повторно обединета со Фрејзер Крејн, игран од Келси Грамер, на екранот оваа недела за прв пат по 20 години за финалето на сезоната.


Роз го изненадува Фрејзиер на Божиќ, неговиот прв без татко му Мартин (го играше Џон Махони, кој почина во 2018 година).

Гилпин рече: „Само сакав да го направам тоа. Беше остварување на соништата повторно да ја играм таа улога и да се вратам во тој свет. И е горчливо-слатко затоа што многу ме растажува кога размислувам за Џон. Ми недостасува. Тој беше одличен пријател, но мислам дека се справија добро со тоа“.


Таа продолжи: „Тие се навраќаат на Џон во секоја можна прилика и тие прават референци. Тие реферираат и на „Кафулето На здравје“. Тие реферираат и во нашиот прв Фрејзер и се чувствувам како да сме дел од новата серија. Таму се чувствував многу удобно и прекрасно и беше навистина духовито. Утешно е кога го гледате. Си велиш: „О, боже, можам да го гледам ова повторно. Ново е, свежо е, но ги имам истите чувства како кога го гледав првиот пат.“

Гилпин, исто така, изјави за публикацијата дека е отворена дури и да се врати како Роз во редовна улога „ако тоа е можност, ако тоа е нешто што може да се случи“.



„[Роз и Фрејзер] имаа одлично, одлично пријателство и на двајцата им беше потребно тоа пријателство“, продолжи Гилпин. „Мислам дека тој беше како нејзиниот постар брат и таа секогаш можеше да оди кај него. А тие пријателства се многу, многу тешко да се постигнат, ме разбираш?“


Покрај Грамер, во новиот Фрејзер играат Николас Линдхерст (од британската Only Fools and Horses) како универзитетскиот професор Алан, Џек Катмор-Скот како синот на Фрејзер, Фреди, Андерс Кит како внукот на Фрејзер, Дејвид, Џес Салгеиро како Ева и Токс Олагудоја како Оливија.

Грамер откри претходно оваа година дека не можел да го убеди поранешниот колега во шоуто Дејвид Хајд Пирс да се врати во улогата на Нajлс Крејн.

Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page