top of page

Jane’s Addiction ги објави датумите за новата турнеја во 2024 година

Jane’s Addiction ги открива датумите за својата претстојна турнеја во Велика Британија и Европа во текот на следната година. Погледнете датумите и деталите за билетите подолу.

6 дек. 2023 г.

Jane’s Addiction се повторно на турнеја!


Овие живи настапи ќе ги одбележат првите настапи како хедлајнери на овој иконичен алтернативен рок бенд во ВБ и Европа во последните осум години, следејќи ја огромната турнеја со Smashing Pumpkins минатата година.


Тие ќе започнат со два настапи во Roundhouse во Лондон на 27 и 29 мај, а потоа ќе следат настапи во Глазгов (31 мај) и Манчестер (2 јуни).

Од таму, Perry Farrell и компанија ќе започнат со својата серија на настапи низ Европа - отворајќи со настап во Große Freiheit во Хамбург на 6 јуни. Други главни настапи во Европа токму во лето вклучуваат концерти во Келн, Париз и Луксембург, а и низ летото се планирани и настапи на фестивали.

„Вчерва кампот на Jane’s е пресреќен, бидејќи крајно можеме да објавиме главни настапи во В.Британија, Европа и на фестивалите. Помина премногу време - мојата Jane’s Addiction фамилијо,“ изјави Farrell за новите датуми на турнеја. „Едвај чекаме да ги видиме вашите лица повторно, (да ве погледнеме).. како пеете песни и полетувате кон месечината во нова ракета. Заедништво - нека почне 2024!“

Билетите ќе бидат во продажба овој петок (8 декември).


Посетете ја Ticketmaster за купување на билети и целосна листа на настапи во UK и Европа.

Освен што ќе бидат нивните први настапи откако имаа голема турнеја со Smashing Pumpkins минатата година, новите датуми во 2024 година ќе бидат и првите настапи во Европа откако Eric Avery се придружи на поставата минатиот август.


Овие вести доаѓаат откако минатата година имаше најава за нова музика, а класичниот состав беше вратен во оргиналната постава прв пат откако Avery ја напушти турнејата во 2010 година.


Ако новата музика прерасне во целосен албум, тоа ќе биде првата нова музика од 2011 година, кога беше издаден студискиот албум "The Great Escape Artist". Во периодот од 12 години откако албумот беше издаден, бендот сподели неколку лајв албуми во последните години, како и синглот „Another Soulmate“ во 2013 година.

На самиот почеток на оваа година, бендот претстави нова песна наречена „True Love“ за време на настап во Калифорнија.



bottom of page