top of page

Земјотрес12, фестивал, МКЦ

20.4.24, во 10:00




Земјотрес #12 е фестивал на свежа, домашна и независна музика, кој нуди разновиден и квалитетен избор на изведувачи од различни жанрови и стилови. На фестивалот ќе настапат 21 бенд или изведувач, од кои некои се веќе познати и признаени на македонската сцена, а некои се нови и иновативни таленти.


„Се Тресеме Елегантно, Ма Прекрасно!“

„Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност…. се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет не вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со НАШИОТ ЗЕМЈОТРЕС, се тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет Се тресеме во ритмот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ конзервата на ебеното примитивно општество. Се тресеме од општеството, а би сакал ние да го треснеме посред глупата му фаца.
Земјотресно Скопје. Дојдете да се тресеме заедно по 12ти пат во МКЦ, а и МКЦ се тресе. Ладно му е. Додете да го гушнеме. Дојдете да се видиме, гушнеме.12 години наше срце и души, се тресеме елегантно и прекрасно. Ова не е само музички фестивал, туку искуство, водено од страстта за музика и обединувањето на луѓето.“


Изведувачи Кои Ќе Го Затресат Градот!


Adi Imeri Trio, Andreja Salpe, ATA, DamageControl, Dobrila & Dorian Duo,

Donplaya, Gargara, ISKRA, Кенопсија, Културно Уметнички Работници,

Lincoln Letter, Luke Levin, MC Kain, Meggy, Mirko Popov, Noviot Pochetok, OVC Kolektiv, Tengri, The Ooz, Trendkill, Visionary.


Детали за Настанот:

  • Датум и Време: Сабота, 3-ти февруари 2023, почеток: 19:00, крај: 04:00

  • Локација: Младински Културен Центар

  • Влезници: Во претпродажба на bileti.mkc.mk, првите 100 за 300 денари, потоа 400 денари, а на денот на настанот 500 денари.

Следете Земјотрес на Социјалните Мрежи:

Растресете го Стресот со Земјотрес 12!

Со вакви настани, се создава историја. Придружете ни се на Земјотрес #12 и бидете дел од музичката експлозија што ќе го тресе нашиот и ваш град!


bottom of page