top of page

Викендов низ град

Добредојдовте во викендот!


Еве на што можете да сметате!


РАЗДОР се дум ритуали. РАЗДОР е визуелна поезија.

РАЗДОР е сонична слика.

РАЗДОР се обредни прочистувања.

РАЗДОР е вашиот спас.

Ќе богослужат Кристијан Новковски и Дени Омерагиќ.

(ќе биде гласно)


Утре се одржува вториот Vinyl Bazaar во Аудиокултура, на кој за првпат ќе се појави новото издание на PMG JAZZ, Kraj Vardarot Jazz Vol.2 (Nov Bran). Ова издание е испечатено во само 100 примероци и ќе биде достапно по промотивна цена. Аудиокултура овозможува 20% попуст на сите свои винили, а поттикнуваме што поголем број посетители да донесат нешто од својата музичка колекција за замена, продажба или пак само за да се "пофалат" со некои ретки изданија. Нашиот голем пријател и љубител на плочи Jan Ko Nen, со својата лична колекција на плочи ќе биде одговорен за музичкиот избор на саботниот Vinyl Bazaar No.2.




Малиот новогодишен Темплум саем број 13 има цела недела интересни па и возбудливи настани!


И годинава, по тринаесетти пат, ќе се одржи Малиот новогодишен саем на книги на Темплум. Изминатите 12 години саемот најчесто се одржуваше во ГЕМ клубот (одамна згаснат) и во МКЦ. Годинава за прв пат саемот ќе се одржи во првата недела на декември (обично се одржуваше во последната недела на последниот месец) и за првпат во галеријата Метаноја, во центарот на Скопје, улица Максим Горки број 19. Како и секогаш, малиот саем има повеќедневна богата програма:


Мал новогодишен Темплум саем, 30.11.22. - 06.12.22.

Галерија Метаноја (Максим Горки 19, Скопје)

Учествуваат: Темплум и Сказнувалка


Среда, 30.11., 20.00 ч.

НАГРАДА ЛИФТ #5

Доделување на наградите од конкурсот за стрип Лифт 2022; изложба на најдобрите стрип табли; промоција на зборникот Стрип награда Лифт #5.


Четврток, 01.12., 18.00 ч.

- Камишибаи претстави за деца и млади (во духот): Панда и Дрон, Пргавиот зајак, Страшна ноќ...


Петок, 02.06., 20 ч.

- Ива Дамјановски, промоција на две стихозбирки, Тријажа и Почнуваме


Сабота, 03.12. во 19.00 ч.

- Промоција на три книги: стрип-сликовницата Панда во дрон од П. Вулкански и Р. Аврамовски; сликовницата Зборувам како река од канадските автори Џордан Скот и Сидни Смит; стрипот Малечката Сојка од финските брат и сестра Ахонен

- 21.00 ч. Јоана Ристеска, концерт со гитара


Недела, 04.12. во 12.00 ч.

Сказнувалка читанка „Медените торти на Тон Телехен“


Георги Господинов е сакан и читан во Македонија, па нѝ гостува во Скопје


Владимир Лукаш ќе има зафатен викенд! Во петок на промоција на „Поклони се и почни а во недела промоција на „Пу за Мите, пу за сите


Сакаме љубовни песни! Промоција на стихозбирката (и флип-книга) „Пу за Мите, пу за сите“ од Владимир Лукаш, приказна(и) во стихови за еднорогот Мите и другите животни од чудната шума. Смеење до солзи – и за мали и за големи! Промоцијата ќе се одржи в недела, на 4-ти декември, во 19 часот во Metanoja Literary Café во рамки на Малиот новогодишен Темплум саем #13. Промотор ќе биде Александар Прокопиев, а модератор на настанот Билјана Црвенковска. Дел од песните ќе прочита Николина Андова - Шопова.



ИЗЛОЖБА на фотографии, Живко ЈАНЕВСКИ, ТОЧКИ НА ИНТЕРЕС"


Истражувачки проект од 2020 година во Музејот на град Скопје на Оделот за „Современа фотографија и филмски материјал“, на случајно пронајдени фотографски материјали (филмски негативи) доведе до сознание дека целокупниот материја е од фоторепортерот и доаенот на македонската фотографија Живко Јаневски работен за потребите на „НИП Нова Македонија“. Истражувањето насловено „Меморијата на Живко Јаневски“ се насочи во правец на пронаоѓање на фотографиите во дневниот весник Нова Македонија и другите изданијата на Издавачкото претпријатие за нивно датирање и потребата за нивното објавување. Направен е детален увид на материјали кој се наоѓаа во пронајдените „жолти коверти“. Истражувањето во големиот материјал (285 црно бели филмови, 9500 негативи) упатува на сознание дека станува збор за еден релевантен документарен и авторски исказ. По извршениот преглед водени од естетските вредности на авторот се направи концепција и избор за изложба, се дигитализираа и обработија негативите за печатенње. Поголемиот дел од фотографиите биле објавени, служејќи како илустрации на текстови или студиозни презентации на одредени проблеми и теми во дневниот весник, а преку објавените фотографии се датира периодот на создавањето на фотографскиот материјал. Во овие фотографски записи, материјали достапни за оваа изложба, снимени во почеток на деведесетите години на минатиот век односно од средината на 1989 до 1994 година, документиран е периодот на осамостојување на нашата држава како и времето на големите опшествени промени. На филмските негативи запишани се првите денови на плурализмот, новото Собрание, заминувањето на ЈНА од Македонија, протестите за враќање на македонските војници од ЈНА, бројни посети на значајни политички преставници од повеќе земји и организации и бројни други случувања околу Собранието како и бројни културни и спортски настани. Проценка е дека тоа се извонредни материјали, снимени од еден наш врвен фото журналист, кои сега и јавно се презентираат во форма на изложба.

На изложбата ќе бидат поставени 110 дигитално испечатени фотографии.

Изложбата се реализира во галерискиот простор на Културно информативниот центар Скопје-КИЦ



📢 ДВЕ ЈАВНИ ПРОШЕТКИ НИЗ МЕЃУНАРОДНАТА ИЗЛОЖБА „НА ЧИЈА СТРАНА СИ? : За неврзаната деколонијална констелација“

⚡ Кураторки: Бојана Пишкур и Ивана Васева

📅 3 и 10 декември, 13 часот, Национална опера и балет

Водачи на тура: Бојана Јанева (иницијативата „Најново нормално“) и Ивана Васева (ко-кураторка на изложбата)

Напомена: Прошетките ќе започнат пред билетарницата на Националната опера и балет и се наменети за сите заинтересирани, без претходно пријавување. Ве очекуваме!

🔴 Изложбата е отворена секој ден од 10:00-18:00 часот, до 16 декември, а влезот е од билетарницата на Националната опера и балет, Скопје.

⚡ Учесници во изложбата:

Дан Акостиоаеј | Архивски материјали од Неврзаното движење | Ѓорѓе Балмазовиќ | Ѓуверовиќ (таа/ неа) | Емилија Епштајн, Ана Кнежевиќ, Музеј на африканска уметност, Белград | Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков | Синиша Илиќ | „Картографија на меѓународните соработки во културата на СФР Југославија со земјите во развој“ (Теја Мерхар) | КУРС | Лабораторија на неврзаната уметничка колекција (Марина Челебиќ, Анита Чулафиќ, Нада Баковиќ и Наталија Вујошевиќ), Подгорица | Борко Лазески | Музеј на солидарноста Салвадор Аљенде, Сантиаго | Даринка Поп Митиќ | Дубравка Секулиќ | Ивана Сиџимовска | Хјун Сук Сео | Светска галерија на карикатури, Скопје | Мила Турајлиќ

Дизајн на изложбата: Ивана Васева, Филип Јовановски во соработка со Димитар Милев, Тамара Џерков, Сандра Николовска

🔴 Изложбата „НА ЧИЈА СТРАНА СИ: За неврзаната деколонијална констелација“ планира да направи скок во времето. Таа го поврзува сегашното глобално геополитичко преструктуирање предизвикано од војната во Украина со наследството на Движењето на неврзаните во неговите основни принципи - антиколонијализмот и (транс)националната солидарност, и повикува одново на радикална реинвенција на светот и уметноста во него. Парафразирајќи го размислувањето на Франц Фанон кое го пренесува Хоми К. Баба, „На чија страна си?“ (1), што е всушност едно од горливите прашања пред деколонијалните земји во контекст на Студената војна, оваа изложба сега сака да го постави прашањето – На чија страна сме, всушност, кога ќе одлучиме да заземеме страна и позиција, политички и културолошки? Понатаму, како тоа се манифестира денес врз животот на луѓето? И што можеме да научиме од овие одлуки во минатото? Изложбата „НА ЧИЈА СТРАНА СИ: За неврзаната деколонијална констелација“ нашироко зборува за присуството на антиколонијални идеи и акции во неврзаната Југославија во самите процеси на деколонизација и како тоа наследство и знаење за (анти)колонијализмот и антиколонијалната солидарност е занемарено, па дури и избришано од денешното сеќавање. Понатаму, преку вклучените уметнички дела и јавна програма, сака да создаде енергичен и имагинативен простор за шпекулации за тоа какви би биле новите антиколонијални и антиимперијалистички неврзани, политички и уметнички, и како тоа би поставило поинаква перспектива за иднината. Исто така е и простор на заеднички напор за повторно замислување на транснационалната солидарност во актуелната низа на политички настани преку повторно откривање на парадигмата на солидарност на ДНЗ. Изложбата и јавната програма ја отвора оваа тема за прв пат во Северна Македонија. Исто така, редок е потфатот да се презентираат неколку дела од повеќе странски институции како на пример Центарот за современа уметност на Црна Гора, Подгорица, Црна Гора, Музејот на африканска уметност – Колекција на Веда и Др. Здравко Печар, Белград, Србија и Музеј на солидарноста Салвадор Аљенде, Сантиаго, Чиле. Оваа изложба претставува и дела од современи уметници и истражувачи кои се обидуваат да ги поврзат спомените од минатото со денешната ситуација и да потсетат на деколонијалната сила на ДНЗ, дела од уметници создадени во активните денови на програмата за културни односи на ДНЗ, како и неколку обемни истражувања на културните програми и соработки СФР Југославија со земјите во развој и архивски материјали поврзани со ДНЗ. (извадок од текстот за изложбата)

Организатори: Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје, како дел од 17. АКТО Фестивал за современи уметности

Партнери: Модерна галерија, Љубљана, Центар за современа уметност на Црна Гора, Подгорица

Поддржано од Министерство за култура на Република Северна Македонија (како дел од 17. AKTO Фестивал за современи уметности), Европски проект ISLOKIN ко-финансиран од ЕУ)

Соработници на изложбата: Денис Сарагиновски, Ненад Тонкин, Борис Василески, Мартина Петреска

Графички дизајн: Кома дизајн студио, користени се оригинални илустрации и фоткографии на насловната страна на Ѓорѓе Симиќ за книгата „Колонии некогаш и сега“ од Вера Николова, издадена од РАД, Белград, 1954 година.

Благодарност до Библиотека Браќа Миладиновци - Скопје и НУ Музеј на Македонија.

Иницијативата „Најново нормално“ е посветена на сите заинтересирани кои имаат потреба од нова викенд алтернатива. Прошетката е предводена од Бојана Јанева која преку своето долгогодишно искуство како историчарка на уметноста се вложува кон промовирање и доближување на уметноста и културата до сите заинтересирани граѓани кои сакаат да искусат еден поинаков и возбудлив поглед кон градот и современите уметнички пракси. Оваа прошетка ќе ги втурне посетителите во едно необично искуство кое ќе им овозможи одново запознавање со градот Скопје и причините поради кои вреди повторно да му се навратиме со љубопитност, наместо со носталгија.


Изложбата „НА ЧИЈА СТРАНА СИ: За неврзаната деколонијална констелација“ планира да направи скок во времето. Таа го поврзува сегашното глобално геополитичко преструктуирање предизвикано од војната во Украина со наследството на Движењето на неврзаните во неговите основни принципи - антиколонијализмот и (транс)националната солидарност, и повикува одново на радикална реинвенција на светот и уметноста во него. Парафразирајќи го размислувањето на Франц Фанон кое го пренесува Хоми К. Баба, „На чија страна си?“ (1), што е всушност едно од горливите прашања пред деколонијалните земји во контекст на Студената војна, оваа изложба сега сака да го постави прашањето – На чија страна сме, всушност, кога ќе одлучиме да заземеме страна и позиција, политички и културолошки? Понатаму, како тоа се манифестира денес врз животот на луѓето? И што можеме да научиме од овие одлуки во минатото? Изложбата „НА ЧИЈА СТРАНА СИ: За неврзаната деколонијална констелација“ нашироко зборува за присуството на антиколонијални идеи и акции во неврзаната Југославија во самите процеси на деколонизација и како тоа наследство и знаење за (анти)колонијализмот и антиколонијалната солидарност е занемарено, па дури и избришано од денешното сеќавање. Понатаму, преку вклучените уметнички дела и јавна програма, сака да создаде енергичен и имагинативен простор за шпекулации за тоа какви би биле новите антиколонијални и антиимперијалистички неврзани, политички и уметнички, и како тоа би поставило поинаква перспектива за иднината. Исто така е и простор на заеднички напор за повторно замислување на транснационалната солидарност во актуелната низа на политички настани преку повторно откривање на парадигмата на солидарност на ДНЗ. Изложбата и јавната програма ја отвора оваа тема за прв пат во Северна Македонија. Исто така, редок е потфатот да се презентираат неколку дела од повеќе странски институции како на пример Центарот за современа уметност на Црна Гора, Подгорица, Црна Гора, Музејот на африканска уметност – Колекција на Веда и Др. Здравко Печар, Белград, Србија и Музеј на солидарноста Салвадор Аљенде, Сантиаго, Чиле. Оваа изложба претставува и дела од современи уметници и истражувачи кои се обидуваат да ги поврзат спомените од минатото со денешната ситуација и да потсетат на деколонијалната сила на ДНЗ, дела од уметници создадени во активните денови на програмата за културни односи на ДНЗ, како и неколку обемни истражувања на културните програми и соработки СФР Југославија со земјите во развој и архивски материјали поврзани со ДНЗ. (извадок од текстот за изложбата)


Организатори: Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје, како дел од 17. АКТО Фестивал за современи уметности Партнери: Модерна галерија, Љубљана, Центар за современа уметност на Црна Гора, Подгорица Поддржано од Министерство за култура на Република Северна Македонија (како дел од 17. AKTO Фестивал за современи уметности), Европски проект ISLOKIN ко-финансиран од ЕУ) Изложбата во Национална опера и балет ќе биде отворена од 10-18 часот. Соработници на изложбата: Денис Сарагиновски, Ненад Тонкин, Борис Василески, Мартина Петреска Графички дизајн: Кома дизајн студио, користени се оригинални илустрации и фоткографии на насловната страна на Ѓорѓе Симиќ за книгата „Колонии некогаш и сега“ од Вера Николова, издадена од РАД, Белград, 1954 година. Благодарност до Библиотека Браќа Миладиновци - Скопје и НУ Музеј на Македонија.


И конечно доколку ви се гледа филм кој не е „Кајмак“, Проекција на филмот ,,МИМИ"


Другари и другарки,

Во петок (02.12.2022), со почеток од 20 часот, на Академска сцена ќе имаме чест да го погледнеме долгометражниот филм ,,МИМИ'' во режија на Даријан Пејовски. После проекцијата, публиката ќе има можност да поразговара со дел од екипата и актерите на филмот.

За филмот: Мими ги напушта своите родители и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара - млада мајка со богат, но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има - мајчинството.

УЛОГИ: НАТАЛИЈА ТЕОДОСИЕВА ТАМАРА РИСТОСКА ОЛИВЕР МИТКОВСКИ ПЕТАР МИРЧЕВСКИ САШКО КОЦЕВ СТЕФАН СПАСОВ ДЕНИЗ АБДУЛА ВЛАДИМИР ПЕТКОВИЌ

Режија ДАРИЈАН ПЕЈОВСКИ Продуцент ТОМИ САЛКОВСКИ Сценарио ДАРИЈАН ПЕЈОВСКИ Ko-продуценти МАРКО ЈАЌИМОВИЌ, ДАМИР ТЕРЕШАК Кинематографер ДЕЈАН ДИМЕСКИ Сценограф ИГОР ТОШЕВСКИ Монтажа ВЛАДИМИР ПАВЛОВСКИ Костимограф ЕМИЛИЈА И.АТАНАСОВСКА Продукциска куќа СКОПЈЕ ФИЛМ СТУДИО, Северна Македонија Копродукциски куќи GIGGLING GOAT Црна Гора, MAXIMA FILM Хрватска.


1 Comment


Bu!

Like
bottom of page