top of page

Девет тајни за чување на бугенвилијата од грчките градинари


Сите оние кои летувале на Медитеранот, а за нас Балканците(посебно Македонците) тоа најчесто е Грција(или Турција) се затекнале како го бараат телефонот за да го фотографираат фасцинатниот призор: жешко розеви цветови напластени на ѕидовите, оградите, и над влезовите на белилото на тамошните куќи, изгледаат нереално и маркантно. Со честите летувањата во Грција се разгори(одново?) една нова навика дома: градинарството. Никогаш во толкав број луѓето на пролет итаат по пазарите, и градинарските центри, да си ги набават цвеќињата на моментот, некогаш тоа беа петунии(склони кон болести и мушички, се непредвидливи и кревки!), сарделите се повеќедецениски традиционален украс, како и зокумите - олеандрите, а во последниве пар години - тоа се бугенвилиите! Мојот влез излегува на патека која е исклучително врела за време на летото, и секогаш сонував дека тој припек ќе го омекнам со зеленило, но и сонував дека може да биде естетски сосема спротивен од голиот бетон кој го затекнав таму. Па така , во моите први години од градинарството се дадов на теоријата, и на универзитетот гугл и јутјб ми кажаа дека и те како има цвеќиња и билки кои не само што трпат туку и бараат жеги и сонце.

Една од нив - бугенвилијата! Купив 15-20 сентиметарска, од Велес за 350 денари(Ноне!), брактите паднаа, откако ја пресадив, ја поставив во глинената саксија и - чекав... Да видам како ќе се снајде во нејзиниот нов дом. Три недели подоцна, зеленото гранче прејде во минијатурна грмушка, а полека од зелена стана нереално, џиш, розева. И тогаш слушнав, додека се договарав со помалку мрзеливите домашни трговци - „Ти купив бугенвилија! Цветовите се дупло поголеми од оние што ги имаш! “. И додека се спремам да ја пречекам Барбара која по се́ судејќи ќе биде од оние што се качуваат и по 10на метри - отидов по грчките градинарски сајтови, за да ги видам марифетите со кои тие имаат искуство. Еве што велат:



„Бугенвила или бугенвилија, растението кое е симбол на летото! Кога би нè прашале кој цвет повеќе се поврзува со белото и синото на грчките острови, дефинитивно би одговориле на бугенвилијата. Омилена слика од летните одмори, бугенвилата импресионира со впечатливите бои на нејзините цветови во нијанси на црвена, виолетова, розова, бела и портокалова. Цветањето на бугенвилата започнува во пролет и трае до крајот на лето. По потекло од Јужна Америка, бугенвилата прекрасно се прилагоди на медитеранската средина и сега е составен дел од пејзажот. Бугенвилијата е едно од најпопуларните лозни растенија кај нас. Се засадува во градините, дворовите и балконите за да ни ја даде својата единствена убавина и да се распосла на ограда, пергола или на ѕид каде е поставена рамка. Бугенвилијата има многу брз раст и може да надмине десет метри во висина. Единствена фалинка: нејзините многубројни лисја кои паѓаат во зима и мора да се исчистат од земја, како и трњето што го носат некои сорти на бугенвилии. Па, ајде да видиме каква грижа и́ е потребна на бугенвилијата за да расте и да уживаме во нејзиното прекрасно цветање за многу години.