Започнува „Ескапизам, Оптимизам“ со Милко и Преку Ред
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- 7 days ago
- 1 min read
Подгответе се за свежа музичка инфузија од нашиот град! Младата радио станица Stereolab ги здружуваат силите за да ви претстават нова концертна серија – „ЕСКАПИЗАМ, ОПТИМИЗАМ“.

Овој проект претставува месечна резиденција која има за цел да го прослави најновото од македонската музичка сцена. Првата епизода ќе се одржи на 26-ти април (сабота) во 21 часот во добро познатиот скопски Лабораториум.
А кои се учесниците на ова прво издание?
На сцената ќе застанат скопските ветерани и столбови на домашниот инди рок звук – Милко. Со нивниот звук, често опишуван како меланхоличен и енергичен во исто време, Милко се синоним за квалитетен македонски инди рок.
Покрај нив, ќе настапат и ПрекуРед, претставници на најновата генерација музичари кои израснале на скопскиот асфалт. Тие се најмладите заштитници на класичниот рокенрол и се очекува да донесат свежа енергија и звук на сцената.
А кој стои зад овој настан?
Stereolab е локална радио станица која иако е на самиот почеток ветува дека ќе можеме да сметаме на нив како промотор на квалитетна алтернативна музика. Нивниот live радио-стрим на stereolab.mk ќе ви овозможи да го следите концертот дури и ако не сте во можност да пројдете во Лабораториум.
.
Билетите по цена од 200 денари може да ги набавите на шанк во Лабораториум.
Comments