Зеленски на Оскарите?

Шон Пен во своето второ гостување на CNN откако се врати од Украина беше дециден: - Доколку Зеленски не се појави - ќе си ги уништам наградите во протест!!





Иако Холивуд во својата привилегија, натопен со дијаманти и декадендентен луксуз кога повикува на социјална правда не е само невкусно во немањето слух туку дури и комично и - самите се свесни за тоа. Комичарите (како Рики Џервејз) до сега многу пати ги критикувале и тоа токму од подиумот на иститот тој тип на награди.

Но и покрај се́ - се ́ поизвесно е дека на Зеленски ќе му дадат простор во телевизиските минути кои глобално имаат најмногу внимание дури и покрај тоа што во последните години рејтингот е опаднат.

Се чини прва која дошла до оваа идеја била годинешнава ко-водителка и комичарка Ејми Шумер. На Дру Беримор шоуто кажа дека таа ја презентирала идејата на продуцентите: „Сакав да најдам начин да го внесам преку сателит или да направам снимка само затоа што има толку многу очи на Оскарите..но не сум јас таа што ги продуцира Оскарите“.

Шумер и Баримор разговараа за важноста на користење на најпрестижниот настан во Холивуд како платформа за истакнување на геополитичките прашања, вклучително и тековната руска инвазија на Украина. „Мислам дека дефинитивно постои притисок на еден начин да се биде како, „ова е одмор, нека се опуштат луѓето, ние само сакаме да ја имаме оваа ноќ“, рече Шумер, „ добро, но, имаме толку многу очи и ушите на ова шоу“.


Останува да гледаме и да видиме.