top of page

Испишување и градење култура: Кендрик Ламар

Кендрик Ламар во моментов е на турнеја во САД, но, откако завршил со Северна Каролина оставил порака на Инстаграм (освен промоции речиси и да не е активен на социјалните мрежи „сакате да знаете каде бев? Си ја заштитував душата во долината на тишината“ рапува).. Тука се обраќа на неговата лична креативна северна ѕвезда, најсветлата креативна точка на неговата кариера - Mother I Sober (Мајко сум трезен) која ја направи со Бет Гибонс од Portishead. Сите сведочеа дека липаат кога ја слушаат „целиот албум е фантастичен, но Mother I Sober е кога ја напушти планетата Земја “ искоментира Џо Баден :)


Мајко сум трезен (на англиски)


Јас сум сензитивен, јас чувствувам сè, јас ги чувствувам сите

Еден човек стои на два збора, сите исцелени

Преобразување, потоа возвраќање, карма мора да се врати

Се исцелувам себе, тајните кои ги кријам, погребани во овие зборови

Закани за убиство, егото мора да умре, но јас му дозволувам да се прочисти

Спокојот скршен, парчиња од мене, сè беше замаглено

Мајка плачеше, дигнаа рака на нејзе, тоа се семејни врски

Слушнав сè, требаше да се фатам за пиштол, ама бев само пет



Уште чувствувам како ми тежи на срцево, мојата прва тешка одлука

Во сенките припиени на мојата душа како мојот единствен критичар

Каде е мојата вера? Ти кажав дека сум Христијанин, само не денес

Се преобразив, молејќи се на дрвјата, Бог зазема форма

Мајката на мајка ми ме следеше со години во нејзиниот задгробен живот

Се ѕвери во мене позади на некои автобуси, се будам ноќе

Ја сакав многу, и ги заменив солзите за Рејнџровер бесен

Преобразување, не сте осетиле тага додека не сте ја сетиле трезен

Посакувам да сум некој

Било кој само не себе