Последниве неколку денови во Македонија врнеше и со тоа, не само што се спуштија температурите, туку и жедните цвеќиња и култури убаво се нахранија со вода која не е „тешка“ за нив, дождовница. Но - екстремните жештини кои официјално се 35-36Ц, топломерите кажуваат сосема друга приказна, посебно во градини свртени на југ, и кои се на терасите, или на бетон - е тие жештини почнаа уште во мај! И сосема сигурно ќе се вратат барем уште неколку пати до крајот на летото.
Да, температурите знаат да бидат ужасни летно време посебно по градовите, но има начини да ги спасите и заштитите вашите растенија од жештината. Еве пар совети за справување со жештината. Не заборавајте да земете капа, да пиете многу вода и опрема и за вас за заштита од сонце пред да се посветите на вашата градина.
1. Вода, ама длабоко

Длабокото наводнување во основата на растението подолго време е најдобриот начин за оживување и заштита на растенијата, бидејќи ги вовлекува корените подлабоко во земјата. Растенијата се како луѓе, тие знаат да бидат мрзливи. Ако добиваат вода по 5 минути секој ден, тие ги задржуваат своите корени блиску до површината, така што со длабоко наводнување ги тренирате растенијата да ги испратат своите корени длабоко во почвата каде што е водата. Длабоко наводнување на повеќето растенија еднаш неделно е повеќе препорачливо. На колку време? Тоа зависи од вашата почва, но доволно долго за да ја засити почвата едно 30цм во длабочина. На зеленчукот можеби ќе треба длабоко наводнување два или три пати неделно кога е навистина топло. Како го прават тоа некои градинари и земјоделци? Ги потопуваат саксиите од 5 литри (тип кои имаат одводни дупки) помеѓу растенијата во нејзината градина и потоа ги полни три пати со вода, еднаш неделно.
Кога знаете дека доаѓа жежок бран, можете да се подготвите и со длабинско наводнување на нивото на земјата, идеално ноќе, кога воздухот е поладен.
2. Но, не претерувајте со вода
Растенијата понекогаш венеат од силно сонце, дури и кога имаат доволно вода. Тестирајте ја почвата пред да наводнувате! Ако садот делува тежок или почвата е влажна околу еден сантиметар под земјата, на вашето растение веројатно не му треба повеќе влага.
3. Нема вода на сонце
Колку и да звучи примамливо, не ги наводнувајте растенијата на пладне; тие капки вода се претвораат во мини лупи на листовите и ја засилуваат топлината па ги горат лисјата. Се препорачува да се прскаат растенијата за да се изладат, но само откако ќе зајде сонцето.
4. Поставете некоја сенка
Би функционирал и голем чадор за плажа, како и мрежести ткаенини. Можете исто т