top of page

Карл Лагерфелд беше темата на Мет галата набргу после неговата смрт- поради стравот од ревизионизам

Во Њујорк е недела на Карл Лагерфелд. Гротескно голема глава на дизајнерот демне во близина на ескалаторите во Блумингдејл, и неговите слики се во излозите на Бергдоф Гудман. Со оглед на тоа колку галама се крена околу повтоеното отворање на Тифани продавницата на Петтата авенија, речиси извонредно е дека на некого во LVMH не му текнало на Карл Голајтли. Тие се сопственици и на Фенди, каде што Лагерфелд работеше цели 54 години. 


Вечерва во Метрополитен музејот за уметност, постои морничавата можност славни луѓе да се појават во КЛ драг: тоа е, со очила за сонце, црно-бели комбинации со кренати крагни, со денди вратоврски попрскани со скапоцени камења, можеби дури и едно-две напудрени опавчиња. 


Само-прогласена карикатура, Лагерфелд ќе си добие сопствена фрик парада. Причината е отворањето на ,,Карл Лагерфелд: Линија на убавината,” која ќе биде застапена на Мет галата. 

Прва работа која гостите ќе ја видат кога ќе влезат на изложбата, која беше дизајнирана од архитектот Тадао Андо, се рацете на Лагерфелд во црни ракавици, како со голема брзина скицираат облека, снимка проектирана на голем закривен ѕид. Исто така, на самиот влез е едно од мноштвото работни маси кои ги поседуваше, поставено со неговиот  типичен неред составен од документи, книги, и ткаенини. Можеби некој ќе истури Coke Zero во пехар. За реквизитите да си бидат сосема на место. 


И сега еве го парадоксот: ,,Линија на убавина” е многу помалку загрижена со човекот и митот за него, отколку со работата која ја креирал во неговата седумдецениска кариера. Ние сите знаеме дека Лагерфелд беше исклучителен работник “lots of class but working class,”( ,,многу класа но работничка класа”) тој често знаеше да каже, но само напола шегувајќи се. Тој мораше да биде дисциплиниран за да дизајнира за повеќе куќи истовремено. Кога им се придружи на Chloé и Fendi во средината на 60-те тој веќе имаше работено за Balmain и Patou, и двете куќи за висока мода од стар ков. И покрај тоа тој дизајнираше во сенка и за други куќи. 



Во текот на годините помеѓу 1992-1997, направи колекции за Chanel, Fendi, Chloé, како и неговата сопствена линија. Денес, дизајнерите имаат слобода да прескокнуваат од еден во друг бренд и да колаборираат со компании за брза мода, и причината за тоа е - Лагерфелд. Тој ја измисли идеата за дизајнерот како слободен агент, како платен убиец. И го правеше тоа кога не беше конвенционално. Се сеќавам на Пјер Берж кој беше партнер на Ив Сен Лоран кој беше во конфликт до Лагерфелд во 90-те: велеше дека Карл никогаш нема да има големо  влијание затоа што немаше сопствена куќа за висока мода со неговото име, и неговите дизајни секогаш се менуваа. Така размислуваа повеќето луѓе тогаш. Но не повеќе, секако. 


Откако почина на 85 години во 2019-тоа, Лагерфелд беше субјект на неколку биографии, како “Рај сега” на Вилијам Мидлтон која беше објавена годинава, и две филмски остварувања кои се во продукција. 

Еден со Џеред Лето и другиот Kaiser Karl Дизни + серија, со Даниел Брул која се одвива во 70-те. Интересот е разбирлив. Лагерфелд беше фасцинантен човек, делумно затоа што беше сноп на контрадикции кои не се трудеше да ги разреши ,,Сакам да изгледам површно” му кажа на еден писател во 2007-ма, во типичен потег на остроумност и дефлекција. Тој ги направи куќите во кои работеше, најмногу Chanel, многу профитабилни. Но неговата мода беше заземена од неговиот статус на славна личност доцна во животот, кој се зачна во 2004-ра со неговата H&M колекција и паралелно функционираше на социјалните медиуми. 


За да ги искомплицира работите дополнително, ги коментараше  луѓето често поради нивниот физички изглед. Го обожавав Лагерфелд. Никој не беше подуховит, потопол, и повеликодушен со неговите согледувања. Тој беше еден од грстот на дизајнери кои беа доволно самоуверени да им дозволат на новинарите да седат во неговото студио и да гледаат како се одвива работата.

И сепак, и покрај тоа никогаш не се симнував по скалите во  Chanel после некоја таква средба, без да погледнам во огледалото да видам да не имам случајно забиено нож во грбот. 

 

Како и со Меквин шоуто кое беше блокбастер хит, кое Мет го состави една година откако почина, Ендру Болтон, главниот куратор за костими на музејот, не сакаше да чека за Лагерфелд. ,,Можеби е погрешно но секогаш сум загрижен дека доколку оставиш нешто премногу долго, ревизионизмот ќе се вовлече. Автентичноста станува помалку изменета доколку ја оставиш на подолг период.” 


Целта на Болтон беше да најде ,,карлизми” во неговите дизајни за различни куќи, и неговиот метод во неговите скечеви. Тој беше еден од ретките модерни дизајнери кој всушност правеше скечеви. Тој ја развил таа вештина како дете кога се преселил во Париз во 1952 од неговиот роден Хамбург. А ја изострил оваа вештина во линија на оган како помлад асистент во Balmain, каде бил задолжен да прави тетратки со скици во детали за клиентите. Како што еднаш рече за високата мода во тие мрачни повоени години ,,Мислев дека атмосферата беше ужасна. Но си реков на себе ,,не си овде како критичар на уметност, овде си да учиш, затоа замолчи и гледај.” .



За Лагерфелд, кој во подоцнежниот живот го започнуваше својот ден со скицирање дома, цртежите беа истовремено начин на изразување, истакна Болтон, и на комуникација. Болтон рече дека идејата за изложбата ја добил гледајќи го Лагерфелд како разговара со неговите premières d’atelier, или шефовите на работните простории, кои би земале неговите илустрации и ги претворале во тродимензионална облека. Тој работеше со многу од овие поединци со децении.


,,Тој ги нарекуваше  архитекти на неговата визија“, рече Болтон. „Она што ми беше импресивно беше она што , навидум беше едноставност, на она што тие го прават. Тие зборуваат за тоа на толку едноставни начини - како само да ставаат путер на парче тост. Всушност, тоа беше софистицираност“. И знам на што мислеше. Едно од задоволствата да се биде во неговото студио беше гледањето како ќе скокнеше на нозе од бирото и ќе се впуштеше во дискусија со première околу шев. Нивните разговори беа толку интимни и со познавање и без очигледна хиерархија. Тогаш Лагерфелд ќе се вратеше на бирото и ќе зборуваше за нешто површно.


Тадао Андо го дизајнираше својот сет во суштина како змиулеста линија пресечена со права линија. Навистина, тоа е еден од подобрите комплети на костими на Мет бидејќи линиите што се вкрстуваат создаваат отвори во ѕидовите што ви дозволуваат да погледнете  во друг дел или во друга тема, со што подеднакво ги третирате естетските интереси на Лагерфелд. Болтон ја позајмил основната идеја, како и „линијата на убавината“, од книгата „Анализа на убавината“ на сликарот Вилијам Хогарт од 1753 година. Потоа ја организираше работата на дизајнерот околу девет „подлинии“, користејќи двојности како машки/женски, историски/футуристички и фигуративни/апстрактни. Покрај облеката од архивите на Chanel, Fendi, Chloé, и Лагерфелд, Болтон вклучи црн капут од дебитантската колекција на Лагерфелд за Patou во 1958 година и нова верзија на палтото, со décolleté во задниот дел, што го направи за Woolmark наградата од 1954 година. Тој беше еден од тројцата победници, заедно со Сен Лоран. Balmain го преработи дизајнот за изложбата.



Се надевам дека луѓето кои ќе дојдат на изложбата  навистина ќе се фокусираат на деталите“, рече Болтон минатата недела. „Бидејќи понекогаш луѓето го отфрлаат Карл затоа што не беше толку драматичен како, да речеме, Џон Галијано. Но, префинетоста и деликатноста на овие парчиња се едноставно  извонредни“. Работата на Лагерфелд е секако трип,исполнета со толку многу знаење (изложбата ќе содржи слики од неговите референци на многу од изложбите) и, во исто време, чувството на леснотија  како што и треба да биде високата мода.

Еден од нокаут изгледите во шоуто, од колекцијата Métiers d'Art на Шанел од 2003 година, е костум од свила во боја на слонова коска, плетен кашмир и тул, извезен да изгледа како ткаенината и деловите од површината да се распаѓаат. Се сеќавам кога Лагерфелд ја истражуваше оваа техника - наречете ја пост-деконструкција. „Девет од десет луѓе кои поминале низ ова шоу коментираат за тој изглед“, рече Болтон. „Затоа што е толку едноставно и лесно“. А сепак не. Тоа е мистерија, како пар бунди од Фенди во 2001 година, едната инспирирана од шема на бои, а другата од парчиња избричено визон составени во сложена геометриска шема, инспирирана од цртежите  на Соња Делоне.

 


 


На крајот на краиштата, она што е заедничко за овие и другите „карлизми“ е одредена типична силуета. Го гледате во линијата на јакната од костум што се распаѓа и палтата на Fendi - линија што се криви јасно навнатре од дупката за раката која е поставена прилично високо „Оваа опсесија со тој дел од телото - на кој тој ќе се враќа повторно и повторно“, забележа Болтон, „тоа навистина е тело на момче“. Тоа е исто така, на некој начин, каросерија од 1920-тите, форма која беше техника со која беше сигурен, и форма која исто така се појавува во раното, суперлесно кроење на Коко Шанел. Како и да е, се работи за младоста.


И тоа покажува дека неговиот пристап бил многу поконзистентен отколку што може да делува. Тој не сакаше светот да го гледа на тој начин, исто како што не сакаше да го сметаат како вреден работник „Фати ме ако можеш“ можеби беше животното мото на Лагерфелд.




Commentaires


bottom of page