top of page

Нирвана

 од Ханиф Курејши;


Сачин беше отсутен неколку недели, и кога се врати потскокнувајќи во куќата, се чини дека пораснал. Како семејство никогаш не сме биле огромни; Трејси и јас сме отприлика иста висина, пет стапки, 6 инчи (1.66м). Сачин носи дебели чевли, но се чини и дека станал поширок. Бидејќи е близнак, можам да го споредам со брат му, и тој исто така се чини дека станал покрупен но и повисок. 

Сончев зимски ден, и излегуваме од дома во Шепередс Буш Роуд, јас со мојата моторизирана инвалидска количка. Како што го поминуваме Ле Ситрон, француски ресторан - поранешното озлогласено Кафе Руж каде што можев да бидам виден како се врткам секоја вечер со пријателите - и двајцата сме погодени од истото сеќавање. Пред околу една година, Трејси и Карло гледаа документарен филм за бендот Нирвана и нивната прва турнеја во Лондон. Бендот ја имаше таа среќа да престојува во  неугледниот мотел на Шепердс Буш Роуд, и беа снимени како се зезаат надвор од Руж. Продуцентот на документарецот сега се врати на сцената, снимајќи го Шепердс Буш Роуд како што е денес. Случајно, тие го снимија Сачин како се пробива во етаблирачки кадар, а јас како клечам на вратата на Ле Ситрон, подготвен да скокнам кон него. Бидејќи јас сум сеприсутен во околината, Трејси и Карло всушност напола очекуваа да ме видат - и така и се случи, и плачеа од смеа.

Тешко е да не помислиш на ова, како Сачин и јас се движиме по улицата, но после неколку јарди, станувам повеќе загрижен дека тротоарот е нерамен. Доколку сте во инвалидска количка од скоро, ќе ви биде јасно за прв пат во вашиот живот за точната природа на тротоарите по кои се движиш. Поблизу си до земјата од било кога порано, и секоја испакнатина ќе продира низ тебе со удар.

Работите се подобруваат кога стигнавме во Шепердс Буш Грин,  каде што земјата е помазна. Наскоро сме кај мојот бербер каде што груб човек во инвалидска количка се лизна блиску до мене и почна да се восхитува на мојата количка, и истакнувајќи ги нејзините одлики со завист и прашува од каде ја имам земено. Објаснувам дека е најдоброто од Јавното здравство. 

Ханиф со неговиот син Киер во Рим.

Помина повеќе од една година откако ме има шишано мојот константен бербер, Македонецот Лула кој сметам дека ги има рацете на Микеланџело. Нашето семејство го знае петнаесет години, откако беше поставен во шупа која протекува веднаш до бензинската пумпа на Голдхак Роуд. Лула, всушност, му ја направи првата возрасна фризура на Киер, и момчињата и јас се бричевме таму. Сега, Лула има два салони и ресторан во близина, како и постојан загрижен поглед на неговото лице. 


Сачин ми помага да го прејдам прагот во берберницата, каде што има простор кој е ослободен за мојатаколичка. Киер, мојот најмлад син, ни се придружува.  Олеснување е што се враќам да правам нормални работи, во редовен ден, во моето маало. Честопати сите четворица одевме заедно на бербер; озборувавме, слушавме музика, се расправавме околу тоа кој ќе се шиша прв и се обидувавме да избегнеме еден од новите регрути на Лула кој неизбежно ќе ви дадеше фризура на „српски силувач“.

За време на Ковид, кога не ни беше дозволено да се дружиме момчињата и јас моравме потајно да се шишаме. Ќе се сретневме позади зградата на Лула проаѓајќи покрај анонимна врата, покрај неколку влажни коридори, и во соба која никогаш не сме ја виделе, без прозорци. Ќе седневме пред минијатурно огледалце со големина на екран на ајфон, осветлени од една единствена светилка. Лула ќе почнеше да работи со неговите ножици. Делуваше како да сме дел од некое нелегално движење на отпор, или како да се одвиваше дилање на дрога. Сега, гледајќи надвор од прозорите кон Грин, гледам некого кој го препознава. Тоа е таткото на пријателите на Киер. Кога Киер беше во основно школо, дојде дома еден ден, откако играше со синот на овој човек и ни објави дека станал Муслиман. Го најдов на неговите колена, како се моли пред телевизорот, и не́ замоли нас, неговите родители, да ја почитуваме неговата конверзија. Практикувањето на оваа негова нова религија траеше неколкумина денови. Јас бев апсолутно гневен и сакав да отидам кај човеков и да го измавам прописно. За среќа, Киер набрзо се откажа од неговите религиозни практики и продолжи да гледа ТВ и да јаде бомбони во неговото слободно време како што правеше претходно. Сега го прашувам зошто се конвертираше и ми кажа дека сакал да биде како другите деца во одделението. Не сакал да биде изоставен. Му кажувам нема ништо лошо во тоа да бидеш изоставен, всушност може да биде луксуз, задоволство и форма на само-определување во кое можеш да се насладуваш. Сачин, Киер и јас на сонцето, го проаѓаме Грин, и назад во Шепердс Буш Роуд. 

Беше прекрасен ден.  


Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page