Неидентификуван уметник - активист, ги комеморираше жртвите на масакарот, на мажите во Буча во близина на Киев со тоа што се фотографираше пред Московски знаменитости лежејќи со лицето во змеја, со рацете врзани позади грбот со бела ткаенина.
Ужасните слики што испливаа од Буча преку минатиот викенд откако беше ослободен после недели руска окупација, покажаа многу жртви кои се положени во таа поза, некои со рани од куршуми во главата што укажува на егзекуција.
Украинскиот претседател Зеленски кажа дека повеќе од 300 луѓе биле убиени и измачувани во Буча. Обраќајќи се во ОН во вторникот прикажа видео од злоделата и ја обвини Русија за воени злосторства .
Русите, пак, тврдеа дека Украинците го режирале масакрот, дека тие се појавиле дури откако Русите се повлекле, но сателитските слики ги поби тие тврдења.
Позата која ја зазема уметникот ,стана синонимна со Буча која е споредувана со други воени злосторства вклучувајќи го масакрот на Бошњаците во Сребреница.
Тој се поставил наспроти четири московски знаменитости Александровскиј Сад - градина која е во склоп на Кремљ, на мост кој што води до Христос Спасителот катедрала, и Николскаја и Стар Арбат - пешачки улици.
Сликите се раширија во вторникот под насловот Буча-Москвапреку каналот Холод на Телеграм. Холод е независен сајт за вести кој ја евакуираше редакцијата, откако се донесе знак кој предвидува 15 години затвор за „лажни вести„ за војната во Украина. Главниот уредник на Холод емигрираше во Грузија лани откако беше етикетиран како „странски агент„. Москва-Буча привлече 226 000 прегледи на Холодно и многу повеќе надвор од Телеграф.
Во мешувреме на 27 Март во Петербург уметницата Јевгенија Исајева носеше бел фустан истури лажна крв преку себе и повторуваше „моето срце крвари„
Таа беше одведена од полицијата и казнета 45 000 рубљи за „дискредитирање на активностите на оружените сили„ и осудена на осум дена затвор за хулигнизам.
Comments