top of page

Холивуд ги остава поткастите на поткастерите

ВЕСТ: Во 2020 вредноста на акциите на Спотифај (Spotify) нагло скокнаа кога се појавија вести за ексклузивниот договор на Меган Маркел и Принцот Хари со стриминг платформата. Но кога договорот пропадна минатиот месец, лидерот на една од најголемите глобални агенции за таленти чиј бизнис сѐ повеќе се ориентира во аудио, кажа дека не е изненаден. „Излезе дека Меган Маркел не е голем аудио талент, или било каков талент“ - кажа Џереми Зимер кој е извршен директор на United Talent Agency додека пиевме кафе во La Majestic за врме на фестивалот за спонзорирање Cannes Lions. „И знаеш, само затоа што си популарен не те прави добар во нешто“

Коментар:

Коментарите на Зимер ја рефлектираат новата конвенционална мудрост во поткастерството. Со славните личности од А-листата е завршено - но и со аудио наративите со големи буџети. Новите аудио таленти се ендемски на медиумот и имаат допирни точки со разговорното радио, или личности кои се на дневните телевизиски програми отколку со Виндзорите.

Во Кан меѓу ѕвездите беа поткастерите како Алекс Купер (Spotify), Џамела Џамил (SiriusXM) и Џеј Шети (iHeartMedia). Во текот на два дена, трите водители на поткасти, колективно се појавија на 10 настани пред огласувачите дискутирајќи за благосостојбата, зајакнувањето и како тие негувале ангажирана публика преку содржина што е безбедна за огласувачите.


Топ фигурите на бизнис индустријата беа заинтересирани за нив. Мајкл Касан, челникот на Медиалинк кој има лудо многу врски, задоцни на состанок со Семафор затоа што беше на состанок со Купер, и еден од директорите на медиа компанијата Candle се извлече од интервју со новинар среде реченица за да ја трча по нејзе. Цимер имаше вечера во Кан со поткастер на вистински криминал жанрот Ешли Флауерс.

Спотифај направи најдраматични потези во поткастерскиот простор, во обид да го замени Apple и неговата поткаст апликација и да купиинвентар што не зависи од моќните музички компании. Само во 2020 година, шведската јавна компанија потпиша договор со кралското семејство, Мишел и Барак Обама, Џо Роган и Ким Кардашијан.

Годинава Spotify силно ја зграби наративната компанија Gimlet и ќе заштеди претпоставени 20 милиони долари за неколку години на кралското семејство. Главната најава на платформата на минатонеделниот фестивал беше нов неделен подкаст со Тревор Ноа, кој нема да биде исклучиво таму - чувајќи го само на Spotify ограничен временски период - или ексклузивен, знак дека Spotify сè уште се потпира на парите на рекламите и публиката достапни на другите платформи.

Кратењата на Спотифај и менување на стратегијата овозможи шанса за некои од неговите конкуренти да се обидат да си ја вратат територијата која беше освоена од шведскиот аудио гигант.

Сириус ЕксЕм (SiriusXM) останува најголемиот издавач на поткасти во индустријата. И покрај сопствените намалувања на персоналот на почетокот на оваа година, сателитската компанија беше во Кан за да им го објасни на спонзорите големото повторно лансирање кое е најавено за оваа есен, кое подобро ќе ги подигне и разликува поединечните делови во Сириус, вклучително и платформата за поткасти Стичер (Stitcher).


АјХартМедиа (IHeartMedia), радио гигантот порано познат како Clear Channel, се обиде да го преусмери својот најголем предизвик - бавниот пад на копненото радио - во предност. Го искористи својот голем досег на радиото за да ги зајакне своите поткасти, без престан ги вртат рекламите за поткастите на компанијата на радио. iHeart, исто така, ја сврте ситуацијата, распоредувајќи ги своите поткасти на традиционалното радио. Некои радио станици кои компанијата планираше да ги затвори - но наместо тоа беа репрограмирани со посовремена содржина: емисии за вистински криминал. Аудио инсајдерите, исто така, му оддадоа почит на извршниот директор Боб Питман за одржувањето на трошоците на ниско ниво и обезбедувањето на емисиите со пари од реклами пред компанијата да ги објави јавно.


Во едно интервју овој месец, шефот на одделот за поткасти на iHeart, Конал Бирн, рече дека неодамнешните настани во другите аудио компании ја оправдале стратегијата на iHeart да дава приоритет на долгорочни емисии со докажани водители наместо фалбаџиство и звучни и сочни имиња на славни личности: „ Ние ги видовме останатите кои пробаа различни бизнис модели кои или ексклузивно ги ограничија содржините на една апликација или правејќи краторочни договори со големи имиња во обид да го купат нивниот влез во индустријата наспроти стратегијата на градење на долгорочни но одлични содржини кои би траеле повеќе години. Видов неколку примери скоро кои почнуваат да се оддалечуваат од од тој тип на стратегии. Не ме изненадува затоа што беа осудени на пропаст од првиот ден. Никогаш немаше смисла за нас.“

И покрај некои повлекувања, сè уште има многу успешни подкасти водени од познати личности, поткастот на Вондери (Wondery) - Smartless (Безумни) неделно ток-шоу со Џејсон Бејтман, Шон Хејс и Вил Арнет, тие константно се на врвот на аудио топ листите.


Хот под (Hot Pod) објави претходно оваа година дека главниот директор за содржини на Сириус, Скот Гринштајн, им кажал на вработените дека неговата визија за компанијата е да прави помалку, но подобри емисии, истакнувајќи ги поткастите на Кевин Харт и Конан О'Брајан. Некои вработени го сфатија тоа како знак дека компанијата сака повеќе да се приклонува кон поткастите управувани од познати личности, иако портпаролот на компанијата појасни дека коментарите на Гринштајн „се наменети да покажат што компанијата го прави особено добро: идентификување емисии кои имаат потенцијал на преминот поткаст-радио. ”


И покрај големиот апетит на јавноста за содржината на кралското семејство, пристапот на Меган и Хари кон нивниот подкаст со Спотифај не успеа да најде публика или формат што функционираше. Амбициите на поткастот на кралското семејство беа загрозени од недостатокот на посветеност на производот и идеите кои никогаш не се остварија: принцот Хари изнесе голем број идеи за поткаст, вклучително и шоу каде што ќе интервјуира контроверзни луѓе како рускиот претседател Владимир Путин и поранешниот претседател Доналд Трамп и за неговата траума од детството. Но, тој на крајот не продуцираше никакви шоуа за компанијата.


Како што претходно објави Семафор, Бил Симонс на Рингер се смета за сè помоќна сила во империјата на подкаст на Spotify. Во повеќе наврати во последниве месеци, Симонс ги критикуваше членовите на кралското семејство, нарекувајќи ги „преваранти“ и велејќи дека му е срам што е на Спотифај со нив.


извор: Семафор

Kommentare


bottom of page