Шенон Шарп привремено се повлекува од ESPN по тешки обвиненија за сексуален напад на неговата 20 годишна девојка
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Apr 25
- 3 min read
Сепак неговиот супер популарен поткаст „Клуб Шеј Шеј“ продолжува со работа.
Шенон Шарп, поранешен НФЛ шампион и актуелен медиумски лик во САД, привремено се повлече од својата улога на ESPN(спортски канал) откако против него беше поднесена тужба вредна 50 милиони долари, во која жена идентификувана како „Џејн Доу“ - поточно неидентификувана за јавноста го обвинува за силување и закани за време на нивната двегодишна врска.

„Во моментов решив да се повлечам од моите обврски на ESPN. Овој период ќе го посветам на моето семејство и на справување со овие лажни и деструктивни обвинувања“, напиша Шарп на социјалната мрежа X. Тој најави враќање на ESPN на почетокот на НФЛ претсезоната, која стартува на 31 јули.
ESPN веднаш реагираше со изјава дека ова е „сериозна ситуација“ и дека ја поддржуваат одлуката на Шарп да се повлече.
Од слава до скандал: Шенон Шарп обвинет за силување од поранешна девојка
Шенон Шарп(56), трикратен НФЛ шампион и медиска ѕвезда во САД, се најде во центарот на секс-скандал. А ако не сте слушнале за него – време е. Освен што беше дел од најгледаното спортско шоу на ESPN – First Take, Шарп е домаќин на еден од најпопуларните поткасти во Америка – Club Shay Shay, кој останува активен и покрај бурата што го следи неговиот живот.
Официјално, Шарп се повлекува „привремено“ од ESPN поради тужба поднесена од жена идентификувана како Џејн Доу, која тврди дека тој ја силувал и психички ја злоставувал во текот на две години. Тужбата, тешка 50 милиони долари, беше поднесена во Невада и предизвика медиумски земјотрес.
Со мирен почеток - случајно запознавање во теретана во Лос Анџелес, според тужбата, врската набрзо станала „манипулативна, контролирачка и насилна“. Обвинувањата вклучуваат: две силувања, тајно снимање за време на секс, закани со убиство, и психичко малтретирање.

А потоа – бум. Бам. Шарп, кој на интернет е познат по неговата искреност и голема уста, излезе со видео каде ја отфрли тужбата како „изнуда“ и – ѝ го откри името на тужителката: Габи, позната и како „Карли“, OnlyFans моделка со бурно онлајн минато.

Интернет-детективите веднаш ја ископаа. Набрзо, социјалните мрежи беа преплавени со скриншотови, стари видеа, и детални анализи на нејзиниот дигитален живот.
„Садо-мазо по барање“ или злоставување?
Шарповиот адвокат, Лени Дејвис – адвокат што се појавува на должност кога славните се во неволја – не губеше време. Тврди дека сè било по договор, дека Габи побарала груб секс, доминација, врзување, понижување – и дека имаат пораки како доказ.
„Ова не е злоставување. Ова е фантазија по барање,“ изјавија од тимот на Шарп.
Сметкопотврди? Имаат. Скриншотови од пораки каде Габи наводно го моли за „погрубо“. Според нив, сето тоа било игра за возрасни – не кривично дело.
И во приказната доаѓа Тони Базби – „ловецот на славни мажи“
Адвокатот на Габи? Тони Базби – истата личност која претходно ги тужеше Дешон Вотсон, Шон Комбс и дури и Џеј-Зи. Шарп го нарече „професионален уценувач кој има навика да гони Црни јавни личности“.
Базби? Не се замара – изјави дека има аудио докази и медицински записи кои ќе ги изнесе на суд.
„Ќе те задавам ако проговориш“ – аудио што ја вжешти атмосферата
Во вторникот, медиумите добија аудио снимка каде се слуша маж – за кој се тврди дека е Шарп – како ѝ се заканува на Габи со давење. Шарп тврди дека снимката е „монтирана и извадена од контекст“, и не докажува ништо.
И како да беше малку… Инстаграм секс стрим
Неколку дена пред тужбата, Шарп случајно – или не толку случајно – се стримаше во живо на Instagram… додека имаше секс. Да, навистина. Подоцна тврдеше дека не знаел како функционира Live и се извини.
$10 милиони за тишина?
Според извори блиски до случајот, Шарп наводно ѝ понудил на Габи 10 милиони долари за да ја тргне тужбата. Таа одбила. Тврдат дека „штетата била далеку поголема од таа цена“. Тимот на Шарп негира дека понудиле пари и тврдат дека сè е дел од медиумска манипулација.
Каде е сега ситуацијата?
Шарп најави контратужба за клевета. Габи не попушта. Базби најави нови докази – снимки, пораки, медицинска документација.
Во меѓувреме, First Take останува без една од своите најгласни ѕвезди – барем до НФЛ претсезоната во јули. Но Club Shay Shay – поткастот каде Шарп интервјуира славни, од спортисти до комичари – продолжува со полна пареа.
Comments