top of page

Што по загуба? Разговор со Ана Блажева на Meduza talks

Во светот полн со предизвици и неизвесности, феминистичката платформа Meduza не престанува да го истражува и раскрива преку различни но примарно феминистички перспективи. Во новата епизода на Meduza talks, темата е "Што по загуба?" - разговор кој го истражува комлексниот свет на чувствата и предизвиците со кои се соочуваме како индивидуалнон но и како заедница.



За Meduza talks: Медуза talks, дел од феминистичката платформа Медуза, не само што ги отвора вратите кон разговори кои вообичаено се замолчуваат, туку и го ткае впечатливиот тек на идеи, искуства и зборови. Оваа иновативна платформа започнала онлајн во време на пандемијата, а сега, со цел кон подобрување на животот во и по кризата, Meduza talks се одвива во живо. Таа не е експлицитно и неопходно поткаст, но овие разговори (понекогаш во живо, на сцена, некогаш камерни) - сепак не отстапуваат од форматот на тој жанр.


За Ана Блажева: Специјален гостин во оваа епизода е Ана Блажева, психолог и психотерапевт со длабок интерес во женските теми и пресекот на личното, социјалното и политичкото. Таа активно се вклучува во различни феминистички акции и проекти и сака да придонесе кон свесноста за нееднаквоста и потребата од прифаќање на феминистичките заложби.


Зошто „Што по загуба?“: Со глобалните и локални промени и загуби што ги донесе оваа година, разговорот за индивидуалната и колективната загуба станува уште поактуелен. Овој разговор истражува начини како што можеме да процесираме сложените чувства по загуба и како да најдеме начини за продолжување со спомен и интеграција на тоа што било. Газа, двојното убиство каде беше брутално убиена ученичката во основно школо Вања Ѓорчевска, ковид, Украина, онкологија, пожарот во Тетово, сообраќајката во Бугарија - низата на трауматични настани се чини дека не секнува, и доколку не ги адресираме соодветно и процесот на колективна траума не се пројде соодветно, многу можно е бројот на жртвите на тие настани да продолжи да расте.


Спремни сте за возврат во да се нурнете во емоциите, истражени преку призмата на феминистичка перспектива? Не ја пропуштајте новата епизода на Meduza talks, достапна на Spotify, каде Калиа Димитрова разговара со Ана Блажева за тоа што следува по загубата. Очекувајте размишлувања, искуства и инсајтови кои ќе ви помогнат да ги сфатите и процесирате своите чувства во светлината на феминистичката перспектива.


Доколку сакате да го слушате поткастот додека сте во движење и/или на слушалки - можете да го најдете и на Спотифај.




Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 после серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот. Ја отвораме вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, и се стремиме да го претставиме ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите(gatekeeper) туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминатната платформа минативе 5 години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко загребуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајки за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател : Ние ги истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графитите, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат цел подобрување на светот. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за се што ја прави човечката култура и уметност така прекрасна и интригантна.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
дива лого
bottom of page