top of page

Поткаст лектира: Одекот на болката и нејзиното игнорање

Откако јавноста се соочи со вестите за скандалот на Онкологија каде организирана мрежа ги заменувала цитостатиците со физиолошки раствор за да ги препродадат на црниот пазар во Косово, се отклучи реакција во форма на гнев и тагување, масовна траума на ништо помалку од цело едно општество. Она што и ионака биле најболните етапи во животот - кога полека губат сакани луѓе - не само што оживеа туку и се зголеми со прашањата на „што ќе беше, доколку примеше лек?“.


Ситуацијата е многу посериозна од поткастот кој ви го нудиме неделава, затоа што се работи за системско предавство на довербата, и за ситуации кои се на живот и смрт... но сепак има заедничка нишка:


Во ноември 2021 година, Сузан Бартон наиде на напис за вести од локален медиум во Конектикат во кој беа детализирани искуствата на неколку жени кои го посетиле Центарот за плодност на Јеил. За време на нивните процедури за вадење јајце клетки, првиот хируршки чекор во некои третмани за плодност, медицинска сестра тајно го заменила нивниот лек за болка, фентанил,со физиолошки раствор.


Жените дознаа за измамата кон крајот на 2020 година - медицинската сестра си го земала за себе фентанилот - и голем број на пациентки поднеле тужба. Во написот, жените ја опишаа силната болка што ја претрпеле за време на постапката. Тие рекоа дека нивната болка понекогаш била отрфрлана како легитимна од персоналот на клиниката.

„Веднаш се заинтересирав“, рече Бартон, долгогодишна соработничка која работи на неделниот подкаст „This American Life“. Таа сакаше да знае како се чувствуваат пациентите и како е можно тоа да се случи.

Следното утро, г-ѓа Бартон го симнала секој правен документ достапен во тужбата и му испратила е-пошта на адвокатот кој ги застапувал седумте тужители. (Сега има 68.) Неколку месеци подоцна, таа почна да прави интервјуа со некои од жените кои отишле на клиниката полни со надеж, и заминале со чувство на збунетост и несигурност.


Тие разговори го формираа „The Retrievals“, нов подкаст од The ​​New York Times и Serial Productions, чиј домаќин беше Бартон. Секоја епизода ги истражува заедничките искуства на 12 жени кои го посетиле Центарот за плодност на Јеил. (Според федералната истрага, дури 200 жени можеби биле лекувани на клиниката без соодветни лекови во текот на пет месеци во 2020 година.) „The Retrievals“ документира некои од тие процедури, начинот на кој пациентите сфатиле што се случило.



Во серијата, пациентите опишаа силна болка за време на вадењето на јајце клетките; многумина побараа повеќе лекови, но им беше кажано дека веќе им е дадена максималната доза.

Во првата епизода, една жена опиша како што таа ја нарече дисасоцијација за време на нејзината операција во која медицинската сестраси ги земала лековите за болка за себе. Еден член на персоналот и́ кажал дека веројатно имала болки за време на процедурата бидејќи лекарот собрал многу јајца. Таа ја отфрлила сопствената интуиција. Во еден потресен момент, Бартон ја замоли да го следи патот на таа когнитивна дисонанца.

Тешката тема беше сложено да се води - и повеќето интервјуа, од кои многу беа направени на далечина а не лично, беа следени од адвокатите на пациентите. Но, Бартон пристапи кон разговорите со емпатија и интимност, давајќи им до знаење на пациентите дека можат да го паузираат интервјуто во секое време.

„Болката е универзално, човечко искуство, но да се најдат зборови за тоа е толку тешко“, рече Лаура Старечески, уредник на серијата, која уште од самиот почеток знаеше дека Бартон ќе може да разговара за траумата „на начин што беше чувствителен и љубопитен“.

Откако беа завршени сите интервјуа, г-ѓа Бартон цврсто ја сфати насоката на поткастот. Иако пациентите споделуваа слични искуства, секој од различните женски идентитети „се појави да ја каже приказната“, рече таа, и дефинираше јасна траекторија за лакот на приказната: „Структурата се сугерираше самата себе, со тоа што тие имаа многу индивидуални искуства“.

Откако Бартон и нејзините уредници го разработија сценариото за секоја епизода, тие ги испратија до Бен Фелан и Кејтлин Лав, двајца истражувачи кои прецизно ги разгледаа фактите во текстот. Двајцата додадоа стотици прибелешки на секое сценарио; секоја прибелешка се однесуваше на материјали кои ги потврдуваа, на пример, сложеноста на третманите за плодност или деталите од правната постапка. Тие понекогаш правеа сопствено известување за да ги потврдат информациите.

„Предизвикот со ова шоу беше што толку многу од овие факти требаше да се добијат од жени кои поминале низ ужасно, болно искуство“, рече Фелан. Тој рече дека тој и Лав сакале нивните извори со сигурност да знаат дека нивната намера била само вистинито да ги претстават нивните приказни.



Болката што ја чувствуваа жените е централна за поткастот, но речиси исто толку голема е начинот на кој таа болка беше интерпретирана од личности со авторит. Поткастот испитува како општеството ги толкува, толерира или минимизира коментарите на жените. Присеќавањето на тие искуства бепе „исто колку, ако не и повеќе од вистинската болка што ја почувствуваа за време на интервенцијата“, рече Бартон.

Надежта, рече таа, е дека трајните ефекти од 15-минутната процедура на оваа клиника ќе резонираат длабоко кај слушателите.

Една пациентка која ја сподели нејзината приказна се присети на одговорот што го добила и кој се чинеше дека ја отфрла нејзината болка: „Што е работава? Забременивте“.

„Истражувањето како такво искуство одекнува низ животот е важно“, рече Сузан Бартон.


Поткастот можете да го најдете на сите поткаст платформи:






bottom of page