ABC ја суспендира „Jimmy Kimmel Live!“ поради контроверзни коментари околу убивањето на Чарли Кирк
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Sep 18
- 1 min read
Од 17 септември 2025 година, мрежата ABC повлече од емитување до понатамошно известување своето популарно ноќното шоу „Jimmy Kimmel Live!“ поттикнато од жестоки реакции на коментари кои домаќинот Џими Кимел ги упати за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк.

Одлуката следува откако Кимел, во емисијата од 15 септември, се осврна на убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк и го критикуваше начинот на кој политичките противници реагирале на настанот. Неговите коментари предизвикаа остра реакција од конзервативните медиуми и дел од јавноста.
ABC потврди дека емисијата е „прекината на неодредено“, без да прецизира колку ќе трае суспензијата. Неколку локални телевизиски оператори кои ја емитуваат програмата веќе објавија дека ја тргаат од своите распореди.
Во емисијата на 15 септември, Кимел коментира дека „Мага бандата“ се обидува да го прикаже личноста која го уби Кирк како „нешто друго освен еден од нив“ и да извлече политички поени.
Тој, исто така, остро го критикуваше начинот на кој некои конзервативци, вклучувајќи и поранешниот претседател, реагирале на настанот и жалењето за Кирк.
Опоненти на ваквиот потег, вклучувајќи дел од демократските законодавци и неколку организации за слобода на говор, го критикуваа како напад врз медиумската слобода и начин на политичка цензура.





Comments