Alternative Club: Viber група за инди и алтернативната сцена во Македонија
- 3 hours ago
- 1 min read
Нова дигитална заедница за концерти, scene новости, DIY настани, нова музика и независна култура.
Ако постојано барате информации за свирки, нови изданија, DIY настани, underground журки или едноставно сакате да знаете „што се случува низ град“, се појави ново дигитално собиралиште за луѓето што ја следат и живеат алтернативната култура во Македонија.

„Alternative Club“ е Viber група создадена како место за споделување информации, препораки и новости поврзани со домашната и регионалната инди и алтернативна сцена. Во групата се објавуваат информации за свирки, клубски вечери, DIY настани, нова музика, рецензии, препораки и различни културни содржини што ретко стигнуваат до пошироката публика.
Наместо класичен промотивен канал, групата функционира како мала дигитална собиранка за сцената, каде што членовите меѓусебно споделуваат што се случува „низ град“ : од концерти во мали простори и независни фестивали, до нови изданија, локални бендови и андерграунд иницијативи.
Независната сцена се потпира на заедници и директна комуникација, сепак, ваквите платформи стануваат важен дел од нејзината видливост и опстанок. „Alternative Club“ се обидува токму тоа да го направи: да создаде побрза, пожива и поорганска мрежа меѓу луѓето што ја следат и живеат алтернативната култура во Македонија.

Групата е отворена за сите заинтересирани, а приклучувањето е возможно преку QR кодот и на овој линк. Повелете, пријдете, пријдете…во моментов има 850 членови, но целта за следната фаза е 10 000!





Comments