top of page

André 3000 објаснува зошто направи албум кој никој не го очекуваше

Во петокот излезе последниот албум на André 3000 за кој дознавме преку цитирање на NPR поткаст каде што тој аполгетски објаснува дека колку и да сака во него едноставно нема рап албум. Иако тој годинава заедно со Killer Mike е номиниран за Греми награда во категоријата најдобра рап песна Scientists and Engineers, неговиот личен јазик е поинаков и секако дека чувството дека и́ должи на својата публика хранење на нејзините очекувања е легитимно но сосема непотребно.

Наместо тоа го имаме New Blue Sun, чиста - во секој поглед - амбиентална музика, а реакциите се прекрасно позитивни, посебно што доколку коментарите по социјалните мрежи се некаква индикација, отвори цела нова публика за овој жанр, публика која е трогателно лојална.

Ние трагавме по поткастот кој го најави овој албум, но наместо тоа дојдовме до получасовен видео разговор со GQ каде што André 3000 зборува за музиката која ни ја даде...не знаеме дали имал намера да биде поткаст, но што е битно рап/поткаст, потејто - потато..


п.с. за оние кои не го разбираат англискиот, можат да ги уклучат титловите на македонски јазик на ЈуТјуб, и ќе добијат одличен превод. (settings> subtitles> English(United States - Macedonian)





Comments


bottom of page