Balenciaga со нова линија: Париски патики

Balenciaga излегоа со нова серија патики наречени Paris Sneakers, во ограничен број, и се достапни за распродажба во Европа од вчера (9 мај) и САД (16 мај), и ги има 100 на број.


Баленцијага напишаа за нив во изјавата за медиуми: “Преобличен класичен дизајн кој го толкува атлетизмот од средината на векот и безвременската секојдневна облека во црна, бела или црвена боја, со бел гумен ѓон и пети со нарушено платно и груби рабови, кои влијаат на претходно истрошениот изглед“. И се “наменети да се носат за цел живот.” Тие се опишани од “екстремно излитени” до “ екстра уништени”(extremely distressed - extra destroyed)…


Таман Игор Пачемски Џоунс го кракна терминот за “distressed”(во приватен разговор со Дива кога го консултиравме за модни термини) популарна категоризација за симулирана изветвеност на искинати фармерки, блузони, па и намештај Balenciaga отиде ниво погоре! Но тој тип на облека не е нешто што веќе и кај најконзервативните па и застарените вкусови ги прифатија како ефект кој едвај подига веѓа во зачудување.


Баленцијага стандардно ја турнаа границата подалеку. Првите патики, се чини кои за лута цена од над 400€ продаваа изветвени модели беа италијанските Golden Goose кои се до ден денес распродадени. Фенди ја земаа штафетата и ги претрчаа сите атлетски брендови. Ова сѐ на шок и згрозеност на добар дел од јавноста вклучувајќи ја и модната: ова беше нарекувано бездомнички шик, и беше осудувано како апропријација на културата на сиромаштија. Имено за да се купи еден пар излитени патики во Македонија, треба да се работи 5недели, со просечна плата, а оние од кои е им e украден стилот, минималците, и до половина година. Кога сме кај цената, серијата на “екстра уништените” Париски патики чинат од 490€ до 1200€! Ooh-la-la!



Golden Goose - распродадена!

Баленцијага во моментов (освен што интерѓаните се скандализирани од цените и беснеат по социјалните мрежи поради париските патики) се апсолутно најкул и најпопуларен моден бренд. Од хип хоп стихови, преку А-листери, преку Кардашијан кланот, преку најизвиканите европски филмски и музички ѕвезди, преку хипстери до Симпсонови, сите се наклонети со гордост и љубов кон храбрата инвентивност на Баленцијага.


Но овој стил далеку од тоа дека е нешто ново, секако, органски се раѓа во панк движењето а потоа во гранџот. Како визуелно “не ми е гајле” па и среден прст. Фактот дека париските патики личат на Converse Chuck Taylor патиките (или на македонски - старки)нѝ кажува дека директната референца доаѓа токму од оваа ера! Но цената! 🌶 🔥


“Досега, видовме дека луксузниот бренд ја поместува секоја граница и во облеката и во чевлите, лансирајќи од Crocs со платформа, Croc чизмите и Croc сандалите со потпетици, до нејзините патики X-Pander, Triple-S и новите чизми за дожд со шпицови. Во основа, Баленцијага сака чудни чевли.


Сега пристигна нејзината најнова силуета наречена „Париски патики“ и во најмала рака е - изветвена.” Велат High Snobiety!


Ние со доза на сеир, чекаме да стигнат сите реакции и како и секогаш… без изненадување да посведочиме како ќе си легнат на брашното!

ПС: повелете првата нарачана епизода Симпсонови за Баленцијага :