top of page

Cardi B се враќа со албумот Am I the Drama?: Гласна, лична и храбра

По седум години пауза од нејзиниот деби-албум Invasion of Privacy, Cardi B се врати на сцената со проект кој е сè освен скромен. Am I the Drama? носи 23 траки, трае повеќе од еден час и се чувствува како музички дневник во кој се преплетуваат агресија, рефлексија и хип-хоп сјај.

ree

Албумот уште од насловот го става прашањето директно на маса: дали навистина Cardi е драмата, или само е огледало на хаосот што јавноста го проектира врз неа? Одговорот го даваат песните — дел борбени, дел ранливи, а сите искрени.



Звучни експерименти и големи имиња


Најголемата сила на албумот е разновидноста. Cardi не се држи до едно сценарио: има латино звук во Bodega Baddie, doo-wop влијанија, bounce ритми и mid-tempo R&B моменти. Соработките со Summer Walker, Selena Gomez, Kehlani, Lizzo, Janet Jackson и Megan Thee Stallion додаваат тежина и ја отвараат вратата кон различни публики.



Каде блеска, а каде попушта


Карди блеска во песните што се директни и лични: Shower Tears со Summer Walker ја открива нејзината ранливост, а Safe со Kehlani е интимна и неочекувано нежна. Од друга страна, со 23 траки, албумот ризикува да стане премногу долг и не секој експеримент остава ист впечаток. Вметнувањето на веќе познатите WAP и Up е разбирливо, но делува како двоен меч — од една страна ја зацврстува нејзината приказна, од друга страна одзема простор за нови изненадувања.


Am I the Drama? е повеќе од листа на песни. Уште пред да излезе оние кои го имаа чуено повторуваа едногласно дека не е дури ниту албум туку ,,body of work”. Cardi B покажува дека е свесна за сите критики и митови околу неа, и наместо да се крие, ги претвора во гориво. Албумот е голем, храбар и полн со енергија што или ќе ја обожавате или ќе ве замори и токму тоа е дел од нејзиниот шарм.

Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page