Einsturzende Neubauten имаат порака за вас

Einsturzende Neubauten, се јавија со порака, писмо, кое лесно може да биде нешто што и Дива го порачала:

До сите вас,

После повеќе од една и пол година од првиот карантин, има причина за надеж дека концертите наскоро ќе бидат оддржани под речиси нормални услови, откако беа развиени различни вакцини кои во голема мерка заштитуваат од инфекција од болеста.

За да се постигне тоа, сепак, од суштинско значење е што е можно повеќе луѓе да бидат вакцинирани. Научните аргументи за сеопшта вакцинација се добро познати, но познати се и аргументите на скептиците и теоретичарите на конспирации.


Ние не сме заинтересирани, никако, да учествуваме во оваа дискусија, но би сакале да посочиме дека вакцината, надвор од сите лични стравови, сомнежи и сензитивности, претставува акт на солидарност не само со нас уметниците, и другите работници во музичката индустрија, но исто така и со сите други луѓе.


Ние се вакциниравме, и ве замолуваме и вие да го направите истото што е можно побргу.


Collapsing new buildings