Guided By Voices ги побиваат гласините за распад со најавата на нов албум – веќе 42-ри по ред
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- May 26
- 2 min read
Инди рок ветераните Guided By Voices не се распаѓаат – напротив, подготвуваат нов албум со наслов „Thick Rich And Delicious“.

Наместо распаѓање на бендот, нов албум. Така изгледа одговорот на легендарниот инди рок бенд Guided By Voices на шпекулациите дека нивниот четиридецениски музички пат е пред крај. Само три месеци по излегувањето на нивниот 41. албум „Universe Room“, групата најави дека на 31 октомври ќе го издаде новиот — „Thick Rich And Delicious“, втор по ред за 2025 и неверојатно — 42-ри во нивната кариера.Guided By Voices ги побиваат гласините за распад со најавата на нов албум – веќе 42-ри по ред
Причина за хаосот? Еден недолжен поткаст.
Сомнежите околу евентуален крај започнаа кога гитаристот Боби Беар Џуниор, гостувајќи на подкастот Raw Impressions на Лу Барлоу од Dinosaur Jr. и неговата сопруга Адел, во еден момент изјави:
„Се распаѓаме. Никогаш нема да одиш на наш концерт. Готово е.“
Но, како што се испостави — распаѓањето на кое се повикувал Беар Џуниор било… интернет конекцијата. Адел подоцна за Brooklyn Vegan изјави дека имале „многу технички проблеми за време на снимањето“, со што потврди дека изјавата била извадена од контекст и погрешно протолкувана.
Сепак, иако бендот не планира нови концерти во блиска иднина, студиската работа не застанува. Адел објасни:
„Мислам дека не планираат повеќе настапи во живо, но очигледно — сѐ уште снимаат!“
Историја на интензитет без преседан
Guided By Voices се оформени во Дејтон, Охајо, и со деби албумот „Devil Between My Toes“ од 1987 го почнаа својот уникатен, лоу-фај звук кој ги направи култни херои на американската инди сцена. Од 1987 до 2004 издадоа низа влијателни албуми, па направија пауза, се вратија во 2010, повторно пауза во 2014, и конечно стабилизирање во 2016 — со Беар Џуниор и басистот Марк Шуе како нови членови.
Од тогаш, продуктивноста им е со турбо-погон: „Thick Rich And Delicious“ ќе биде 20-ти албум во последните 10 години.





Comments