Kanye West наводно добива сопствен стадион во Албанија, но има ,,квака”
- 3 hours ago
- 1 min read
Масивна привремена арена за 60.000 луѓе би требало да биде изградена само за еден концерт

Контроверзниот рапер порано познат како Канје Вест, наводно ќе добие сопствен стадион во Албанија за претстоен концерт во Тирана, но постои прилично необичен детал: стадионот ќе постои само неколку дена.
Според извештај на VICE, концертот е планиран за 11 јули, а организаторите наводно работат на изградба на огромна привремена структура околу постојниот национален стадион во Тирана, со капацитет од околу 60.000 посетители.
Проектот веќе предизвикува дебати во албанската јавност, бидејќи конструкцијата би била демонтирана веднаш по настанот. Локални медиуми го опишуваат како „фантомски стадион“, а дел од критичарите прашуваат дали ваква инвестиција има смисла за концерт што ќе трае само една вечер.
Настанот би се одржал околу стадионот Arena Kombëtare, домот на албанската фудбалска репрезентација, кој моментално собира околу 22.500 луѓе. Планот е околу него да се изгради модуларна концертна арена што значително би го проширила капацитетот.
Албанското Министерство за култура, според VICE, го поддржува проектот како можност за туристичка и медиумска промоција на земјата. Во меѓувреме, интернетот веќе почна да го нарекува целиот потфат „најголемиот pop-up концерт на Балканот“.
Је беше во центарот на контроверзии поради низа јавни испади и антисемитски изјави кои во последните години доведоа до откажани соработки, прекинати партнерства и реакции од политички и културни организации ширум светот.
И покрај тоа, интересот за неговите настапи останува огромен, каде секое негово појавување, функционира како мешавина од концерт, медиумски спектакл и интернет хаос во реално време.





Comments