Kate Middleton полни (и слави) 40 години!

Катерина, го прослави својот 40ти роденден на 9ти јануари, тоа доколку не го знаевме, го знаеме сега, и сигурно ќе го запаметиме.



Тешко беше да се заобиколат трите формални портрети на Војводката од Кембриџ, широко позната како Кејт Мидлтон на секое ќоше од интернетот, посебно оние западните... Секој од нив рефлектира три нејзини аспекти, модерна жена во 21от век, централна фигура на најсилната монархија во светот која е на чело на Комонвелтот, и исполнета жена во своите 40ти, сѐ уште млада, но зрела. Секој детал е вообичаено внимателно испланиран, и носи своја порака, но сега таа комуникација беше уште побитна, после annus horribilis на оваа генерација: Хари и Меган не само што ја напуштија Британија и улогите на сениор фигури во кралското семејство, туку тоа го направија со медиумска бура во која се обидоа да ја реплицираат Дијана со напади на „Фирмата„ (како што ја ословуваат монархијата кога сакаат да ја обезличат). Ги претставија нејзините членови, кои се и нивно семејство, како ладни, калкулирани, немилосрдни, расисти, кои ја довеле новата невеста на Хари до ментална состојба во која размислувала на самоубиство. Сето тоа кулминираше со смртта на Принцот Филип.





После ваква година, исклучително важно е да се рехабилитираат нејзините централни фигури.


А Катерина, немаше ни самата лесен пат до позицијата на која што е во моментов. Доколку сега е Војвотката од Кембриџ, во нејзините 20ти години беше нашироко позната како Waity Kaity - Кејти која бесконечно чека да се омажи (поточно осум години), и која беше исмејувана преку несреќна анегдота каде самиот Вилијам во периодот кога беа кратко разделени, се исмевал со некогашната професија (стјуардеса ) на мајката на Кејт (ја нарекувале во неговиот круг на пријатели "Doors to Manual"), и со тоа ги покани таблоидите да го прават истото сѐ додека не се венчаа. Сите напади ги поднесуваше достоинствено, и без ниту еден погрешно направен чекор. Кога Дива прв патго слушна нејзиниот глас, беше во заедничкото интервју кога ја објавија свршувачката.



Од тогаш наваму, стана олицетворение на британска роза, стабилна а лежерна, сталожена но грижна мајка и прекрасен партнер, кралица на тивката елеганција, која е позната по „штедливоста„ и практичноста од една страна, но натприродно совршен модел на колекцијата на Кралицата и нејзиниот накит вкрстен со најдоброто од британската мода...Сето ова е рефлектирано во портретите на Војвотката, кои ќе влезат во постојаната поставка на National Portrait Gallery чиј патрон е таа. Сликани се во Лондонските Kew Gardens од Паоло Роверси. Таа е облечена во три балски фустани на Александер Меквин, истата модна куќа која не само што ѝ ја направија венчаницата, туку се во постојана ротација, во нејзините свечени и формални настапи. Накитот е од личната колекција на Кралицата Елизабета.