Kомичарот и актер Расел Бренд обвинет за силување, сексуални напади и емоционална злоупотреба
top of page

Kомичарот и актер Расел Бренд обвинет за силување, сексуални напади и емоционална злоупотреба

извор: The Sunday Times;


Kомичарот и актер Расел Бренд (Russell Brand) е обвинет за силување, сексуални напади и емоционална злоупотреба во текот на седумгодишниот период на врвот на неговата слава.

Четири жени излегоа со обвиненија за сексуална злоупотреба која се одвивала помеѓу 2006 и 2013 година, додека тој беше водител на BBC Radio 2 и Channel 4, а потоа и актер во низа холивудски филмови. Други пак, упатија низа обвинувања за контролирачкото, навредливо и предаторско однесување на Бренд.

Бренд ги отфрли обвинувањата и рече дека сите негови односи биле со согласност.



Наодите доаѓаат од истражувањето на The ​​Sunday Times, The Times и Channel 4 Dispatches.


Една жена тврди дека Бренд ја силувал приклештена на ѕид во неговиот дом во Лос Анџелес. Истиот ден, според медицинските досиеја, таа била лекувана во кризен центар наменет за жртви на силување. СМС пораките покажуваат дека неколку часа откако ја напуштила неговата куќа, таа му рекла на Бренд дека била исплашена од него и дека се чувствувала искористена, додавајќи: „Кога една девојка ќе каже НЕ, тоа значи не“. Бренд одговорил во порака дека му е „многу жал“.


Друга жена,пак, тврди дека Бренд ја нападнал кога тој имал 31 година, а таа имала 16 години и се́ уште одела на училиште. Таа рече дека тој ја нарекувал „детето“ за време на врска во која Бренд емотивно ја злоупотребувал и ја контролирал. Врската траела околу три месеци, а Бренд еднаш „со сила го турнал пенисот во нејзиното грло“, поради што се задавила. Таа вели дека се обидела да го оттурне и рече дека морала да го удри со тупаница во стомакот за да го натера да застане.


Трета жена тврди дека тој сексуално ја нападнал додека работела со него во Лос Анџелес и дека тој се заканил дека ќе преземе правни мерки доколку таа го повтори нејзиното тврдење.

Четвртата жена опишува како Бренд сексуално ја нападнал, и физички и емоционално ја злоупотребувал.

Сите жени рекоа дека се чувствуваат подготвени да зборуваат, но дури откако им се обратија новинари. Неколкумина од нив рекоа дека се чувствуваат принудени да излезат со приказните со оглед на новооткриената слава на Бренд како онлајн инфлуенсер за здрав живот, со милиони следбеници на YouTube и на други сајтови.

Останатите го обвинија за физичко и емоционално малтретирање, сексуално вознемирување и злоупотребување.

Повеќето жени, кои не се познаваат меѓу себе, избраа да останат анонимни.


Во текот на изминатите неколку години, новинарите интервјуираа стотици извори кои го знаеле или работеле со Бренд: поранешни девојки и нивните пријатели и семејства, комичари и други познати личности, луѓе кои работеле со него на радио и на телевизија и челници во BBC . Channel 4 и други медиумски организации.

Заедно со овие интервјуа, новинарите видоа приватни мејлови и СМС пораки, поднеле барања за слобода на информации, прегледувале медицински и терапевтски белешки, ги прегледале книгите и интервјуата на Бренд и гледале и слушале стотици часови од неговите емисии на BBC, Channel 4 и YouTube да ги потврдат наводите.

Бренд, кој сега има 48 години, успеа да ја задржи својата слава во изминатите две децении преку константна реинвенција на својата јавна личност - прво како стенд-ап комичар познат по развратно однесување, пред да стане водител на ТВ на Channel 4 во ударен термин, радио ѕвезда на BBC, холивудски актер и конечно како велнес гуру и анти-естаблишмент инфлуенсер со милиони следбеници на интернет.


Во текот на неговата кариера, материјалите на Бренд ја признаваа неговата зависност од секс и тој честопати јавно се шегуваше за неговото предаторско однесување и сексуалниот живот.

Имаше гласини за злокобно однесување - за кое велат дека е „јавна тајна“ од страна на ТВ и радио директорите на високи позиции, и меѓу комичарките кои меѓусебно се предупредуваа за неговото однесување - но жените вклучени претходно се чувствуваа дека не можат да зборуваат.

Нивните приказни - сега јавно кажани за прв пат - фрлаат светлина врз лошото однесување на Бренд кон жените зад затворени врати и врз бизнис индустријата која што му го овозможила ова однесување.

Times и Sunday Times му дадоа на Бренд осум дена за да одговори на деталните наводи, вклучително и информации за да му овозможат да се потсети на наводните инциденти. Адвокатите на Бренд првично рекоа дека не се во позиција да дадат никаков одговор на наводите бидејќи поставивме „голема литанија на прашања“ и намерно избравме да ги анонимизираме имињата на жените. Тие го окарактеризираа ова како намерна и однапред смислена стратегија насочена кон оштетување на нивниот клиент. Тие рекоа дека објавувањето на овие наводи е „концертирана кампања“ и дека нивниот клиент верува дека има „длабоко загрижувачка агенда зад сето ова, имено фактот дека тој е алтернативен медиумски водител кој се натпреварува со мејнстрим медиумите“. Притиснати да дадат целосен одговор, истите адвокати не одговорија.



Кога доби дополнителна можност да одговори, Бренд емитуваше изјава на својот канал на Youtube во која се вели дека „се некои многу сериозни наводи што јас апсолутно ги отфрлам“. Тој рече дека неговите односи отсекогаш биле консензуални. Тој ги обвини мејнстрим медиумите за координиран напад и рече дека има сведоци чии докази се во директна спротивност на прикажаните наративи. Times ги побара доказите од неговиот адвокат, но не доби одговор.




Бренд моментално е среде стенд-ап турнеја. Во саботата тој пристигна во театарот „Трубадури“ во Вембли, северозападен Лондон, со еден час задоцнување, а на толпата и́ беше кажано дека е заглавен во сообраќајот. Тој накратко се осврна на обвинувањата на почетокот на настапот откако виде жена која држи знак на кој пишува: „Ние сме со тебе Расел. Остани силен. Остани слободен. Те сакаме." Бренд рече: „Има некои работи за кои не можам да зборувам и се надевам дека ќе знаете да го цените тоа што ќе ви го дадам - е се́ што имам“.



„Прати автомобил во моето училиште за да ме извади од часовите“


Додека нејзиното такси се приближуваше до домот на Расел Бренд, Алиса се сеќава на возачот кој ја молеше да не влегува внатре. Препознавајќи ја дестинацијата, почна да поставува прашања. Алиса призна дека имала 16 години и се́ уште е на училиште.

Таа вели дека возачот и́ кажал дека неговата ќерка е на иста возраст и ја преколнувал Алиса: „Те молам, те молам да не влегуваш таму, ти може да бидеш мојата ќеркичка и би сакал некој да го направи истото за нејзе“. Тој понудил да ја однесе дома без наплата, но Алиса инсистирала дека е добро. „Имаше толку тажен поглед во очите“, се сеќава таа.

Алиса, чие име го сменивме за да го заштитиме нејзиниот идентитет, сега сфаќа дека не и́ било добро. За време на врската која траела околу три месеци кога Бренд бил водител на радио BBC , таа вели дека тој ја нарекувал „детето“ и тврди дека со текот на времето инсистирал на сè повеќе контрола, а потоа преминал на емотивна и сексуална злоупотреба.

Бренд, која тогаш имал 30 години, испратил автомобил во нејзиното средно училиште за да ја извади од часовите и да ја доведе во неговиот дом, вели таа, и ја замолил да го зачува неговото име во телефонот како „Карли“ за да ги измами нејзините родители. Менаџментот на Бренд знаел дека тој има девојка тинејџерка и го советуваше да не се гледа со неа во јавност, вели таа. Алис тврди дека Бренд еднаш го насилно го турнал неговиот пенис во нејзиното грло, предизвикувајќи давење, и дека откако се обидела да го оттурне, таа го удрила во стомакот. после што престанал Таа вели дека била видно вознемирена по инцидентот.

Бренд го стекна своето име во комедијата во раните 2000-ти -кога го постигна статусот на најласцивен женкар во Лондон. Откако се откажа од дрогата во 2002 година, Бренд ја пополни таа празнина со секс. Во 2005 година, тој доби третман за зависност од секс во клиника во САД. Поради неговото женкарење - тој еднаш рече дека може да спие со 80 жени за еден месец - го виде трипати како крунисан за „Ебач на годината“ од страна на The Sun, имаше врски со некои од најубавите жени на светот, вклучувајќи ја и Кејт Мос(Kate Moss) , и се ожени со поп ѕвездата Кејти Пери (Katy Perry) во 2010 година (се разведоа во 2012 година).


Кога Алис го запозна Бренд во 2006 година, тој стана име познато во сите домаќинства како водител на Големата уста на Големиот брати радио презентер на BBC; таа имаше 16 години, се опоравуваше од нарушување во исхраната и никогаш немала момче.


Тој и пришол на Лестер Сквер откако таа пазарела во Топшоп во Оксфорд Циркус, а тој работел во блиското студио. Алис го препознала од ТВ и го гледала неговиот стенд-ап настап. .

„Тој ми ги зеде моите торби за пазарење што беше доста разоружувачко и продолжи да прегледува што имав купено и да ги критикува, а потоа извади еден фустан и ми рече: „Ќе го носиш ова на нашиот состанок оваа недела“. “, се присетува таа.


Бренд ја поканил на вечера, а таа подоцна ѝ кажала на мајка си, која ја натерала Алис да му испрати порака на Бренд во која му ја соопштува нејзината возраст, претпоставувајќи дека тоа ќе го исплаши, но тоа не се случило. Мајката на Алис била многу вознемирена, но не верувала дека може да контролира кого ќе запознае нејзината ќерка.

Се сеќавам дека носев црвен фустан со вовлечен струк и чевли со висока платформа, ја пуштив косата и бев шминкана“, се сеќава сега Алис. „Но, во никој случај не изгледав каковозрасна жена. Бев дете кое се дотера за вечера“. На нивниот прв состанок, таа тврди дека Бренд ја замолил веднаш штом се сретнале да потврди дека дефинитивно има 16 години, велејќи: „Не те осудувам ако имаш и 12 години. . . Треба да знам каде стојам законски“.

За време на најраните фази од нивната врска, Алис вели дека Бренд бил „многу шармантен и многу внимателен“, испраќајќи ѝ „обемни“ пораки. Таа се сеќава дека се чувствувала „зашеметено“ и „посебно“.

Пред првиот пат кога имале секс, Алис вели дека му рекла дека е девица и тврди дека тој веднаш бил возбуден. „Тој беше како: „О Боже мој, душа моја, душа моја“ и ме зеде и ме лулка во рацете како дете и ме галеше по косата. Тој вели: „Ти си како мојата мала кукличка“. Таа вели дека тој бил „преокупиран“ со тоа што таа е невина и чиста.

Таа тврди дека на ѕидот имало големо огледало и се сеќава дека за време на сексот ја подигнал раката над главата „во позиција на моќ, како да освојува нешто“.

Во текот на следните недели, Бренд ја нарекуваше „дете“, ја замоли да ја прочита Лолита на Владимир Набоков и ја тренираше што да им каже на родителите кога сака да ја види, вели Алис. Иако Алиса беше над возраста за согласност во Британија, таа и член на семејството кој исто така разговараше со Сандеј Тајмс за да ја потврди нејзината приказна, и двете го опишуваат однесувањето на Бренд како дотерување. Алис вели дека и́ кажал како може да ги измами нејзините родители за да ѝ дозволат да го посети и тврди дека тој и дал „сценарио“ за тоа како да ги лаже. Таа, исто така, тврди дека тој ѝ рекол да не им верува на нејзините пријатели и дека „сите ќе бараат да заработат пари од тоа“ ако таа открие дека се гледа со него. „Беше изолирачки“, вели таа.

Расел имаше типично груминг(*на подготовка, припрема) однесување гледајќи наназад, но јас не ни знаев што е тоа тогаш, или како изгледа“, вели таа. Алис се сеќава дека Бренд и́ рекол никогаш да не му испраќа секси слики, а таа верувала дека тоа е поради нејзината возраст.

Алис го обвинува Бренд дека ја контролира. Таа вели дека еднаш ја наполнил кадата и барал таа да остане во неа додека тој излегол, во траење од околу еден час. Друг пат, Алис тврди дека Бренд го извадил кондомот за време на секс без таа да знае.

Кога ја покани на неговиот 31-ви роденден, мајката на Алис инсистираше да ја вози, за да му нагласи дека ова е девојка со родители кои ја сакаат. Кога мајката на Алис отиде да го пречека Бренд на прагот, Алис вели дека тој ја изблокирал вратата и „се наведна и ја бакна мајка ми во уста“. Таа вели дека потоа нејзината мајка била „многу, многу вознемирена“ од однесувањето на Бренд и ја молела Алис да се врати дома со неа, но Алис избрала да остане.

Кон крајот на врската, Алис вели дека Бренд сексуално ја нападнал. Таа вели: „Бев седната на креветот наспроти заглавјето, а тој со сила го турнал пенисот низ моето грло и не можев да дишам. Едноставно ме гушеше и не можев да дишам, го оттурнував и тој воопшто не се повлекуваше“.

Таа вели: „На крајот морав многу силно да го удрам во стомакот за да го симнам. Плачев и тој рече: „Ох, сакав само да ја видам маскарата како ти тече на лицето.“ Тогаш знаев дека воопошто не му гајче дали ќе ме повреди физички или емоционално. . . Не треба да треба да удирате некого и да го навивате за да го тргнете од себе. Тоа не треба да биде физичка пресметка“.

Додека Алиса лежела на едната страна од креветот по нападот, таа тврди дека тој се качил врз неа, ја држел отворена устата и се излигавил во неа. „Замолчев и се обидував да се изборам со него, но тој лежеше над мене, па не можев“, тврди таа. „Моите екстремитети се заробени под него и само си помислив: „Зошто го правиш ова? Нема никакво сексуално задоволување со ова.“ А потоа ми ја затвори устата и ме натера да ја голтнам неговата плунка, па јас само замолчав и плачев“.

Врската заврши кога Бренд ја покани еден ден, а таа кога пристигна најде друга жена во неговиот кревет. „Бев многу лута и му реков: „Зошто би ми го направил ова? Ова е толку понижувачки.“

Алис реши да проговори бидејќи сега верува дека била премногу млада за да може да се согласи на врска со возрасен маж и дека законот треба да се промени за да се заштитат оние под 18 години. „Мајка ми сè уште се чувствува како да ме изневерила на некој начин што дозволи ова да се случи, но таа воопшто немаше влијание“, вели таа. „Не треба да биде легално за 16-годишник да има врска со маж во триесеттите години. Треба да има нешто што ќе ги заштити децата“.

Таа, исто така, бара промени во индустријата за забава. Долги години, Бренд беше славен за неговите шеги во кои опишува како манипулирал со жените за секс.

„Мислам дека тој беше многу вешт во почетокот на создавањето на неговиот идентитет: „Јас сум женкарот. Јас сум зависник од секс. Јас сум несоодветен, но сето тоа е само шега, смешно“, вели Алис, „Тоа е димна завеса која крие голем дел од неговото мрачно однесување“.



„Чувствувавме дека работиме како макро за него“


Во текот на раните години од ТВ кариерата на Бренд како водител на Channel 4, имаше инциденти кои покренаа прашања за неговите интеракции со младите жени додека работеше за нив.

ТВ-истражувачите и продуцентите кои работеа на емисиите на Channel 4 во овој период, тврдат дека Бренд го терал персоналот да им пријде на младите женски членови на публиката за да може да ги запознае по снимањето.

Двајца поранешни членови на екипата, кои работат на EFourum на Големиот брат, спин-оф дебатно шоу во живо водено од Бренд - тврдат дека ова ги натерало да се чувствуваат како да работат како „макро“ за Бренд.


Компанијата Ендемол беше најмена од Channel 4 да ја продуцира програмата Големата уста на Големиот брат

Една од нив вели дека се сеќава на жените кои и́ се јавувале во солзи, откако почувствувале дека биле лошо третирани од Бренд.

Друга тврди дека имало случаи кога таа морала да го земе Бренд од хотелска соба, а тој се појавил во долна облека и предложил „набрзинка“ и таа не можела да каже дали се шегува или не. Таа вели дека однесувањето на Бренд нашироко се дискутирало од оние кои работеле на ТВ.

Една продуцентка, Рејчел, која тогаш имала 24 години, вели дека еднаш влегла во соблекувалната на Бренд и тврди дека тој и́ го покажал пенисот. Таа тврди дека Бренд инсинуирал дека може да му даде орален секс. Таа била шокирана и одбила. Таа вели дека не можела никому да каже што се случило и била загрижена дека ако се пожали ќе ја изгуби работата.

Таа вели дека Бренд продолжил да и́ се пушта, и после извесно време откако ја замолил да го посети неговиот стан. Кога пристигнала се бакнале и имале секс. Тие започнаа врска, но таа тврди дека тој и рекол да ја чува како „целосна тајна“. Таа тврди дека Бренд и́ рекол дека „имал напишано во неговиот договор дека не смее да има сексуален контакт со никој што работи на Големиот брат“. Ендемол рече дека го разгледале договорот и Бренд немал клаузула која се однесува на сексуални односи.

Еден од истражувачите го пријавил однесувањето на Бренд кај продукциските менаџери во Ендемол, компанија најмена од Channel 4 да ги произведува емисиите. Тие тврдат дека се жалеле дека Бренд ги напастува членовите на публиката за секс, но нивната загриженост била отфрлена. Истражувачот се сеќава дека менаџерот за таленти му рекол: „Тоа се случува со талентот. Момчињата ќе бидат момчиња. Не е голема работа."

Портпаролот на Banijay UK, кој го купи Ендемол во 2020 година, рече дека ги разгледал досиејата и кореспонденцијата и дека не може да најде запис за прашањата за Бренд кои биле формално покренати или разговарани со Ендемол.

Во него се вели: „Ние ја сфаќаме нашата должност да се грижиме за нашата екипа, екипажот и персоналот со крајна сериозност. Додека наследната компанија, Ендемол, имаше кодекс на однесување, политики за поддршка и процедури за ескалација во периодот за кој станува збор, тие не беа толку робусни како нашите сегашни процеси. Жал ни е што овие жени не се чувствувале поддржани и заштитени додека работеле на овие продукции и во светлината на овие сериозни обвинувања ги охрабруваме да контактираат со нас во доверба“.

Бренд редовно имал секс со жени кои ги запознавал на настани. Две жени кои се дошле во неговиот дом во одделни прилики тврдат дека тој се заканувал и им викал кога одбиле да имаат односи со него. Една од нив го напуштила негиовиот дом во солзи.

Хелен Бергер, која работела како личен асистент на Бренд во 2006 година, вели дека за време на интервјуто за работата му рекла на еден од неговите менаџери дека има девојка.

Менаџерот подоцна и́ кажал дека нејзиното хомосексуалство се сметало за „плус“ за работата. Таа верува дека менаџерот „сакал да се увери дека ќе бидам безбедна. Тој сакаше само чисто платонска ситуација“.


Хелен Бергер: Го видов како им покажува интимни слики од жени на своите пријатели

Бергер вели дека Бренд била „нарцис“ и често носела само долна облека додека работела. Таа, исто така се сеќава дека Бренд отворено им покажувал на своите пријатели интимни слики од жени.

Еднаш, додека беше во Единбург на фестивалот и во еден бар, го виде Бренд како им покажува вакви слики на пријателите. Таа вели: „Се наведнав внатре. Додека ги разгледува овие слики, доаѓа до слика на некојa што ja познавам. Тоа ме потресе. Ми се слоши во стомакот. Тоа се жени кои не очекуваат да бидат прикажувани на пријателите на дечкото“.

Лилијана Дала Пијана (Liliana dalla Piana), многу искусна асистентка на славни личности која работеше за Бренд помеѓу декември 2007 и јануари 2008 година, вели дека верувала дека била ангажирана од неговите менаџери затоа што била „поблиску до возраста на неговата мајка“. Таа се сеќава дека на нејзиното интервју, Бренд рече дека „сака[д] да шета без ништо на себе“ или „понекогаш само со долг кафтан“ без ништо одоздола. Дала Пијана се сеќава дека одговорила: „Имам син кој е постар од тебе. Се́ имам видено.”

Ангажманот на Бренд во продолжува БиБиСи - прво на BBC 6 Music во април 2006 година, пред да биде преместен во Радио 2 истиот ноември. Тој често се додворуваше на контроверзии, што кулминираше со скандалот „Sachsgate“ во октомври 2008 година, Бренд и неговиот ко-презентер Џонатан Рос упатија шеговити повици до актерот Ендрју Сакс (Andrew Sachs), кој го играше Мануел во Fawlty Towers,, оставајќи развратна порака на неговата телефонска секретарка. Бренд навести дека имал врска со внуката на Сакс, Џорџина Бејли ( Georgina Baillie ), што го поттикна Рос да изјави: „Тој ти ја ебеше внуката“ - за што Сакс не знаел.

Кога се појави скандалот, Гордон Браун ( Gordon Brown ) тогашниот премиер, го критикуваше емитувањето, а Бренд и контролорот на станицата Лесли Даглас ( Lesley Douglas) поднесоа оставки од BBC , која беше казнета со 150.000 фунти од


„Тој ми ја граба долната облека, му велам да се тргне“


По скандалот, Бренд се преселил во Лос Анџелес, каде што се фокусирал на холивудската филмска кариера и на едно ново американско ТВ шоу. Тој остана во ЛА откако неговиот брак со Пери пропадна во 2012 година.

На забава една вечер ја запознал Надја, бизнисменка која тогаш имала триесет години. Тие размениле броеви и Бренд подоцна стапил во контакт и почнале да се допишуваат со пораки и да разговараат на телефон. Таа рече дека се сретнале во јуни 2012 година во неговата куќа во Лос Анџелес и продолжиле да имаат консензуален секс, но таа била вознемирена од неговиот „отсутен поглед“.

„Тој прави нешто кога ќе очите ќе застаклат . . . Не знам што се случува во неговата глава“, вели таа. „Беше добро, но беше чудно искуство за прв пат со некого кога имаш секс со него за прв пат“.

За време на една размена на пораки, Бренд и предложи на Надја „да донесе пријателка“.

Тие потоа повторно се сретнале во раните утрински часови на 1 јули, кога таа пристигнала во неговата куќа откако тој ја замолил да дојде кај неа.

„Кога дојдов - вратата беше отклучена и јас само влегов внатре“, вели Надија. „Излегува гол од спалната соба. И јас сум некако изненадена. Имам чанта на рамо, фустанче и капут одозгора“.

Надја вели дека Бренд ја потпрел до ѕид, ја бакнал и искоментирал, нешто слично на: „Ќе те чувам“. Тој потоа и́ рекол дека „еден пријател“ веќе е во спалната соба и дека сака таа да им се придружи, според Надја.

„Мислам, не, нема шанси, не ми е гајле, тоа нема да се случи, ние не го правиме тоа“, вели таа. „Се обидов да се оттргнам од него и се измолкнав од ѕидот. А потоа отидов до друг ѕид на кој имаше слика. Огромна слика. И мојата чанта всушност се заглави под нејзе, а сè уште е на мојата рака. И во овој момент тој ми ја граба долната облека, влечејќи ја на страна“.

Надја тврди дека му рекла на Бренд да се тргне од неа и дека сака да замине, но тој продолжил. „Јас сум заглавена под сликата и тој се турка во мене“, вели таа. „Тој е многу повисок од мене. И повторно го има оној застаклен поглед во очите. И не можам да се движам. А јас му реков: „Слечи се, симни се“. Надја тврди дека Бренд ја турнал до ѕид и ја силувал, без кондом.

Бренд конечно заврши и таа вели дека го оттурнала.

„И потоа ја блокира вратата од која влегов бидејќи не сакаше да одам“, вели Надија. „Тој вели: „Дали си добро?“ Јас сум као: „Не, не сум добро, треба да се тргнеш од мене.“ А тој вели: „Ајде да се смириме“.

Надја вели дека Бренд на крајот се оддалечил од вратата што ја блокирал откако Надја му рекла дека сака да ја користи бањата.

„Истрчав и скокнав во мојот автомобил - фала богу што не паркирав пред неговата врата - и се изгубив од таму“, вели таа. „Тоа беше тоа. Се возев уште некое време. Бев зашеметена“.

Во 3.29 часот, Бренд и испрати на Надја СМС порака. Тој напишал: „Жал ми е. Тоа беше лудо и себично. Се надевам дека ќе можеш да ми простиш, знам дека си прекрасна личност. X.” Тој се обидел да и се јави во 3.51 часот, но повикот останал неодговорен.


Надја вели дека била будна поголемиот дел од ноќта. Таа не одговори и на пораката на Бренд од 10.59 часот. Таа напиша дека тој ја искористил и „ме извади од памет“. Таа во својата порака до Бренд напиша: „Дали знаеш колку си страшен кога ќе се појави тој отсутен поглед. Кога девојката ќе каже НЕ, тоа значи не. Дали треба да одам и да се тестирам?“

Бренд одговори дека му е „многу жал“ и напиша: „Не треба да се тестираш. Ќе ти надоместам некако за ова некако со живо [sic] и со добрина. Не беше мојата оригинална идеја што беше повеќе секс. Ти беше прекрасна со мене и ми е непријатно од моето однесување. Извин. X.”



Американскиот телефонски број што Бренд го користеше за испраќање пораки е потврден од повеќе извори.

Во меѓувреме, Надја ѝ кажала на блиска пријателка што се случило и истиот ден ја однела во Центарот за третман на силување во медицинскиот центар во Санта Моника во UCLA.

Таа сподели целосна копија од нејзината евиденција за лекување, во која се наведува дека ја дала својата долна облека и други примероци како доказ, кои биле замрзнати. Полицајка од полицискиот оддел во Лос Анџелес била известена од центарот, според белешките, но таа избрала да не поднесе полициски извештај - велејќи му на центарот дека „не мислела дека моите зборови ќе значат нешто наспроти неговите“. Белешките, исто така, наведуваат дека „таа била загрижена дека, ако името на нејзиниот напаѓач некако биде објавено, тогаш нејзиното име ќе биде влечено низ калта“.

Надја одеше на терапија со психолог на клиниката следните пет месеци. За време на нејзините сесии, записите покажуваат дека Надја размислувала за кривична или граѓанска постапка пред на крајот да се откаже. Сепак, таа му напиша писмо на Бренд „со надеж дека ќе повратам дел од својата моќ во тој процес“, се вели во нејзините белешки и таа вели дека го испратила во неговата куќа.

Во писмото таа праша: „Дали знаеш што се преживеав поради тебе? Што преживеа моето тело . . Ме извади од памет на 1 јули, до тогаш мислев дека во секоја ситуација ќе бидам доволно силна да се изборам за себе. . . Целосно ме скрши“.




„Се тепав и врескав толку силно“


Бренд продолжи да ја гради својата кариера во Америка. Следната година, друга жена тврди дека станала жртва на сексуален напад во куќата на Бренд.

Фиби, која имала дваесет години, вели дека го запознала Бренд на состанок на анонимни алкохоличари пред да почнат да работат заедно и дека имала кратка сексуална врска со него, која завршила во моментот на наводниот напад на почетокот на 2013 година.

Фиби вели дека тимот кој работел на проект со Бренд во тоа време работел од различни локации, вклучително и од неговиот имот во Западен Холивуд. Таа била во неговата куќа кога сфатила дека член од неговиот персонал излегол надвор и тие се сами.

Таа опишува дека била заробена во спална соба и дека сфатила дека Бренд сака да има секс со неа. Таа вели дека не може да се сети дали бил гол или во долна облека, но дека во одреден момент бил гол и почнал да ја брка.

Таа тврди дека тој „ме грабна и ме качи на креветот“. Таа тврди дека тој се обидел да ја бакне и да и ја соблече облеката додека ја приклештил. Фиби вели: „И видов нешто што во очите, се колнам во Бога, црни, неговите очи немаа повеќе боја, беа црни, како ѓаволот. Како друга личност буквално да влезе во неговото тело“. Таа беше целосно облечена.

„Врескав и викав: „Што правиш, застани, те молам, ти си мој пријател, те сакам, те молам, не го прави ова, јас не сакам да го правам ова“. . . Мислам дека тој ги спушти рацете до моите панталони, но јас се борев толку силно и врескав толку силно, надевајќи се дека ќе успеам некако да се извлечам“. Таа вели: „Не знам која е вистинската дефиниција за „сексуален напад“, но се чувствува така. Тој не ме силуваше“.

Таа вели дека постојано го молела да се тргне од неа и на крајот тој попуштил, во тој момент таа вели дека „откачик“ и бил „супер-лут“. Фиби вели дека Бренд викал „еби се“ и „ти си отпуштена“ и таа вели дека побегнала од домот на Бренд во солзи, застанала само за да си ги земе чевлите пред да истрча боса до нејзиниот автомобил.

Како што заминувала, Фиби вели дека поминала покрај група луѓе кои пристигнале во куќата на состанок за проектот. Години подоцна, таа вели дека запознала еден од луѓето кои биле во оваа група. Таа вели: „Ме повлече настрана и ми рече: ‚Никогаш не си простив што не влегов во таа куќа за да те спасам. Те слушнав како врескаш. И не знаев што да правам. И сите бевме толку исплашени од него. И јас не направив ништо. И жал ми е.“ Тајмс се обиде да стапи во контакт со ова лице, но тој не одговори.

Фиби, која им раскажала на пријателите што и́ се случило, се почувствувала принудена да се врати на работа во следните деновите, но таа тврди дека Бренд, откако станал свесен дека зборува, втерал во ќош и и́ се заканувал со правна постапка. Фиби официјално не го пријавила инцидентот бидејќи се плашела дека нејзината кариера ќе биде засегната. Три одделни извори потврдија дека таа тогаш им кажала за нејзиното искуство со Бренд, додека уште двајца исто така биле свесни за тоа.

Кратко време подоцна, Бренд ги напушти САД и се пресели назад во Велика Британија. Тогаш за прв пат станаа јавни сериозните обвинувања за неговото однесување зад затворени врати. Во 2014 година, поранешната девојка, Џордан Мартин ( Jordan Martin ), пишуваше за нивната врска во самообјавената книга kNot: Entanglement with a Celebrity во која таа го преименува Бренд во „Рeндал Грeнд“, а себеси „Дина“. Таа одби да биде интервјуирана за оваа истрага поради лични семејни околности, но потврди дека стои на нејзинoто тврдење во книгата и вели дека тоа е точен приказ на нивната врска. Бренд никогаш не ја предизвикал за нејзината содржина.

Бренд и Мартин имаа шестмесечна врска од февруари 2007 година во која накратко живееја заедно. Во книгата, Мартин опишува дека била сексуално нападнат од Бренд дека физички и емоционално ја злоупотребувал.

Наводниот напад се случил во хотелот „Лоури“ во Манчестер. Таа опишува како Бренд се налутил кога дознал дека разговарала со поранешното момче, го грабнал телефонот, ја скинал футролата и ја извадил батеријата.

Мартин пишува за тоа како таа потоа се оддалечила од Бренд и стоела на мијалник во собата кога тој дошол зад неа. Во својата книга, таа опишува како Бренд не кажува ни збор. Тој стои толку блиску до неа. Тој ја лизга раката надолу во нејзините откопчани и ниско обесени фармерки, во нејзината долна облека и го турка прстот внатре во неа“. Мартин пишува за тоа како таа „не била подготвена за ова“ и не ја сметала за „сензуална или пријатна“. После тоа, Бренд наводно тивко излегол од собата, оставајќи ја „да се чувствува збунето, непријатно и малку запрепастено“.

Таа, исто така, опишува како еднаш ја принудил да ги мие забите толку силно што непцата и искрвариле, за таа да му има „анонимен“ вкус за него. Мартин пишува дека Бренд „поместува граници, контролирајќи ги другите луѓе за да ги исполнат личните перверзии заради доминација“.



„Алармантни прикази на агресија“


Според нашите извори, односот на Бренд кон жените стана јавна тајна во радио и ТВ продукцијата.

Многумина сметаа дека BBC требала да биде со отворени очи за загриженоста од однесувањето на Бренд во етер многу пред скандалот Саксгејт.

Додека ја водеше неговата радио емисија на BBC на 6 Music, тој и неговиот ко-водител Мет Морган ( Matt Morgan ) понекогаш се соблекуваа во студиото и ги охрабруваа гостите да го сторат истото.

Кога го контактираа Тајмс и Сандеј Тајмс, Морган рече: „Пред неколку години престанав да работам со Расел Бренд. Во периодот кога работев со него, никогаш не бев свесен за какви било наводи за сериозно сексуално недолично однесување против него. Апсолутно ги осудувам сите форми на малтретирање на жените. Гледајќи наназад на времето што го поминав работејќи на радио во BBC , жалам што дознав дека емисијата од која бев дел, понекогаш им беше извор на непријатност на колегите“.

Во јули 2008 година Офком, регулаторот за комуникации, го казни BBC со 17.500 фунти за сериозно прекршување на неговиот код, откако откри дека шоуто на Бренд на 6 Music лажирало победник на натпревар.

За време на другите епизоди на Радио 2, Бренд даде серија сексуални забелешки за водителката на вести Андреа Симонс ( Andrea Simmons ), опишувајќи ја во етер како „еротска“ и „секс бомба“ и велејќи им на слушателите дека би сакал „да оди под бирото“ додека таа чита вести. Неколку пати после ова се подразбира дека Бренд бил принуден да се извини од продуцентскиот персонал на BBC .

Во мај 2007 година, Бренд му се јави на Џими Савил ( Jimmy Savile) , кој му предложи да се сретнат само доколку Бренд донесе сестра. Бренд нема сестра, па наместо тоа понудил да донесе вработена - се согласила, на барање на Савил, таа да биде гола.

„Имам личен асистент“, рече тој. „И дел од описот на нејзината работа е дека секој од кого барам да го поздрави, запознае, масира, таа мора да го направи тоа. Таа е многу привлечна, Џими“. Ова беше четири години пред смртта на Савил и пет години пред деталите за Џим ќе го поправи тоа злосторствата на водителот да бидат откриени.

Според упатените кои во тоа време работеа за радио BBC , беа поднесени поплаки за однесувањето на Бренд во студијата до Лесли Даглас (Lesley Douglas ) тогаш контролор на БBBC за Радио 2 и 6 Music, но се чини дека ништо не е направено.

Во декември 2007 година, до персоналот на BBC беше беше упатена уште една сериозна жалба до Даглас за однесувањето на Бренд во студиото на Радио 2. Инволвирани извори велат дека жалбата била поднесена по „алармантно прикажување на агресија и непочитување“ од страна на Бренд во студиото, кое вклучувало фрлање предмети низ студиото „во напади на бес“ и „мочање во шише пред сите. “. Бренд го направил тоа, велат изворите, пред продуцентскиот персонал и гостите, вклучително и едно младо лице кое „изгледало дека е малолетно“ и било испратено да се појави на Радио 2 од добротворна организација. Оваа наводна жалба и која било друга поднесена не беа споменати во следните официјални извештаи на Sachsgate.

Портпаролот наBBC рече дека има јасни очекувања и политики околу однесувањето на работа и дека инцидентот со Џонатан Рос на Радио 2 го сфатиле неверојатно сериозно.

Тој рече: „Се надеваме дека тоа покажува дека BBC сериозно ги сфаќа прашањата и е подготвен да дејствува. Навистина, би додале дека покрај тоа што делуваше по сериозното уредувачко прекршување во тоа време, BBC во текот на последователните години, го развиваше својот пристап кон тоа како управува со талентите и навистина како се справува со поплаките или покренатите прашања.

„Секогаш ќе ги слушаме луѓето доколку се јават со каква било грижа, за кое било прашање поврзано со кој било поединец кој работи во BBC – минатото или сегашноста“.

.

Алис, која подоцна работеше во Channel 4, се присети на состанокот кон крајот на 2013 или почетокот на 2014 година за време на кој Бренд беше водител на шоу, но загриженоста за неговото однесување беше забележана. „Решението што беше понудено беше дека ќе го отстраниме женскиот персонал од екипата - жените кои работеа напорно за да влезат во оваа индустрија - сега не можат да работат на одредени шоуа поради страв дека би можеле да бидат нападнати или малтретирани. Бев во неверица“.

На Бренд продолжија да му даваат можности од мејнстрим радиодифузерите во Велика Британија, вклучително и на Channel 4. Во 2019 година тој се појави на славно издание на Bake Off. Тој печел бисквити инспириран од гениталиите на неговата сопруга Лаура Галачер.

Портпаролот на Channel 4 рече: „Channel 4 е згрозен кога дозна за овие длабоко вознемирувачки наводи, вклучително и однесување за кое се тврди дека се случило во програмите направени за Channel 4 помеѓу 2004 и 2007 година. Ние сме решени да ја разбереме целосната природа на она што се случи. Спроведовме опсежни пребарувања на документи и не најдовме докази кои укажуваат на тоа дека наводните инциденти биле доставени до Channel 4 Ќе продолжиме да го разгледуваме ова во светло на сите дополнителни информации што ги добиваме, вклучително и сведоштвата на тие засегнати лица. Ќе бараме од продуцентската куќа која ги продуцираше програмите за Channel 4 да ги истражи овие наводи и да ни ги извести нивните наоди соодветно и задоволително“.

Се вели дека во текот на годините откако се појавија инцидентите, имало големи промени во менаџментот на Channel 4 и дека сега е посветена да се осигура дека ТВ индустријата е безбедна и инклузивна.


Бренд се појави на славно издание на Bake Off на Channel 4 во 2019 година

Портпаролот на Џон Ноел Менаџмент, агенцијата која го застапуваше Бренд од 2002 до 2017 година, рече дека од правни причини ( кои „не можат да ги образложат“), тие не се во позиција да одговорат на прашањата.

Женските комичари со години предупредуваа

За оваа истрага, новинарите беа во контакт со десетици комичарки кои работеле со Бренд. Една комичарка рече дека на почетокот на 2000-тите кога настапувале заедно, Бренд ја бркал зад сцената и ја гризнал по лицето, и покрај тоа што јасно кажала дека и́ е непријатно. „Кога и да ме видеше, ме фаќаше и ме гризеше за лицето и тоа беше надополнето со оваа чудна, ужасна енергија“, се сеќава таа. „Му реков: „Не ми се допаѓа ова“ и тој сè уште го правеше тоа толку многу пати пред да престане. Тој ги премина границите“.

Таа, исто така, беше сведок на неговото однесување на забавите: „Тој беше како Предаторот [од научно-фантастичен филм од 1987 година] - ќе се појави и ќе го видите како ја скенира собата: со кого не спиел, со ќе оди да спиеш. Тој никогаш не требаше да стигне до Холивуд - неговото однесување требаше да го спречи тоа - [но] тој можеше да стане холивудска ѕвезда и да извлече толку добро од тоа.

Даниел Слос (Daniel Sloss) беше единствениот комичар кој сакаше да зборува официјално и да го користи своето вистинско име. Тој вели дека првпат слушнал гласини за однесувањето на Бренд во кругот на комичарите пред повеќе од десет години.

Слос вели дека женските комичари формирале онлајн групи кои ги користат за да се предупредуваат меѓусебно за комичарите и другите кои работат во индустријата на комедии со кои имале непријатни искуства, вклучително и предаторско однесување. Слос вели: „Знам дека долги, долги години жените меѓусебно се предупредуваат за Расел“.

Тој рече: „Знам дека има комичари кои во шеги се повикуваат на наводните злосторства на Расел и им било побарано или им било кажано повеќе да не ги прават тие шеги“.

Во последниве години, Бренд одново се искреира.. Тој се промовира себеси како велнес гуру на околу 28 милиони следбеници низ социјалните медиуми, поткасти и фестивал во живо. Тој стана познат по тоа што разговараше за теории на заговор, додека нудеше совети за теми како што се врските и зависноста.


Комичарот се ребрендираше во велнес гуру и се појави на неговиот фестивал во јули оваа година

Кон крајот на 2020 година, Алиса, која сега е среќно омажена, контактираше со книжевниот агент на Бренд, Ангхарад Вуд (Angharad Wood) ко-основачот на Тависток Вуд, кој е во сопственост на агенцијата за таленти Кертис Браун. Алис вели дека им кажала на претставниците на Бренд што направил со неа кога имала 16 години, бидејќи се надевала дека тој се променил, барала извинување и- во најмала рака - да знаат каков тип на човек претставуваат. Таа вели дека и́ било кажано дека Бренд е отсутен на велнес одморалиште, но дека ќе добие одговор.

Алис на крајот доби повик- од адвокат кој работеше за Бренд, кој ги негираше нејзините наводи. „Беше многу агресивен. . . рече многу јасно дека сакам само пари и имплицираше дека тоа е речиси уцена што го правам“, вели таа. „Никогаш не сум спомнала пари. [Адвокатот беше] единствената личност што некогаш спомна пари“.

Таа му одговори на адвокатот на Бренд, нагласувајќи дека ја споделува вистината и никогаш не барала пари. „Поминав премногу долго закрепнувајќи од овие дела за да ги отфрлат или да ме заплашат да ги поништат моите искуства“, напиша таа, додавајќи: „Да се ​​подразбира дека постои квантитативна сума што би компензирала за сексуалниот напад е искрено навредливо.

На неговите претставници им требаа речиси три години, за да кажат дека и́ веруваат на Алиса. Откако ги контактиравме минатата недела, Бренд ненадејно беше отстранет од веб-страниците на Кертис Браун и Тависток Вуд: „Расел Бренд категорично и жестоко ги негираше тврдењата изнесени во 2020 година, но сега веруваме дека бевме ужасно заведени од него. Тависток Вуд ги прекина сите професионални врски со Бренд.

Некои имиња се сменети.


bottom of page