WHOREible decisions, pride едиција: сѐ што сте сакале да знаете за лезбејството, и не сте прашале!
top of page

WHOREible decisions, pride едиција: сѐ што сте сакале да знаете за лезбејството, и не сте прашале!



Најрелевантниот секс-позитивен подкаст Whoreible decisions(whore-курва, horrible- ужасно) посветува епизода на прајд месецот со гостување на stud (самопрокламираната) Џејд каде зборуваат за сите работи лезбејки: зошто не сакаат бисексуалки, какви сѐ лезбејки има, сексуална заштита и сексуално пренесливи болести(секако дека се тема!) …но доколку сето ова, звучи помалку на интересна епизода, а повеќе на час по биологија на кој гостува медицинска сестра која држи сексуално воспитување: не може да биде подалеку од вистината!





Менди и Визи почнале со подкастот како хоби додека двете работеле во корпорациска средина(но и со сексуална работа - едната како sugar baby a другата со фетиш фотографии) Менди беше сметководителка, а Визи работеше во телекомуникации… со третирање на различни теми преку отвореност на своите романтични и сексуални животи и секогаш паметно избрани гости (и малку помош од другарите: Шарламејн ги зема во Black Effect подкаст мрежата) првично беа ниш под во црните и браун заедниците а сега подкастот толку им порасна што ја оставија канцелариската работа на страна и се дежурни сексолози на цела една генерација и ги отворија сите табу муабети и од табу ги пренесоа во-ванила, норма, обично секојдневие!





bottom of page