Албекурки со статуа за Breaking Bad антихероите
top of page

Албекурки со статуа за Breaking Bad антихероите



Бронзената статуа - која ја нарача телевизијата Sony Pictures, а не парите на даночните обврзници во Ново Мексико - го доловува Вајт во неговиот став „Хајзенберг“ заедно со неговиот штитеник Пинкман.


„Без сомнение, некои луѓе ќе речат: „Леле, токму она што му требаше на нашиот град.“ И јас го разбирам тоа“, рече Гилиган на церемонијата. „Гледам двајца од најдобрите актери што Америка ги има произведено. Јас ги гледам, во карактерот, како две трагични фигури од животот, предупредувачки приказни“.


На откривањето на екипата на Breaking Bad и се придружи градоначалникот на Албакерки, Тим Келер, кој рече дека статуата е помалку прослава на дилерите на метамфетамин во градот опустошен од зависности и повеќе симбол на растечката филмска и телевизиска индустрија во Ново Мексико, која тој ја нарече „Тамале- дрво“, пишува Асошиетед прес.

bottom of page