top of page

Алек Болдвин повторно обвинет за убиство од небрежност

Големата порота во Новo Мексико го обвини актерот за смртта на кинематографката на филмот „Раст“ (Rust) ,неколкумина  месеци по отфрлањето на првичното обвиниение против него, Алек Болдвин беше обвинет во петокот од големата порота во Новo Мексико за убиство од небрежност, обновувајќи го обвинението за кривичното дело против него за смртта на кинематографката за време на снимањето на филмот „Rust“ пред повеќе од две години кога пиштолот со кој снимаше испука куршум.


ree

Обвинението, кое дојде точно една година по првото обвинение против него, беше последниот чекор на променлива среќа за  Болдвин. Првичниот случај на местниот окружен обвинител се распадна и првичниот обвинителен акт  против Болдвин беше отфрлен во април. Но новиот обвинителски тим, Кари Т. Мориси и Џејсон Џ. Луис, решија да го претстават случајот пред големата порота, која го обвини господинот Болдвин во петокот.Во Ново Мексико, осуда за ненамерно убиство на обвинение како она со што е соочен Болдвин може да значи и до 18 месеци затвор.„Се радуваме за нашите пет минути во судницата“, рекоа адвокатите на господинот Болдвин, Лук Никас и Алекс Спиро, во изјава во петокот. Болдвин - кој и играше и беше продуцент на „Раст“, вестерн - тврдеше дека не е одговорен за смртта на кинематографот, Халина Хатчинс, велејќи дека му рекле дека пиштолот не содржи  куршуми и дека воопшто не требало да има куршуми на сетот. Тој исто така тврдеше дека не го повлекол петлето кога пиштолот се испалил, иако судскиот извештај нарачан од обвинението утврди дека тој морал да го повлече чкрапалото за да се испали, што придонесе за нивната одлука да го обноват кривичното дело.Многу месеци, можноста за ново обвинение висеше над  Болдвин, 65 годишникот кој ретко беше некој кој се притајува.


Додека обвинителите се подготвуваа да го претстават својот случај пред големата порота, актерот се појави изненадно на „Саботна вечер во живо“, и се најде во вестите следејќи ја расправата со демонстратор на про-палестински протест, и често објавуваше на Инстаграм за политиката и неговото семејство. Но имаше знаци дека господинот Болдвин, кој во судските документи рекол дека поради случајот потешко наоѓал актерски ангажман,и  можеби се соочува со финансиски притисоци: Неодамна ја стави неговата куќа од 10.000 квадратни стапки во Хемптонс на пазарот за 19 милиони долари, појавувајќи се во реклама за недвижности за имотот.Големата порота од 12 луѓе се собра да го слуша случајот на Првиот судски округ на Ново Мексико во Санта Фе почнувајќи од четвртокот. Најмалку осум поротници мораа да се согласат дека има веројатна причина за обвинение за судскиот процес одново да започне.


Обвинението за Болдвин се содржи во две различни обвинувања за ненамерно убиство, но може да биде осуден само за едно. Посериозното, кривично дело, го обвинува дека има „целосна незаинтересираност или рамнодушие за безбедноста на другите“, додека другото го обвинува за небрежна употреба на огнострелно оружје.Неколку сведоци сведочеа пред големата порота, според обвинението, вклучувајќи ја Александрија Хенкок, детектив вклучен во првичната истрага; Рос Адиего и Лејн Лупер, членови на екипата на „Раст“; Мариса Попел, техничар на место на злосторство кој работеше на случајот; и Брајан Карпентер, консултант за индустриски пракси околу огнострелните оружја.На денот на стрелањето, 21 октомври 2021 година, продукцијата снимаше крупен кадар на ликот на  Болдвин - груб бегалец наречен Харланд Раст - повлекувајќи старомоден револвер од кожна футрола и покажувајќи кон камерата кога оружјето се испалило. Куршумот ја уби Хатчинс иго рани го режисерот на филмот, Џоел Суза.



ree


По стрелањето, детективите најдоа уште пет живи куршуми на сетот, но службените лица кои ја истражуваа работата никогаш не предложија теорија за тоа како тие завршиле таму.Оружјето на филмот, Хана Гутиерез-Рид, која беше одговорна за оружјето и муницијата на сетот на филмот, исто така се соочува со обвинение за ненамерно убиство. Таа се изјасни за невина и треба да се суди во февруари.Дејв Холс, првиот асистент режисер на филмот, кој беше одговорен за безбедноста на сетот, призна вина за прекршок во случајот, избегнувајќи затвор.


Прашањето беше дали господинот Болдвин дејствуваше со „намерна незаинтересираност“ за безбедноста на другите кога тој го ракуваше оружјето тој ден - иако актерот беше информиран дека пиштолот не содржи  куршуми, и  куршумите беа забранети на сетот.Обвинителите кои првично го решија случајот - Мери Кармак-Алтвис, окружниот обвинител на Санта Фе, и Андреа Риб, адвокатка која беше именувана за специјален обвинител - тврдеа дека тој го направи тоа.Тие го обвинија пред една година, во јануари 2023 година, тврдејќи дека и како актер и како продуцент на филмот, Болдвин има одговорност да осигура дека пиштолот не содржи  куршуми.


Неговиот адвокат и други во филмската индустрија, вклучувајќи ги оружарите и актерите, се спротивставија на тоа, велејќи дека се очекува актерите да им веруваат на професионалците назначени да управуваат со оружјето на сетот. SAG-AFTRA, синдикатот кој ги претставува филмските и ТВ актери, рече во тоа време дека „тврдењето на обвинителот дека актерот има должност да обезбеди функционална и механичка работа на огнострелно оружје на производствен сет е погрешно и неинформирано“ и дека „работата на актерот не е да биде експерт за огнострелни оружја“.


ree

Првичниот случај на обвинителите се распадна поради предизвиците од адвокатите на  Болдвин, кои забележаа дека  тој беше неправилно обвинет под закон кој не постоеше во времето на стрелањето, и дека  Риб неправилно служеше истовремено како специјален обвинител и член на законодавството на Ново Мексико.Откако  Риб се повлече, и судијата одлучи дека окружниот обвинител не може да назначи нов специјален обвинител да работи на случајот без да се повлече сама, г-ѓа Кармак-Алтвис го предаде случајот на нов тим на обвинители, Мориси и Луис.


Тие го отфрлија првичното обвинение против Болдвин откако добија нови докази кои покажуваа дека пиштолот можеби бил модифициран на начин што можел да биде полесно да се истрели без да се повлече спуштачот.Тие го задржаа правото повторно да го обвинат господинот Болдвин откако го испратија пиштолот за понатамошно вештачење. Нов судски извештај напишан од Лусиен Ц. Хаг утврди дека  Болдвин морал да го повлече спуштачот, откривајќи дека на пиштолот му треба 1кг притисок за да се испали.Но за да го изведе испитувањето,  Хаг мораше да ги замени деловите на пиштолот, кои беа оштетени од ФБИ за време на неговата сопствена анализа.


Таа компликација сигурно ќе биде подигната од одбраната на  Болдвин, кои ја нарекоа обновената обвинителска акта „погрешно насочена“.Господинот Болдвин рече дека го повлекол петлето на пиштолот и дека кога го пуштил, без да го повлече спуштачот, оружјето се испалило.„Некој стави куршум во пиштол, куршум кој не требало да биде на сетот“, рече  Болдвин во телевизиско интервју малку повеќе од месец дена по стрелањето. „Некој е ​одговорен за она што се случи, и не можам да кажам кој е тој, но знам дека не сум јас.“Обвинителите продолжуваат да истражуваат како живите куршуми завршиле на сетот на филмот. Минатата година, додека првичниот кривичен случај против него се распадна,  Болдвин помина неколку недели завршувајќи го снимањето на „Раст“, кој продуцентите решија да го завршат како знак на почит кон Хатчинс.


Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page