Бет Гибонс од Portishead со нов сингл "Reaching Out"
top of page

Бет Гибонс од Portishead со нов сингл "Reaching Out"

Бет Гибонс ( Beth Gibbons) , фронтменката на култниот трип-хоп бенд Portishead, го издаде својот нов сингл "Reaching Out", кој е најава за нејзиниот претстоен соло албум "Lives Outgrown".


Синглот беше објавен синоќа, на 10 април, и е втората песна што ја открива од албумот, чиешто издание е закажано за 17 мај преку Domino Record Co.Песната  "Reaching Out" е вистински показател на нејзината способност да спојува електронска музика со мрачни мелодии, истакната преку интензивни перкусии и силни дувачки инструменти.


Во песната, Гибонс пее: "You said you will, you said you won't / You can't tell if you don't / You stand alone on your own / Reaching out / Holding On".




Бет Гибонс соработуваше со визуелниот уметник Weirdcore за креирање на две верзии на музичкиот спот - стандардна и интерактивна, кои можат да се погледнат онлајн. Стандардната ви ја приложуваме, како што можете да видите, а интеркативната моете да ја најдете овде.


Новиот албум "Lives Outgrown" е нејзин прв соло проект од издвојувањето од Portishead и содржи 10 нови песни, снимени во текот на последните 10 години. Продукцијата на албумот е во рацете на Џејмс Форд (Arctic Monkeys, Depeche Mode, The Last Dinner Party) и на самата Гибонс, со дополнителна продукција од Ли Харис (Talk Talk).



Бет Гибонс е англиска пејачка и текстописец, најпозната како водечкиот вокал на Portishead, бендот кој игра значајна улога во развојот на трип-хоп жанрот во раните '90-ти. Родена е на 4 јануари 1965 година во Ексетер, Англија. Со својот препознатлив и емоционален глас, Бет Гибонс и Portishead го издадоа својот прв албум "Dummy" во 1994 година, кој стана култен и освои наградата Mercury Prize. Покрај нејзината работа со Portishead, Гибонс соработуваше и на други музички проекти, вклучително и со Рустин Ман на албумот "Out of Season" во 2002 година. "Lives Outgrown" е нејзиниот долгоочекуван соло албум кој претставува ново поглавје во нејзината кариера.


bottom of page