top of page

Кога две кралици на рапот се судираат(повторно!): што се случува во најновиот конфликт меѓу Cardi B и Nicki Minaj

Албум, егото и интернетот: старото ривалство меѓу Cardi B и Nicki Minaj повторно се претвори во јавен спектакл.

ree

Војната меѓу двете најгласни имиња на женскиот рап Cardi B и Nicki Minaj, повторно се разгори на социјалните мрежи. Поводот е новиот албум на Cardi, „Am I the Drama?“, кој за кратко време се искачи на врвот на топ-листите, но и предизвика низа јавни навреди и обвинувања.



Кој е кој во оваа приказна?

ree

Ники Минаж( Nicki Minaж, вистинско име Оника Тања Мараж - Пети( Onika Tanya Maraj-Petty) е една од највлијателните раперки и пејачки-авторки на сите времиња. Од нејзините микстејпови на почетокот на 2000-тите до светските турнеи и првите места на топ-листите, Minaj го смени пејзажот на хип-хопот, отворајќи пат за жени во жанр што со децении беше машка територија.

ree

Cardi B (вистинско име Белкалис Марленис Алманазар (Belcalis Marlenis Almánzar)) е, пак, современата суперѕвезда на новата генерација. Од појавувањето во реалното шоу Love & Hip Hop: New York до нејзиниот Греми за најдобар рап албум како првата соло-рап артистка во историјата што ја добила таа награда , Cardi се изгради како симбол на искреност, урбана енергија и дигитална автентичност.


Нивната меѓусебна нетрпеливост се претвори во јавен конфликт во септември 2018 година, за време на настанот на Harper’s Bazaar на Њујоршката модна недела. Според сведоци, двете влегле во расправија што завршила со физичка пресметка, при што Cardi фрлила чевел кон член од екипата на Nicki.

Ситуацијата се разгори повторно во септември 2025 година, кога Cardi го објави својот втор студиски албум Am I the Drama? – кој веднаш дебитираше на првото место на Billboard 200.


Неколку дена подоцна, Nicki објави дека нејзиниот шести албум ќе излезе во март 2026, а потоа, во низа сега избришани објави , ја исмеа Cardi поради промотивната цена од $4.99, пишувајќи твит: „Barney Dangerous“ и објавувајќи римувани пародии на стихови од песната “Magnet.”.


ree

Nicki Minaj прва ја провоцираше Cardi со серија објави во кои го исмеваше успехот на албумот, сугерирајќи дека продажбите се „вештачки зголемени“. Со твитот „$4.99“, Minaj алудираше дека албумот се продава евтино само за да стигне до број 1. Таа потоа го измени текстот од својата песна “Magnet”, додавајќи стихови насочени против Cardi.

Cardi возврати со видеа и твитови во кои ја нарече Nicki „Cocaine Barbie“ и ја обвини дека со години живее во „фантазија“.


Од музика кон семејни навреди


ree

До крајот на септември, преписката доби злокобен тон. Двете ја преминаа границата на музичката препирка нападите станаа лични, а во расправијата беа вклучени и членовите на нивните семејства.

Ники напиша навреди со расистички и деградирачки термини:

„Kulture vulture“ (игра на зборови со името на ќерката на Cardi, Kulture), „Твоите мајмуни и бубашваби“


ree

Nicki ѝ се извини на ќерката на Cardi, Kulture, но продолжи со саркастични коментари;

ree

Cardi, пак, возврати со навреди насочени кон синот на Nicki, познат како Papa Bear, нарекувајќи го Папа Перк(Перкосет, апчиња опијати) и ја обвини Nicki за неговиот наводен аутизам, и рече дека педофилијата е во неговата крв.


„Твоето дете не зборува затоа што си го оштетила со дроги.“; „Оди на терапија, го губиш умот.“ Сето ова напишано во стилот на Meet the Grahams на Кендрик Ламар.

ree

Иако ова не е првпат нивниот судир да ја заземе целата сцена( уште од 2018 наваму тие со години одржуваат отворен антагонизам ) последната епизода покажува колку интернетот ја претвори поп-културата во арена на лични напади, мемиња и брз морален суд.

ree

Зошто е ова толку големо прашање?



Во американската музичка култура, ваквите „beef“-ови (јавни конфликти меѓу артисти) се речиси традиција : дел од уличниот код на хип-хопот, каде што борбата за респект и престиж е исто толку важна колку и музиката. Но, кога во центарот се жени кои се пробиле во машка индустрија, динамиката добива и феминистичка и медиумска димензија: јавноста често ги суди построго, а медиумите ја потхрануваат приказната како спектакл.


Nicki и Cardi одамна не се само раперки тие се икони на различни генерации и енергии:


Nicki е контрола, стратегија и естетска ексцентричност. Cardi е хаос, искреност и суров шарм од улицата.


Засега, двете страни не покажуваат намера да се смират. Иако двете жени се мајки, Карди е бремена, успешни бизнис-диви и пример за финансиска независност, нивниот конфликт стана огледало на цела индустрија која ја користи драмата како маркетинг. Иако не веруваме дека Минаж имаше намера да го рекламира албумот на Карди - сепак го направи токму тоа.

Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page