top of page

💔🎶 Лили Ален ја испеа болката – и ја повика „Madeline“ на сцена

Се вика „Madeline“ – песната, не љубовницата. Иако, како што излегува, и едната и другата постојат. Новиот албум на Лили Ален, West End Girl, кој пристигна минатиот петок по седум години пауза, не е само музичко враќање, туку и емоционална јавна исповед со клавир и цинизам.

ree

Откако нејзиниот брак со актерот Дејвид Харбор (да, оној од Stranger Things) заврши во насловите поради наводна афера, една жена – Натали Типет – реши да „излезе од песната“ и да потврди дека да, била таа. Или барем една од тие.


Лили, во „Madeline“, прашува:


“How long has it been going on? Is it just sex or is there emotion?”

(„Колку долго трае ова?

Дали е само секс или има таму емоции?“)


А Натали, сега со дете и „нешта што треба да ги заштити“, вели дека и не ѝ е баш до медиско внимание. Разбирливо. Но јавноста веќе го има саундтракот за целата драма.

Играта меѓу реалност и рефрен ни нуди една стара поука со нов ритам: ако ќе го изневеруваш некого кој пишува песни – барем не некого кој пишува песни толку добро.


На крај, West End Girl не е само албум за раскинување, туку и доказ дека болката може да се монетизира со мелодија и BMG-договор. Како што би рекла самата Лили – „No Shame“, навистина.

Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page