top of page

👶🏿👶🏿 Мајкл Блексон со две бебиња од различни мајки во ист месец

Афро-американскиот комичар и актер повторно стана вест овојпат за ненадејната семејна експанзија.

ree

Во ерата кога славата се мери во искреност по Instagram stories, Мајкл Блексон повторно го освои интернетот со две новороденчиња. И двете се негови. И двете родени во рок од два месеци. Од различни мајки.

Најпрво, неговата свршеница Рада го роди синот Мајки во јуни.

Два месеца подоцна, „пријателка што ја познавал повеќе од пет години“ го родила Кинг Квеку Блексон.

Веста ја потврди самиот преку Инста :


„Добар ден до моето семејство, пријатели и фанови.
Во последните неколку месеци Бог ме благослови, но со благословот дојде и многу болка.
Два месеца откако Рада го роди малечкиот Мајки, една пријателка која ја познавам повеќе од пет години, исто така го роди мојот син Кинг Квеку Блексон.
Моите две момчиња ми донесоа огромна радост во животот, но истовремено ме натераа да ја изгубам мојата вереница Рада.
Мајки е роден во вторник, на 17 јуни 2025, а Квеку на 6 август 2025.
Се извинувам што толку долго молчев едноставно не знаев како да го направам тоа. Моите постари близнаци, кои сега имаат 18 години, дознаа дури синоќа, а дури ни мајка ми сè уште не знае.
Се извинувам на Рада и се надевам дека ќе ми прости за болката што ѝ ја нанесов.
Ќе бидам таткото со најмногу љубов на светот.
И за да избегнам да станам новиот Ник Кенон или Илон Маск, отсега ќе излегувам само со жени кои веќе не добиваат менструација или имале хисторектомија.“
ree

Рада, пак, не остана должна. На својот профил напиша:


„Обично не реагирам, но да се согласиме: тоа беше најпатетичниот пост или извинување што сум го видела.

Одам во мир, водена од Божјата милост. Мојата енергија ѝ припаѓа на мојата четиримесечна бебешка душа, не на негативноста.


Луѓето постојано ми велат дека им е срам за мене, или дека ова веќе станува понижувачки… но за мене, кога љубовта оди толку длабоко, престануваш да го гледаш мажот и почнуваш да го гледаш момчето кое само сакало да биде сакано – и токму тоа те крши.


Јас не само што љубев, туку и разбрав – болката, невиноста, детето во него.

Со тоа речено, ја прифаќам целата одговорност што останав во циркусот предолго.


Неговиот тип никогаш не бев јас, затоа што сум вистинска жена.

Ова се случува кога си позади маж 100 %.“


Интернетот, пак, доби уште една епизода од омиленото реалити шоу:

„Како да останеш релевантен без да објавиш нов материјал – роди две деца одеднаш.“


Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page