top of page

Мемињата кои се реакција на случајот Титан го одразуваат „изеди ги богатите“ сентиментот



Првично на Твитер а потоа и мејнстрим медиумите се сретнаа со огромниот наплив на мемиња, коментари, видеа (а тие реакција на ситуацијата со потопното пловило Титан) па го искажаа својот шок и згрозување што јавноста, или огромен дел од нејзе, се исмејува на губење на пет животи во трагича несреќа.

NBC кажаа „Џесика Мирик, професорка на Државниот универзитет во Пенсилванија која ја проучува психологијата на употребата на медиумите, сугерираше дека реакцијата на исчезнатото потопно пловило може да биде поттикната од скандалот или злорадоста добиена од болката на несакана личност или група.


„Го чувствуваме уште посилно кога мислиме дека луѓето кои се вклучени го заслужиле она што го добиле“која ко-напишала студија од 2021 година за мемињата поврзани со Ковид,нѝ кажа во е-пошта.“


Но како деталите и информациите испливуваа на површина (кхм), не беше возможно да се изреагира никако поинаку:

Титан турата за гледање на бродот Титаник чинела по 250 000 долари од човек. Била контролирана со плејстејшн управувач, компанијата отворено ги занемарувала сигурносните препораки за да заштеди пари и време, и вработувале жени на сметка на „бели мажи во 50те години“ да ги задоволат квотите на диверзитет.

И како шлаг на сето ова, не беше фактот што синот на британскиот милијардер беше на концерт додека неговиот очув беше исчезнат - и отворено комуницираше со жени на Онлифенс - туку фактот дека во Грција потона брод со мигранти - кој не доби ниту фракција од вниманието и напорите за спасување.


Што се случи со подморницата Титан и што доведе до трагедијата?

Подморницата Титан беше дел од туристичка обиколка на потонатиот брод Титаник, кој лежи на дното на Северниот Атлантик на длабочина од околу 4.000 метри. Подморницата имаше место за пет патници и еден капетан, и беше опремена со систем за одржување на живот за 96 часа.


Во јуни 2023 година, подморницата тргна во својата прва подводна авантура, но по само два часа контактот со придружниот матичен брод Полар принц бил прекинат и оттогаш нема никаква трага од неа додека не беше најдена од Одисеј 6. Подморницата Титан е мини-пловило со место за пет лица, кое може да нурка до 4.000 метри под водата. Таа е сопственост на американската компанија OceanGate Expeditions, која организира специјални тури за истражување на подводниот свет .


Се верува дека трупот на Титан се урнал во неделата како резултат на огромниот притисок на водата.


Подлогата е изградена за да издржи таков притисок.

Се верува дека Титан бил на 3.500 метри под нивото на морето кога се изгубил контактот.

пловилото отишло толку длабоко што количината на вода на него би била еднаква на тежината на Ајфеловата кула, десетици илјади тони.






bottom of page